25.12.2012, 15:54 Штрајкот на лекарите во мирување
По речиси месец и половина штрајкување, лекарите од утре ќе се вратат на својата редовна медицинска пракса. Да се стави во мирување штрајкот, дојде по денешната втора по ред средба на која синдикалците постигнаа компромис со министерот за здравство Никола Тодоров околу спорниот модел на плаќање според сработеното. Што конкретно се договориле, не сакаат да обелоденат ни штрајкувалите ни министерот. До крајот на неделава Синдикатот со Министерството за здравство треба да потпишат анекс на колективниот договор со кој ќе се регулираат сите детали околу платата по успешност.
„Ќе се направат корекции во бодовниците за успешност, за квалитет ефиканост, се со цел да се избегне неправдата. Секоја установа ќе мора да назначи и лице администратор кој ќе треба да венесува што се сработиле лекарите„, изјави по средбата министерот за здравство Никола Тодоров кој не сакаше да открие за кој елементи нашле заеднички јазик со синдикалците, се додека не се потпише анекс на колективнито договор.
Детали од компримисот не сакаше обелодени ни лидерот на Клиничкиот сидникат Дејан Ставриќ. „Прифатени се многу забелешки за моделот вклучувајќи ги и коефицентите за мерење на квалитет на работата. Се договоривме декемвриската плата да се исплати цела, без да се пресметува сработеното“, изјкави Ставриќ.(Ј.Ј.В) |