26.12.2012, 13:32 Челзи се откажа од Фалкао и се сврте кон Вилја
Шпанскиот репрезентативец се поретко е меѓу стартерите на каталонскиот гигант, па тука Челзи ја гледа шансата за можен трансфер
Екипата на Челзи не планира да се откаже од намерата да купи квалитетен напаѓач во јануарскиот преоден рок. Веќе неколку месеци се шпекулираше дека во најскоро време во Лондон ќе се пресели голгетерот на Атлетико Мадрид Радамел Фалкао, но сега се поизвесно е дека нема да има ништо од овој трансфер.
Англискиот премиерлигаш кој заостанува 11 бода зад лидерот во првенството Манчестер јунајтед, сега се насочи кон напаѓачот на Барселона Давид Виља. Шпанскиот репрезентативец се поретко е меѓу стартерите на каталонскиот гигант, па тука Челзи ја гледа шансата за можен трансфер. Дополнителна шанса дека Виља може да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ е фактот дека од неодамна на клупата на лондончани седна шпанскиот стратег Рафаел Бенитез. Покрај Бенитез на клупата, во нападот на актуелниот европски пампион прва опција е репрезентативецот на „црвената фурија“, Фернандо Торес. Виља и Торес многу добро се познаваат од репрезентативниот дрес и би можеле да бидат одличен тандем во англиското првенство. Се шпекулира дека Челзи на Виља ќе му понуди неделна плата од 110.000 фунти.
Од Барселона засега не сакаат да се откажат од Виља, па спортскиот директор Андони Зубизарета неодамна демантираше дека напаѓачот ќе го напушти каталонскиот гигант.
|