25.12.2012, 20:30 (ФОТО) Опозицијата го блокираше „Рекорд"
Вечерва од 18 до 18.30 часот, коалицијата „Сојуз за иднина“ низ градовите организираше блокади на главните сообраќајници
ФОТО: Петр Стојановски
Со блокадата во Скопје, половина час беше блокирана крстосницата пред „Рекорд“, а повеќе од 2.000 граѓани го запреа сообраќајот во тоа време. На блокадите беше целото раководство на СДСМ и на коалицијата „Сојуз за иднина“.
Оваа форма на протест масовно беше поддржана и од струмичани, а блокади се одржаа во исто време и во другите градови. Во Охрид вечерва беше блокирана една од главните крстосници во градот, како протест против „тоталитарната власт и диктатура“.
Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, истакна дека ова е одговор на опозицијата после вчерашниот кобен ден. Тој напомена дека отпорот што ја зафати цела Македонија ќе продолжи со разни активности, од кои за некои јавноста ќе биде запознаена, а некои ќе се случуваат и без најава.
|