26.12.2012, 12:03 Виндоус 8 достапен и на македонски јазик
Нови понуди, апликации и широк спектар на опции за хардвер се неколку од можностите што ги нуди Виндоус 8 на своите клиенти. Виндоус 8, Мајкрософт, го презентираше за своите клиенти во целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Достапен ќе биде на повеќе од 140 пазари и адаптиран на 37 јазици, меѓу кои и на македонски.
На своите клинети со новиот производ, кој според нив е револуционерен, нуди нов кориснички интерфејс, широк спектар апликации од Виндоус оперативниот систем, достапен на повеќе од 1.000 Виндоус 8 сертифицирани модели компјутери и таблети.
Со лансирањето на Виндоус 8, Мајкрософт го отвора прозорецот кон светот, воопшто, за таблети или персонални компјутери, без разлика дали корисникот има потреба од креирање, работа или забава - Виндоус 8 обезбедува можности кои одговараат на секој личен стил и потреби.
Виндоус 8 ќе биде достапен во две верзии во продажбата на мало Виндоус 8 и Виндоус 8 ПРО. За сите деловни корисници конфигуриран е Виндоус 8 Ентерпрајз, кој нуди нови можности во мобилното работење, како и подобрена енд – то – енд безбедност на функции. Во исто време, претставен е новиот член на семејството од Виндоус дизајниран за АРМ-базирани таблети.
Една од главните карактеристики на Виндоус 8 е новиот брз и лесен почетен екран кој им овозможува на корисниците оне клин пристап до апликациите, како и содржина која за нив е најважна - со сосема нов Интернет Експлорер 10, кој е совршен за тач и има вграден СкајДраив.
|