22.12.2012, 11:43 Мико: Условувањето за НАТО фрустрира, оти за име не се преговара
За идентитетот не се преговара и тие тоа не можат или не сакаат да го видат, изјави американскиот аналитичар
САД од секогаш ја поддржуваат Македонија за влез во НАТО, но, проблемот е во тоа што во Алијансата, тоа е еден глас од вкупно 27, а доволен е само еден глас да се блокира членството. Одлуката на Алијансата поканата да биде врачена штом се реши името, иако земјата ги исполни сите услови, е фрустрирачка. Името е поврзано со идентитетот, а за идентитетот не се преговара и тие тоа не можат или не сакаат да го видат, изјави американскиот аналитичар Џејсон Мико.
- Како што веќе видовме, потребен е само еден глас да блокира потенцијален член - Грција стави вето на членството на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година. САД, како и европските членки на НАТО и Канада, постојано од тогаш говореа, и јас го цитирам Расмусен, генералниот секретар на НАТО „покана за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом прашањето за името е решено“. Во тоа е проблемот. Меѓутоа, за проблемот е збунувачки фактот дека САД, НАТО, ЕУ, ОН, итн. не разбираат или не сакаат да признаат дека идентитетот и името се исти, тие се поврзани. Не може да се промени едното без да се промени другото, а за идентитетот на Македонија и нејзиното име не смее да се преговара. Според мене, многу е фрустрирачко што многу паметни луѓе, избрани и неизбрани, не може да го препознаат или можеби, одбиваат да го признаат тоа.
За неодамнешната изјава на Брус Џексон дека „со малку среќа“, Македонија ќе биде членка на НАТО во 2013 година, Мико вели оти не постои такво нешто како среќа, туку само напорна работа и реалност.
- Македонија ја врши напорната работа, всушност, Македонија има направено сe што е побарано од неа за да стане членка на НАТО. Сите членки на НАТО ја признаа оваа реалност во април 2008 година на Самитот во Букурешт. Сепак, додаден е уште еден услов за членство на Македонија во НАТО - да го промени својот идентитет со промена на сопственото име. Тоа е нешто што ниту една земја никогаш нема да го направи. Не треба да се бара Македонија да го промени нејзиниот идентитет или име за да влезе во НАТО. Всушност, тој што треба да се промени е НАТО, оценува американскиот експерт.
Во однос на тоа дали Македонија по 21.12.2012 ќе го пронајде своето место во светот и доколку е така, каде е нејзиното место, Мико со став дека тоа е Европа како целина, слободна и во мир, во Југоисточна Европа, каде што таа промовира економска и политичка соработка со своите соседи, до степен до кој таа соработка зависи од Македонија, како и во меѓународните организации каде што придонесува за поголемо добро.
|
Статијата е прочитана 1309 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pile, 22.12.2012 12:39:37 | Soglasno Makedonskoto krivicno pravo postoi kaznivo delo za pottiknuvanje,pomaganje prikrivanje na storitel pri vrsenje na krivicno delo, od koe ne mozje da bide izzemen nikoj.Ako G-dinot Miko ima namera deka nedelata na aktuelniot Premier vo zaminuvanje storeni pred samitot vo Bukurest so cel da obezbedi alibi politika za veto od sosedna Grcija, ke gi relativizira so vakvi emocionalni statii a so toa se solidarizira i pritrcuva za pomos na toreadorot koj veke izgubil kontrola nad bikot,so antimakedonskata politika na aktuelnata Vlast neka vnimava bikot ima dva roga.Ne e problem veke prasanjeto za imeto so R.Grcija za priem na R.Makedonija za polnopravno clenstvo vo NATO Alijansata pod privremenoto ime soglasno VS od 1995 godina.Problemot se vika Nikola Gruevski so familijata da zaminat od vlast.Prva sreda po padot na Gruevski i familijata (negov izbor mozje i so aplauz) i formiranje na preodna Vlada ministrite na NATO ke upatat pokana za clenstvo na R.M.Grcijo dokazjimi deka gresam |
| пријател, 22.12.2012 14:02:05 | Знаеме каков „експерт“ е Мико од неговите текстови во Нова Македонија и Дневник со кои се умилкува на владата и „патриотите“.Прашајте го „експертот“ дали ако Бин Ладен или Садам Хусеин, го променеше името, дали ќе го променеше и идентитетот и САД не ќе можеа да ги идентификуваат?Знае ли вашиот „експерт“ кој вели дека ако се промени името се менува и идентитетот,дека Радован Караџиќ,не само што го промена и името и презимето,туку го промена и личниот изглед и професијата, но неговиот идентитет лесно беше откриен затоа што идентитетот нема никаква врска со името. |
| од НАТО, 22.12.2012 14:56:47 | Абе знае ли овој што збори? - Еден глас ако бил против Америка не може ништо?! - јааа мајката. Па кога го нападнаа Ирак за нафта, сите беа против особено најголемите партнери во НАТО. И што направи Америка? - ги послушаааа - да бев Србин ќе речев цврц-Милојкааааа.... А кога се напаѓаше Србија од Македонија, ХРватска и од секаде? - Си дадовме г`с одма. Тогаш требаше умен чоек да рече се` ќе ви дадеме ама одма да не` примите во НАТО. Арно ама никому не му текна. Тогаш Љубчо беше на власт, ако добро памтам. А сега зошто џанам некој да не` примал некаде? - Што ќе сме му? Исто како сега некој да не тера нас да примиме едно 5000 Сиријци да презимат кај нас и околу 2000 Авганистанци да останат 10на години, или подлго, зашто би страделе во нивните земји. Тешко дека некој би се согласил. Е така звучи во Франција на пример, кога ние бараме прием во НАТО или ЕУ. Си имаат тие амбасада тука со сите нишани која одлично снима се` во детаљ. И нив ли некој мисли дека ќе ги маслосува? |
| Горан, 22.12.2012 15:02:13 | Благодарност до Џејсон Мико, искрен пријател и подржувач на Македонија. Апсолутно се согласувам, преговорите за името се апсурдни, срамни и не водат никаде. Македонија е ставена во deadlock ситуација. Официјално преговараме за промена на нашето името, ЕУ и НАТО ни поставија услови и чекаат на резултати од преговорите, а резултати нема и нема ни да има. Оваа deadlock ситуација може да трае во недоглед, а најмногу губат Македонија и Македонците. Очигледно дека тактиката на нашите непријатели е успешна, блокирани сме со години пред нашите “стратешки цели”, фрустрирани од сопствената безизлезност, разочарани од нашите лидери кои како слеп за стап и понатаму цврсто се држат за преговорите. Единствен можен начин да се ресетира deadlock ситуацијата е трајно да се прекинат преговорите за промена на името, во спротивно се плашам дека ќе бидеме сведоци на сопственото самоуништување. |
| Kultiviran Balkanec, 22.12.2012 15:19:23 | Mr. Miko nie site znaeme deka amerikanski interesi se cel Balkan da e vo NATO i deka ne ve interesira dali sme nie antichki narod ili pak kako i site normalni nacii, no Makedonija pred da si go najde mestoto vo svetot, treba da si go najde mestoto na Balkanot. Dali navistina ochekuvate dobri odnosi na Makedonija so Grcija i Bugarija ako ne raschisteme so kombinacijata od istoriskata predstava nasledena od Titova Jugoslavija, prema koja Bugarite poslednite 13 vekovi se spomnuvaat kako najgolemite dushmani i asimilatori na Makedonija, so novata predstava deka sme antichki narod, Mr. Miko toa ne e garancija za doborososedski odnosi na idni chlenki vo EU. |
| Mark, 22.12.2012 18:59:41 | ..,,toj sto treba da se promeni e NATO,, - izjavi ,,amerikanskiot ekspert,,! E pa ,,ekspertot,, neka go kaze ova vo Brisel namesto na ,,portata na DPMNE,, - i ke vidi sto ke mu kazat?! Ke go potupkaat po ramoto i ke mu kazat da proseta po gradot, mnogu e ubav pred Bozik! |
| do prijatel, 23.12.2012 03:49:16 | Pa ako e taka togas ajde Francija neka si go smeni imeto vo Severna Francija,Germanija vo Severna Germanija,Rusija vo Severna Rusija i site drzavi vo svetot.Nema logika ni za site,zatoa sto nema drugi nezavisni drzavi so ime kako juzna Francija,Juzna Germanija,Juzna Rusija,a nema logika ni nie da menuvame ime zatoa sto ne postoi druga drzava so ime Makedonija kako na primer nekoja nezavisna drzava Juzna Makedonija.Ti nelogicno sporeduvas licni iminja i preziminja na poedinci so ime na drzava.I eden covek ako si go smeni licnoto ime i izgled,ke ima drug identitet,a kamoli drzava. |
| Tina, 23.12.2012 06:18:04 | Ne sakat. Oti koga ke se prizna imeto, ke morat site nepravdi, napraveni protivu Makedoncite kroz
ne samo vo 100 tr,god, nego i porano, da se ispravat, a toa oznacuva kraj na site lagi i kriminalni pozicii napraveni nasprema nashata
istorija i nasledstvo.
Smetkata e chista, samo e mnogu skapa.
Samo zoshto Makedonci postojat, problemot
se zgolemuva.
Problemot na site politichki kriminalni akti nasprema nas e neopravden, i vo arhivata. |
| зоре танески - скопје, 23.12.2012 08:50:29 | Секоја чест и големо млагодарнсот до г-динот Мико.Господинов е од САД и кристлно јасно ги разбира работите дека со промена на името на државата автоматски ќе се промени и македонскиот идентитетот.За жал на некои видни партиски функционери од опзициските партии вклучувајќи ги оние и на СДСМ ова не име јасно или пак глумат лудило дека не име јасно.Почитуваниот г-дин Мико вели дека ЕУ и НАТО треба да го променат својот став кон Македонија и да не и поставуваат услови кои Македонија особено оние кои се поврзани со македонскиот идентитет.Тоа никогаш Нато и ЕУ нема да го сторат.Затоа и решение на проблемот за името не може да се реши без ние самите да не одлушиме да се откажемо од македонскиот идентитет.???Затоа проблемот за името нема решениеи Р.М. нема никогаш да биде примена за полноправна членка во НАТО и ЕУ. |
| Граѓанин, 23.12.2012 14:58:57 | А бе кај го извадивте овој сега? Од туршија ли? Верувам дека Мико со задоволство повторно би работел за Македонија - хонорарно од Аризона!!! А бе терај си работа и размислувај си колку е фашистички законот на Аризона за емигрантите! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: 0°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз-Титова Совладетелка (35)Дали Јованка била параноик.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|