26.12.2012, 14:42 Првиот црногорски пиштол извезен во Парагвај
Компанијата „Тара“ го извезе првиот контингент со пиштоли од црногорско производство ТМ 9 во Парагвај, за потребите на тамошните полициските сили.
Сериското производство на првиот црногорски пиштол МТ 9 почна во ноември, а дотогаш компанијата имаше потпишано три договори за извоз.
Вториот контингент црногорски пиштоли, до Нова година или во првата недела од јануари ќе биде извезен за Филипини.
Прототипот на пиштолот ТМ 9 официјално беше претставен на 5 октомври минатата година. |