26.12.2012, 13:08 Во домашната економија се враќаат 139 милиони евра
Министерството за финансии по основ на доспеани државни хартии од вредност денеска врати во стопанството 1.505 милиони денари (25 милиони евра).
Оваа пракса, соопштија од Министерството за финансии, ќе продолжи и во првиот месец од следната година, кога по основ на доспеани записи ќе исплати во стопанството 7 милијарди денари (114 милиони евра).
- Средствата кои се прибираат во буџетот со издавање на државни хартии од вредност се враќаат повторно во економијата со исплатата на оние кои ги купиле записите или директно со исплати на државата на фирмите за поврат на ДДВ, за субвенции на земјоделците, за плаќање на градежните фирми за извршени работи, за изградба на училишта, болници итн, се појаснува во соопштението.
Меѓународните институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд оддадоа признание на фискалните политики на Република Македонија во оваа сфера оценувајки ја како ниско задолжена земја.
|