23.12.2012, 15:51 Хунтлер останува во Шалке
Клас Јан Хунтлер останува во тимот на Шалке. Холандскиот репрезентативец којшто има уште шест месеци од претходниот договор одлучи да ја продолжи соработката со германскиот клуб и покрај тоа што во меѓувреме Арсенал и уште неколку клуба беа сериозно заинтересирани за неговите услуги.
Новиот договор на Хунтлер со Шалке истекува во јуни 2016 година.
„Преговорите траеја долго, им благодарам на челниците на Шалке што имаа трпение со мене, да почекаат да донесам одлука.Секогаш се чувствував прекрасно во Шалке, уживав во поддршката на навивачите и мило ми е што ќе бидеме заедно уште најмалку две и пол години“, изјави Хунтелар. |