Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
24.12.2012, 13:48
Челзи ја потопи Астон Вила



Погодувајќи еднаш во победата од 8:0 Лампард стана нов клупски рекордер со 130 погодоци

Френк Лампард стана најефикасниот стрелец на Челзи во највисокиот фудбалски ранг во Англија за време на шокантната победа од 8:0 против немоќниот состав на Астон Вила на „Стемфорд бриџ“. Сите можни рекорди паднаа во попладнето што долго ќе го памети младиот тим на Вила, кој го претрпе најтешкиот пораз на клубот во сите овие години на играње во англиската елита. Дебаклот од 7:1 кај Челзи во март 2010 година беше меѓу досега највисоките.

Лампард стана рекордер на Челзи со 130 гола за клубот во највисокиот ранг на натпреварување, престигнувајќи го Боби Темблинг (129). Капитенот погоди во својот 500. настап во Премиер-лигата, постигнувајќи го својот 100. премиерлигашки гол во Лондон. Само Тиери Анри (133) има постигнато повеќе голови во престолнината.

Уште шестмина се запишаа во листата на стрелците, што е уште еден рекорд во Премиер-лигата. Фернандо Торес (3. минута), Давид Луиз (29.), Бранислав Ивановиќ (34.), Лампард (59.), Рамиреш (75. и 89.), Оскар (79. од пенал) и Азар (83.) го торпедираа младиот состав на Пол Ламберт, кој само пред една седмица славеше со 3:1 во Ливерпул.

Резервниот играч на Челзи, Лукас Пјазон, го замени Хуан Мата во 74. минута и во финишот изведе пенал, но Бред Гузан му го одбрани неколку минути пред Рамиреш да стави точка на голеадата. Гузан веројатно беше виновен за голот на Рамиреш, но голманот на Астон Вила е заслужен што тимот на Рафаел Бенитез не оствари двоцифрена победа, со оглед на тоа што неговите играчи „кампува“ на гостинската половина.

Куриозитет е дека не беше покажан ниту еден картон на натпреварот. Покрај покажаното од Гузман, Вила имаше неколку позитивни нешта во кошмарното попладне, во кое Кристијан Бентеке потроши поголем дел од мечот во офсајд. Голманот на Челзи, Петр Чех, го насочи ударот на Андреас Вајман во гредата и преку голот, но тоа беше се' од гостите, чија серија од пет средби без пораз беше брутално прекината од „сините“.

Челзи е трет на табелата, со три бода повеќе од Арсенал, а Астон Вила е 16. и има три поена повеќе од Саутемптон.







Статијата е прочитана 422 пати.


Испрати коментар



Тестови со Грција и со Шпанија пред Евробаскет
Челзи се откажа од Фалкао и се сврте кон Вилја
Роналдо за 145 милиони евра во Манчестер јунајтед?
Хорнер го фали „херојскиот дух“ на Ред бул
Мајами божикно разиграни
Илиевски на местото на Бабунски?
Реал бара голман за следната сезона?
Снајдер ги договори личните услови со Тотенхем
На Кубица му недостасува Формула 1
Леброн се прости од забивањето
Кире Лазаров од утре во Пореч
Надал не очекува да биде фит пред март
Лион и ПСЖ со по три гола до нови три бода
Новицки се врати, Далас декласиран
Фергусон
Гечевски со тројка му пресуди на Широки
Хунтлер останува во Шалке
Пораз на Металург од Подравка
Лазаров остана без трофејот, моќна Барса
Кожуф е лидер на полусезоната
Попов асистираше за триумф на ВБА
Фернандез за посилен Вардар
Хекинг преминува во Волфсбург
Неш се врати за победа на Лејкерси
Уште една победа на Лацио за второ место во Серија А
Втор пораз на Њујорк на домашен терен
И Андреева објави повлекување
Виланова успешно опериран
Ферари го претпочита Фетел пред Хамилтон
Червар трогнат со македонскиот пасош
Заврши победничката серија на Оклахома Сити
(ФОТО) Цибона „расчистена“, на ред е Широки
Барселона ќе го чека Виланова
Задар го доби „трилерот“ со Партизан
Пандев и Наполи против Плзен
Клиперси го потврдија рекордот, Тандерси незапириливи
Реал Мадрид против Манчестер јунајтед!
Стојановиќ поуспешен од Пандев
Македонија официјално на 81. место
МЗТ со стапица за гладните „волци“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (37)
Власта никогаш не е доволна.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-про...
Интервју - Се плашам кога Македонец крева рака на Македонец
„Дали е време вистинските уметници да се ослободат од тешките стеги на среброљубието“, вели Мери Георгиевска, костимогра...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |