23.12.2012, 17:19 Владата не отстапува, СДСМ подготвува жив штит
Дали денеска на седница на Собранието ќе биде поставен буџетот за идната година. Владата требаше да расправа. Политичката ситуација станува драматична
Татjана Поповска
Ќе се најде ли буџетот денеска на собраниска седница беше прашањето што вчера доминираше во политичките кругови, а на кое никој ниту од владејачкото мнозинство, ниту од опозицијата немаа конкретен одговор. Сепак, сите навестувања и од Владата и од опозицијата укажуваа дека за буџетот денеска ќе расправаат пратениците на собраниска седница, откако претходно за него по втор пат ќе се изјасни Владата.
Денеска е последниот термин кога за финансискиот план треба да почнат да дебатираат пратениците за да може до крајот на годинава да се усвои. За вчера од Владата најавија дека е можно доцна попладнето да расправаат за буџетот, но не сакаа да соопштат дали овој документ веќе е кај нив на финална корекција.
Од СДСМ предупредуваат дека ваквиот потег ќе значел директно уривање на Собранието и на парламентарната демократија и ќе предизвика сериозна политичка криза, бидејќи тие немаат намера да отстапат од планот за наредната година да се намалат трошоците за 204 милиони евра. Најавија дека нема да го напуштат парламентот, ќе се стационираат пред пленарната сала за да спречат расправа за буџетот. За синоќа закажаа итна седница на Централниот одбор на партијата, на која ќе се договори натамошната стратегија.
Доколку буџетот се најде денеска на пленарна седница, тоа значи дека ќе ги „прескокне“ Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, иако, според собранискиот Деловник, расправата во овие две тела е задолжителна. Таа мора прво да заврши, а потоа да продолжи предвидената процедура за негово усвојување.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, најави дека за овој план ��ретседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги информирал на координација. Од Кабинетот на првиот парламентарец вчера тоа ниту го потврдија, ниту го демантираа. Немаше ниту информација дали е планирано за буџетот денеска да расправа парламентот, ниту дали овој документ веќе е вратен во Владата.
Премиерот Никола Груевски вчера апелираше до опозицијата да го деблокира усвојувањето на буџетот, бидејќи СДСМ и Црвенковски на овој начин во заложништво ги држат граѓаните. Според него, логично е буџетот да кореспондира со програмата што победила на изборите.
Социјалдемократите вчера обвинија дека претседателот Вељаноски по налог на Владата спречил да се одржи седница на Комисијата за финансирање и буџет. Координаторот на пратениците на СДСМ Ивановски најави дека за да го спречат донесувањето на буџетот, нема ја напуштат парламентарна зграда за да го спречат носењето на буџетот.
„Од вчера започна да се спроведува партиско-полицискиот пуч во оваа држава. Спротивно на Уставот, на Законот за Собрание и на Деловникот владејачкото мнозинство треба да го донесе буџетот на шверцерски, шп��унски и незаконски начин. Лицето Трајко Вељановски, извршителот на ова сценарио на сила треба да го вметне буџетот на седница.
Ова не смее и нема да помине“, предупреди Ивановски и побара од Вељаноски да се повлече од спроведувањето на ова сценарио.
Експертите предупредуваат дека доколку навистина се случи претседателот Вељаноски да ги прескокне надлежните комисии и да ја продолжи постапката за усвојување на буџетот, ќе се направи огромен преседан, кој ќе биде на штета на демократијата во државата. Поранешниот генерален секретар на Собранието Александар Новаковски смета дека претседателот на Собранието нема толкава надлежност и мора да ја почитува процедурата што е пропишана во Деловникот.
„Ако буџетот се врати во Владата без извештај од матичните тела тогаш тоа е кршење на Деловникот. Во тој случај претседателот на парламентот ги суспендира работните тела и си зема улогата на цело Собрание во свои раце. Ваквиот буџет пратениците може да изгласаат, но оваа одлука ќе падне на Уставен суд. Во таков случај целата одговорност ќе биде на претседателот на парламентот, бидејќи Владата ќе биде чиста“, објаснува Новаковски.
Состојбите во парламентот викендов дополнитено ескалираа, откако претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ закажа седница на која требаше да се расправа за амандманите на буџетот. Одржување на седницата на дозволија опозициските пратеници предводени од СДСМ, кои со песна, знамиња и свирчиња оневозможија услови за работа. За социјалдемократите е спорно и тоа што иако претседателот на Комисијата за финансирање и буџет за вчера закажа седница, во Собранието не им беше дозволено да работата. Салата каде се одржуваат седниците беше заклучена, а ги немаше ниту службите кои стручно и овозможуваат на Комисијата да работа. За нив, но и претседателот на Собранието вчера било неработен ден. |
Статијата е прочитана 4249 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
sando nepartijec, 24.12.2012 00:28:02 | Branko stvara haos ke pravi živi zid okolu sobranije da ne si igra so narodot padna Berlinskiot betonski zid a Brankoviot zid može da padne po lesno |
| Katana, 24.12.2012 01:07:36 | Samo napred, ne potkleknuvajte pod pritisocite na ovaa rezimska vlast i nejzinite partiski slugi i poltroni. Dosta bese nepravda, licemerie i pritisoci. Vreme e Makedonija povtorni da zalici na zemja na demokratskite procesi, covekovite prava i slobodi i politicki pluralizam. Dosta bese ednoumie za ovie 7 godini. STOP za rasfrlanje so narodni pari i beskonecni zadolzuvanja. |
| Gotov e Brane, 24.12.2012 04:40:22 | Brane ova ti e posleden potez pred MAT. Ovie pioncinjava sami ke padnat. GOTOV SI (posledniot bastion na Komunizmot citaj SFRJ paga vo Skopje). AJDE uste malku. Se nadevam deka posle ova za puc ke bides osuden /zatvoren kako site vo drugite SFRJ drzavi) |
| Darkog, 24.12.2012 06:10:15 | Аман веќе од овој Црвенковски. Дајде побрзо уште едни избори и да го пратиме во историја. Неможе цела Македонија да биде заложник на неговата кариера и кариерата на татините мази во моменталното раковотство на СДСМ |
| analiticar, 24.12.2012 06:43:27 | poslem se sto napravi bc[ukrade i izlaga]i dvesta posto da se vo pravo,poveketo od narodot ne im veruva.... |
| ФЕЛИКС, 24.12.2012 08:06:58 | Едно ме интересира зошто овие ,,искрени,достојанствени,,емисари избрани од народот го сокрија и уште го кријат писмото од СБ.Прво тврдеја,,не беее нема такво писмо,,за потоа ,,ние нишчо не криеме,, А по мене и многу други,,не објавуваме лоши нешта за нас,,:Значи сега на сцена имаме од една страна,,жив штит,, во полумртва улога да се одбрани демократијата по нивни сваќања.Додека од друга страна имаме фронт во надоаѓање составен од домашни фронтовци,потоа од СБ и ММФ,Вашингтон преку ИРИ во блага форма,па се до Брисел со повикот на вразумување.Колку ќе издржи ,,живиот ѕид,, е големо прашање,оти некаде на пладне ќе има ,,ватрено крштење,, кога некој друг на ист ,,демократски,, начин фронтовски ќе објаснува како треба да стојат работите. Затоа прашувам дали желбата на урнисаниот лидер на опозиција да го зачува изгубеното има поголема вредност од судирот Македонец против Македонец. |
| ZAEDNICKI celi, 24.12.2012 10:07:04 | Zarem site Makedonci nemaat zaednicki celi? Cumu ova razdvojuvanje? Koga DVAJCA SE KARAAT, pogodete koj ke KORISTI? Se vrti makedonskiot narod sam protiv sebe, strasno! Toa barem dolgi godini ne sme go imale. Sega samo partii i gluposti, bogatenje nasproti osiromasuvanje, namesto zaednicki celi - podobar zivot za site. |
| Skender Beg, 24.12.2012 16:08:53 | ова ме потсеќа на ситуацијата во парламентот на кралевина СХС, имаше тамѕ тепачки... а исто и во Тајван, тепање со кондури |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Магла
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Златниот бизнис на Швајцарија Четири од најголемите рафинерии за злато во светот се наоѓаат во Швајцарија, каде што се прочистуваат и две третини од з... | |
|