Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
24.12.2012, 15:57

Опозицијата го напушти парламентот и излезе на улица



Неколкумина пратеници од опозицијата се повредени во турканиците што се случуваа околу парламентарната говорница

ФОТО: Киро Попов

Ма­ке­дон­ски­от парламент го преживеа денеска можеби најнапрегнатиот и нај­ха­о­ти­чен ден во својата 22-годишна плурална историја. Буџетот, за кој со не­де­ли се водеше жестока дебата во собраниските комисии, беше донесен денеска, по што координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, об­ја­ви дека опозицијата го напушта законодавниот дом и дека веќе не го приз­на­ва овој парламент.

„Во парламент веќе нема враќање, парламент веќе нема. Овој парламент веќе не го признаваме. Победа ќе извојуваме како партизаните во 1945“, рече Ива­нов­ски откако опозиционерите го напуштија Собранието и им се приклучија на протестантите на улица.

Пра­те­ни­ци­те од мнозинството го изгласаа буџетот откако собраниското обез­бе­ду­ва­ње ги исфрли од собраниската сала нивните колеги од опозицијата, кои прет­ход­но неколку часа ја „окупираа“ говорницата, која ја покрија со ма­ке­дон­ско­то знаме, во обид да го спречат донесувањето на фискалниот план за 2013 го­ди­на, кој Владата го усвои претходната вечер иако тој не ги помина ко­ми­сис­ки­те филтри во парламентот. Неколкумина пратеници од опо­зи­ци­ја­та се повредени во турканиците што се случуваа околу парламентарната го­вор­ни­ца. Тројца од нив биле задржани во болница.

Соб­ра­нис­ки­от ден почна со кошкања меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, продолжи со евакуација на спикерот Трајко Вељаноски од пар­ла­мен­тар­на­та сала и со бркање на новинарите од галеријата, а кулминираше со ин­тер­вен­ци­ја на засиленото полициско обезбедување во парламентот кое ги изнесе од салата опозициските пратеници. По сите овие случувања, пратениците од мно­зинс­тво­то го донесоа буџетот, а чинот беше поздравен со аплауз.

Опо­зи­ци­о­не­ри­те кои ја поминале претходната ноќ во своите канцеларии во пар­ла­мен­тот утрото решиле да испратат свои претставници на по­не­дел­нич­ка­та координација кај Вељаноски. Потпретседателот на Собранието, Јани Мак­ра­ду­ли, и координаторот на пратеничката група на НСДП, Горан Мисовски, ја на­пуш­ти­ле координацијата откако го предупредиле Вељаноски дека тој ќе би­де најодговорен ако се случи судир меѓу граѓаните и откако не го успеале да го убедат да се откаже од итното донесувањето на буџетот.

По­тоа пратениците од опозицијата, кои тврдеа дека вчера не добиле картици за да можат да учествуваат на пленарната се��ница, застанаа пред главната вра­та на собраниската сала, во обид да ги спречат колегите од мнозинството да влезат во просторијата. Кога тие, сепак, успеаја да влезат преку споредните вле­зо­ви, опозицијата се втурна кон говорницата, при што интервенираше обез­бе­ду­ва­ње­то кое го изнесе Вељаноски надвор од салата. Во турканицата беа повредени пратеничките на СДСМ Весна Бендевска и Билјана Казанџиска, кои прво беа префрлени во собраниската амбуланта, а потоа и во болница.

По неколку часа, петнаесетина припадници на обезбедувањето беа ан­га­жи­ра­ни на отстранување на новинарските екипи од галеријата, од каде што тие ги сле­деа случувањата во салата. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој, ис­то така, беше истуркан од салата, изјави дека ова е неодговорно однесување на власта и нејзин обид да се пресмета со новинарите. „Со овој чин е ис­пра­те­на во светот вистинската слика за Македонија. Ова е вистината за Ма­ке­до­ни­ја. Но, знам дека тие што сакаат да се пресметаат со новинарите на крај за­вр­шу­ва­ат неславно“, рече Селмани.

Са­мос­тој­ни­от синдикат на новинарите реагира дека исфрлањето  на но­ви­нар­ски­те екипи од парламентот, во момент кога таму се случува настан од ин­те­рес на јавноста, е досега непознат преседан за новинарската професија.

След­ни­от чекор беше „ослободување“ на говорницата од пратениците на опо­зи­ци­ја­та. Во турканицата што се создала тогаш се повредени пратеничките Ма­ри­не­ла Тушева и Радмила Шекеринска, која колегите на раце ја изнесоа од са­ла­та. Пратеникот Митре Вељаноски, пак, колабираше.

За случајот со бремената пратеничка Тушева, координаторот на пратеничката гру­па на СДСМ, Игор Ивановски, најави кривична пријава против, како што ве­ли, познат сторител, поради загрозување на два живота.

От­ка­ко опозицијата беше истуркана од говорницата и од салата, пратениците од мнозинството го донесоа буџетот со 65 гласа „за“ и четири „против“. (А.М.М.)

Ре­ак­ци­ја на Вељаноски

На денешната координација, како што соопштија од Кабинетот на прет­се­да­те­лот на Собранието, присуствувале Трајко Вељаноски, пот­прет­се­да­те­ли­те и координаторите на пратеничките групи, но не и координаторот на СДСМ, Игор Ивановски.

Од Кабинетот на Вељаноски соопштија дека координаторот на СДСМ, со неп­ри­сус­тво­то на координацијата, покажува непочитување на член 24 од За­ко­нот за Собранието, во кој е предвиден политичкиот дијалог во пар­ла­мен­тот. Очигледно е оти неговото учество на координативните средби минатата не­де­ла, како координатор на најголемата опозициска партија во Собранието, би­ло наменско: преку ултиматум и уцена да се добие алиби за пре­диз­ви­ку­ва­ње хаос, непочитување на институциите и злоупотреба на граѓаните и ули­ца­та за своите теснопартиски сценарија и интереси“, се наведува во со­оп­ште­ни­е­то на Вељаноски. (П.Р.)



Статијата е прочитана 11596 пати.


Испрати коментар



На Табановце запленети 1,7 килограми хероин
Опозицијата наместо во Советот, поставуваше прашања пред Прометеј
Иванов даде помилување на 51 осудено лице
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Попоски - Бојкотот на опозицијата e штетен за државата
Заминувањето на Асад не е услов за отпочнување на дијалогот
Шутановац доби кривична пријава
ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог
Класичните светилки заминуваат во историјата
Жена загина во сообраќајќа на излезот од Охрид
Израел гради нов ѕид на границата со Сирија
Иванов ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело
УЈП
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Од два стана украден златен накит
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Мирекс плус е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
Македонски државјанин загина кај Лесковац
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
Окрупнување на земјиштето за поконкурентно земјоделство
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Пензионерите од Центар го осудија нападот на синоќешната блокада
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите
Првиот црногорски пиштол извезен во Парагвај
Поедноставено до дозволи за транспорт
Индонезија и Мексико нови економски сили за 40 години
Во домашната економија се враќаат 139 милиони евра
Сливот на Охридско Езеро порибен со 6.000 парчиња пастрмка
Светот пие се повеќе пиво
Нов закон за договор во патниот сообраќај
Шинзо Абе е новиот јапонски премиер
Нимиц ќе донесе нови идеи
Виндоус 8 достапен и на македонски јазик
Египет доби нов устав, Морси на тест
Во Кина стартуваше најголемата брза железница во светот
(ФОТО) Опозицијата го блокираше „Рекорд"
Груевски - Бранко е како Гадафи
Грција шокирана од „бокс-демократијата“ во Македонија
МВР - Пратеници од опозицијата ги почнаа инцидентите
Груевски - Жалам за незгодната ситуација со новинарите
Штрајкот на лекарите во мирување
Пократка постапка, но построги критериуми за инвалидска пензија
ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите
Црвенковски - СДСМ ќе организира граѓанска непослушност
ВМРО-НП - Се случија преседани, кои се реткост во светската демократија
Хелсиншки комитет ги осудува случувањата во Собранието
ДУИ апелира да се намалат тензиите
Новогодишен карван на Фондација „Т-мобиле“
Притвор од 30 дена за „командант Коки“
Нови пријави во акцијата „Керозин“
Избрани најдобрите трговци за 2012 година
Избрани четири нови врховни судии
Божикна честитка од Груевски до католичките верници
Граѓаните незадоволни од доцнењето на поштенските пратки
Иванов - Вчерашните настани никогаш да не се повторат
(ФОТО) Илјадници христијани во Витлеем го дочекаа Божик
На дел од патиштата одрони и голомразица
Свечена литургија во Католичката црква во Скопје по повод Божик
Виена најуспешен главен град на светот
Двајца пожарникари убиени во Њујорк додека гаснеле пожар
Израел гради нови 1.200 домови во источен Ерусалим
Шпанскиот крал повика на единство против кризата
Се слави Божик по Грегоријанскиот календар
Премиерот Груевски и се обрати на нацијата
Мнозинството го изгласа буџетот
Полицијата го приведе командант Коки
(ВИДЕО+ФОТО) Инциденти и пред и во Собранието
(ФОТО) Блокада на опозицијата на автопатот Велес – Скопје
Опозициските лидери пред Собранието, драмата се претвора во криза



ebivetar, 24.12.2012 16:47:57
Со кој акл , бремена жена поважно и е политиката и власта од сопствената рожба . Што мисли Селмани дека тој е новинарството во Македонија? Вмровците ли се втурнаа кон говорницата или сдсмовците па сега се жалат оти биле повредени. Не успеаја да направат граѓанска војна , што е сега на ред...
Stojko, 24.12.2012 17:01:16
Ете драги гледачи, толку од демократија.
eks-sdsmovec, 24.12.2012 17:32:23
i nie od tat izlegovme na ulica,se tresese bitola se rodi oktopodot,i go krkavme dva pati ednas so sonja,pa posle so nikola popovski se vo rezija na bc.
EU, 24.12.2012 17:48:04
Koga Avganistan ke postane demokratska zemja, togas i mk ke vleze vo EU!.
mene, 24.12.2012 18:07:49
sto ne go izglasaa vaka zakonot za branitelite
Постапките водат кон граѓански судири и крај на овој СДС, 24.12.2012 19:53:16
Вашите постапки ќе доведат до граѓански судири. Имаше таков денес. Лично јас напишав ваков коментар кога видов дека прво Фронт на народот имаше закажано во 12 пред Собрание а СДС по извесно време исто закажа во исто време и место. Нека ви биде последен обид ова денес ако сакате делумен спас. Власт можете да добиете само од народот на избори. А јас сум народот. А ако сакате да победите треба да ме убедите. Ама знаете дека на избори народот нема да ви даде подршка штом вака постапувате. Предвидувам крај на овој и ваков СДС. Во овој искрен допис знајте дека иднина ми е македонското име вечно наместо интеграции со разнишана идентитетска основа. Ваквото мое мислење е спротивно со мислењето на ваши многумина, на пример Нано Бишевац и други. Затоа нема да победите по нормален пат. Јас, народот македонски, несакам да победите.
riki, 24.12.2012 20:20:55
ne e ova fatamorgana nego vistina i koja se slucuva vo nasata zemja.vo nasiot glaven grad.prosto da ne veruvam.elitni i nagotovsmobilizirani policajci so kucinja i neznam sto uste ne.ovaa e chile so pinoce,argentina so huntata a uste podobra sporedba-severna koreja.sega KONECNO gledam kako e vladeal i kako vladee GRUEVSKI.vistinski vo prava smisla na zborot-diktator.skrien talent.sega mozeme a i ima prostor za sporedba megu gruevski i branko crvenkovski.definitivno demokratijata kaj nas stoji samo vo ustavot,vo praksa-ne.ke go MOLAM gruevski da ne zboruva od imeto na narodot,bidejki i jas sum del od narodot.a so negovata politika voopsto ne se slagam.za kogo sum glasal!?nikoj pat poveke..
девичанецот, 24.12.2012 22:05:15
Очигледно, после сите овие тортури што ги правеше опозицијата во Собранието, на крај и самата си увиде дека нејзе правото место и било на улица.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Магла

Четврток
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Златниот бизнис на Швајцарија
Четири од најголемите рафинерии за злато во светот се наоѓаат во Швајцарија, каде што се прочистуваат и две третини од з...
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-про...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |