25.12.2012, 16:49 Грција шокирана од „бокс-демократијата“ во Македонија
Сите медиуми нагласуваат дека вакви слики, типични за Тајван, досега не биле видени од нашата држава
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Грчките медиуми вчера беа преплавени со вести и видеоинсерти од собраниските инциденти во Македонија околу гласањето за новиот буџет. Се пренесуваат како шок и изненадување судирите на граѓаните од двете групи протестанти и инцидентите меѓу пратениците внатре во Собранието, со коментар дека ова е првпат да се случат вакви сцени во Македонија. Вестите за судирите беа главни во информирањето за случувањата во светот во божикните изданија на грчките телевизии, кои вообичаено се навикнати да пренесуваат вести за насилството во Атина против владините мерки за штедење.
Весникот „То вима“ со наслов „Ќотекот е излезен од... парламентот на БЈРМ“ коментира дека собраниското обезбедување се судрило со опозицијата во расправата околу гласањето на буџетот. „То вима“ пренесува дека владеела тензична ситуација и имало инциденти пред и во Собранието додека опозицијата ја обвинувала владата на Никола Груевски за обид за државен пуч. Весникот става акцент на фактот дека новинарите и опозицијата биле насилно отстранети од собраниската сала, опишувајќи го хаосот од видеата, на кои се гледаат пратеници со растргани алишта, како и носење на раце на повредените пратеници. Се пренесува и реакцијата на Здружението на новинари поради нивното неосновано отстранување од Собранието, со коментар дека прв пат во историјата на државата на новинарите им било забрането да ја следат работата на институцијата. Според процените на грчките медиуми, пред Собранието имало околу 2.500 симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од едната страна и околу 1.000 симпатизери на СДСМ на другата, а полицијата се обидувала во средина меѓу двете групи да не дозволи тензиите да ескалираат и да дојде до поголеми немири.
„Парламентот во Скопје се претвори во боксерски ринг“, „Ќотек и повредени во собранието на БЈРМ“, „Опозицијата во БЈРМ повикува на гнев и граѓанска непослушност“, „Ќотек и немири внатре и надвор од Собранието“, „Се заострува тензијата меѓу владата и опозицијата“, „Опозицијата на БЈРМ надвор на улиците“ се само дел од насловите во грчките медиуми, чии онлајн- вести за судирите во Македонија беа едни од најпопуларните и најчитани вчера.
Медиумите пренесуваат дека Македонија длабоко загазува во сериозна политичка криза, не само поради судирите, туку и поради начинот на кој насилно е изгласан буџетот за 2013 година. „Неверојатни сцени во Скопје, срамни сцени беа забележани внатре и надвор од Собранието“, пренесува грчката телевизија Мега, коментирајќи дека сцени��е кои се случиле во Скопје до сега биле навикнати да ги гледаат само во собранијата на Тајван. Телевизиите Мега и Антена пренесоа и видеоснимки од немирите во Скопје, судирите на демонстрантите со полицијата пред Собранието, како и снимки од турканиците меѓу собраниското обезбедување и пратениците.
Медиумите го пренесуваат и повикот на лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски за граѓанска непослушност и демонстрации како оние во Србија во 2000 со кои беше срушена владата на Слободан Милошевиќ, како и реакцијата на Владата која ги обвинува СДСМ за неуспешен обид да создадат хаос во државата.
Онлајн-изданието на неделникот „Прото тема“ во шок говори за неверојатни сцени на тензија и инциденти со повредени граѓани и пратеници за време на гласањето на буџетот. Весникот „Та неа“ посочува дека македонската опозиција одлучила да го напушти парламентот најавувајќи дека по сите инциденти е целосно погазен државниот Устав и демократијата во државата, ставајќи ги на едната страна диктаторскиот режим на Груевски, на другата народот.
Билт: Ова не е демократија за ЕУ
„Многу вознемирувачки вести од Скопје за упад на полицијата во парламентот и за исфрлање на опозициските парламентарци. Вака не треба да функционира една ЕУ-демократија“.
Со овие зборови Карл Билт, шведски министер за надворешни работи и добар познавач на Балканот, ги оцени настаните во нашата држава, преку кратка реакција на својот профил на „Твитер“. Пред помалку од еден месец тој беше првиот шеф на дипломатијата на една држава што безрезервно кажа „да“ за давање датум на Македонија за преговори со Европската унија. Лошата вест од Македонија го разбуди стариот скептицизам дека земјава колку и да прави прогрес, потоа се враќа назад. Откако сликата со транспарентот „Non pasaran“ на борците го обиколи светот, вчера низ највлијателните светски медиуми се вртеа како топ вест снимките од парламентот на кои, како што посочи Си-Ен-Ен, во првите неколку минути „тој што се гледа со црвена вратоврска е вицепремиер и министер за финансии во македонската влада“, а една од парламентарките што ја влечеа беше бивша вицепремиерка.
За настаните во македонскиот парламент, што ги пренесоа сите водечки агенции и медиуми, сепак повеќе говореше слика отколку текст, поради божикните празници. Видеата како насилно се исфрлаат парламанетарците, како играат пендраците пред парламентот и како опозицијата го обиколи спикерот Трајко Велјановски за да го спречи да ја почне расправата за буџетот, масовно осамнаа во светот. |
Статијата е прочитана 9462 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
казабланка, 25.12.2012 20:41:19 | За туѓи интереси да одработува бивши Премиер и пензиониран Претседател на држава е без преседан ,мислев дека нема и неможе подолу ,насилници да зборуваат за демократија ,спремни се да ја вратат Македонија назад и да ја втурнат во хаос ,ова без последици нема да мине ,арно ама македонецот не е овца,нема да дозволи да го мавтосуваат матни типови ,немојте да го потценувате гласачкото тело.
Ако требаше лебот да го заработите од глума ,ќе завршевте во циркус трагикомедијанти! |
| Manipulantot Grujo, 25.12.2012 20:47:46 | Bruka nevidena, pa i za grchki uslovi. Za premierot, koj smatrashe deka nema potreba od liderska sredba, kriva e opozicijata! Pa i da e, a ne e, nego vlasta, trebashe da se sedne i razgovara, pa po potreba, i da pregovara. Zarem e tolku sueten i narcisoiden? A mu prefrla na Branko. Sramota! |
| Dimo, 25.12.2012 23:15:26 | grcija da ne se sokira mnogu od Makedonija, tuku da si ja gleda svojata maka. |
| Колку полошо за Македонија, подобро за Бранко, 26.12.2012 00:56:43 | Па роа беше и целта на Црвенковски. Сите во светот да ни се смеат. Само тој ако може да се догребе пак до власта. Не го интересира воопшто ни народот, ни државата. Тоа не го прават луѓе што си ја сакаат татковината. |
| Jankula, 26.12.2012 01:01:38 | А пак јас наивен, си помислив дека опозицијава собрала сила да се организира. Сега ми е јасно, како ден. До јуни МКД треба да го реши спорот со името (ќе треба си го смениме името) Е сега кој тоа би можело да го направи и спроведе во МКД, кој тоа би бил толку глуп и наивен, само поради остварување на лична амбиција во политиката, се прашувам кој ли би можел да биде? Вие што мислите? |
| jogurt,jajca i kompiri, 26.12.2012 01:14:08 | ne me zaebavaj, oni frlaat bombi, molotovi kokteli, nie jajca!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
| Граѓанин, 26.12.2012 01:15:58 | И јас сум шокиран од нивните боксирања и палења во Грција што се случуваат секој ден, па што? Да не треба нив да ги прашам што да правам. Одговорот го знаеме. Самоубиство. Се што ќе излезе од тие масовни манипулатори и лажовчини е достојно за презир. |
| hanza, 26.12.2012 01:35:33 | Tie sokirani,ne veruvam.Tamu e BUM odamna i uste gori.Ova tie crep sutare prekaruva |
| Grcite Sokirani!?, 26.12.2012 04:06:28 | Grcija gi sokira site uste mnogu oddamna. Neka si ja gloedaat svojata rabota. Tamu kaj niv e celosno bezredie. Neka ne bidat licemerni. Ja gledaat reskata vo okoto na bratot, a ne ja gledaat gredata vo svoeto oko. Podobro neka se zasramat i neka molcat. |
| Alter, 26.12.2012 05:39:08 | Mizerija! Ne vidov deka DPMNE patriotite se tolku energicni za zakonot za braniteli, tuku strplivo go slusaat molcenjeto i citanjeto poezija na DUI. |
| hahahahah, 26.12.2012 09:00:14 | ne se sekirajte be mnogu, da vidime malku i drugite narodi kako protestirat i kako se tepat od strana na drzavata |
| NIKOLA, 26.12.2012 09:33:34 | Da zivee demokratska Makedonija na celo so MILOSEVIC 2 !!! |
| vivien, 26.12.2012 10:52:05 | Smesni ste i Vie gospoda od utrinski da prenesuvate sto pisuvale onie koi najmalku imaat demokratija, a najmnogu fasizam. Ne me interesira grckiot pecat, prvo neka si ja opraat rabotava kaj niv ili spored onaa narodnata podrsmi go kopilevo da se pokaram so k*****a, ete toa ti e grckiot pecat. |
| wd40, 26.12.2012 11:14:57 | Билт: Ова не е демократија за ЕУ
A onaa u Grcija e ...abe odi kopaj kashkaval |
| dedo, 26.12.2012 12:51:44 | Ova e vistinski nastan: Mojot vnuk koj ima samo pet godini ja pra[a majkamu: Mamo kade se tepaat ovie? Majkamu: Pred Sobranie. Vnukot: A vo koja drzava?
dedo |
| Biljana, 26.12.2012 13:26:19 | VIVIEN, dobro napisa. |
| Во Грција нема бокс туку убивање, 26.12.2012 13:53:25 | Грчката држава си има фашистичко досие. |
| miki, 26.12.2012 13:56:48 | Ова му е ВМРО-вска демократија а ла Грујо............... |
| Svegjanka, 26.12.2012 15:34:53 | Karl Bildt dobar poznavac na Balkanot--Ma nemoj. |
| G.A., 26.12.2012 19:09:35 | BRAVO ZA G. BRANKO KOJ SO GODENI GO MOLESE ZA DIALOG I SREDBA CELO VREME G.NIKOLA GO ODBIVASE ,PA TOA E NORMALNO KOGA NE PRIFACAS SREDBA I DIALOG I DOJDE VO KAOS ,,OVA ZNACI DIKTATURA,,, BEZ INTERES ZA SORABOTKA SAMO SVOITE INTERESI ,,G. BRANKO IMAS PODRSKA . |
| ivan, 26.12.2012 22:09:39 | bravo za branko ova mue dodatok na brjm od negovoto vladeenje neka nie na zdravje makedonci trcajte po brako grkomanot i lubco bugarofilot se blizi 2013 bukrest mu odgovara ili grci ili bugari danie gospod napomos |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 0°C
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 3°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Каде за Нова година? Угостителите и локалите нудат се' и сешто, но, сепак, примарна задача ќе биде да не останете шворц до наредната плата. В... | |
|