22.12.2012, 12:03 Втор пораз на Њујорк на домашен терен
Чикаго по втор пат оваа сезона беше подобар од никси, овој пат како гостин славејќи со 110:106
Кошаркарите на Њујорк ноќеска по вториот пораз на домашен терен ја загубија челната позиција во Источната конференција. Во „Медисон Сквер Гарден“ победа славеше Чикаго.
Поразот на Њујорк го искористи шампионот Мајами и изби на првата позција. Шарлот и натаму има негативна серија од 14 порази по ред од вкупно 19 и 7 победи, но не е најслаба екипа бидејќи Кливленд и Вашингтон имаат по 5 односно 3 победи. Најдолга серија победи сега има Лос Анџелес Клиперс вкупно 12.
Резултати: Торонто – Орландо 93:90, Филаделфија – Атланта 99:80, Бостон – Милвоки 94:99 (продолжение), Њујорк – Чикаго106:110, Детроит – Вашингтон 100:68, Кливленд – Индијана 89:99, Мемфис – Далас 92:82, Сан Антонио - Њу Орлеанс 99:94, Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто 97:85 и Голден Стејт – Шарлот 115:100.
Вечерва играат: Вашингтон – Детроит, Атланта – Чикаго, Мајами – Јута, Њу Орлеанс – Индијана, Хјустон – Мемфис, Милвоки – Кливленд, Денвер – Шарлот, Портланд – Феникс и Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс.
ИСТОК: Мајами 17-6 (победи-порази), Њујорк 19-7, Атланта 15-9, Чикаго 15-10, Милвоки 14-11, Индијана 15-12 итн.
ЗАПАД: Оклахома Сити 21-5, Л.А. Клиперс 20-6, Мемфис 18-6, Сан Антонио 20-8, Голден Стејт 18-9 итн.
|