20.12.2012, 16:35 Пердју: Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
Промената на политиката на Бугарија кон Македонија и блокадата на македонските евроинтеграции е контрапродуктивна и спротивна на бугарските интереси. Напротив, поддршката за Скопје за членство во ЕУ и НАТО би била во корист и на Софија.
Ова во анализата за бугарскиот весник „Труд“ го истакнува Џејмс Пердју, поранешниот амбасадор на САД во Софија и специјален пратеник на претседателот Џорџ Буш во Македонија за време на конфликтот во 2001 и еден од потписниците на Охридскиот договор.
- Оваа позиција не оди во корист ни на широките национални интереси на Бугарија и ја уназадува конструктивната регионална политика, која државата ја применуваше години наназад. Политиката на Бугарија во однос на регионот во последните 20 години беше зрела и конструктивна. Државата успеа да ги избегне меѓуетничките страсти и конфликти слични на оние по другите земји на Балканот. Исто��ремено, Бугарија одлично соработуваше со меѓународната заедница во однос на надминувањето на конфликтите и приближувањето на новите држави на Балканот кон демократските западноевропски институции. Оваа разумна политика беше одраз на јасното разбирање дека бугарскиот национален интерес е најдобро заштитен кога и регионот е стабилен, кога има соработка меѓу соседите и кога се применуваат демократските вредности на ЕУ и НАТО. Блокирањето на Македонија е радикално отстапување од овие принципи кои бугарската надворешна политика досега ги применуваше.
Според него, новата бугарска политика кон Македонија може многу да ги влоши добрососедските односи.
- Без сомневање дека Македонија понекогаш е тежок партнер. Но, Бугарија треба да разбере дека нејзиниот сосед е нова демократија и ја нема длабочината на институционалниот капацитет на Бугарија. Македонија оди побавно кон ЕУ и НАТО од Бугарија заради војната во Косово и внатрешниот меѓуетнички конфликт од 2001 година. Тука е и мачниот спор за името со Грција, оценува Пердју.
Потписникот на Охридскиот договор вели дека и Грција сигурно сега е многу задоволна затоа што уште една земја членка на ЕУ поставува услов пред интеграцијата на Македонија.
- Атина го блокира Скопје и во ЕУ и во НАТО. Но, ако името се реши, ќе остане ли тогаш Бугарија единствената пречка пред евроинтеграцијата на Македонија. Се сомневам. Западноевропските држави ја создадоа ЕУ затоа што сфатија дека економското, а со тоа и политичкото единство е во интерес на нивните народи. НАТО е создадена според таа логика. Овие држави ги ставија настрана ситните билатерални проблеми, кои патем беа многу поголеми од овие на Бугарија, Грција и на Македонија. Софија и Атина треба да го применат истиот пат кон Скопје и да ја стават иднината над малите проблеми. Спротивставувањето на членството на Македонија во ЕУ изгледа агресивно од земји членки на ЕУ кои си имаат сопствени проблеми, смета Пердју.
Тој се согласува со изјавите на поранешните претседатели на Бугарија и други сериозни политички фигури кои ја осудија ваквата надворешна политика на Бугарија и „ја повикува бугарската влада да ја смени контрапродуктивната политика во однос на македонското членство во ЕУ“.
- Активна поддршка на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО е од корист и за бугарските интереси, додека Бугарија се концентрира на сериозните внатрешни проблеми, оценува Џејмс Пердју.
|
Статијата е прочитана 1229 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Riki, 20.12.2012 17:43:25 | Ovoj dinosaur Perdju izgleda smeta na kratko pomnenje na Makedoncite. Doticnata persona sto se odziva na Perdju ima mnogu zloba isfrleno nad Makedonija. A toa dobro nie ne go zaboravame. Ic neka ne glumi zagrizenost. |
| Kultiviran Balkanec, 20.12.2012 17:47:55 | Bugarskata podrshka za Skopje za chlenstvo vo NATO bi bila vo korist pred se na USA, a pomalku na Bugaerija. Naprotiv duri so vlezot vo EU kje bidaat ushte poagresivni so svojata antibugarska propaganda. Makedonija e tezhok partner ne deka e pomlada demokratija od Bugarija, tuku deka imame na vlast lugje, vospituvani vo projugoslovenski duh. |
| Филип, 20.12.2012 17:49:41 | Три пати Бугарија доживеала катастрофи поради Македонија. Зошто ја бара и четвртата? Зошто еднаш за секогаш не ја пушти Македонија да си оди по својот пат? Зар не и е доволно што ја има Пиринска Македонија, па упорно сака да ја добие и Вардарска? Зошто не ја бара Егејска Македонија? Та зар таа не е бугарска земја како што пишува во бугарските учебници? Доцна е господа Бугари за какви и да е промени на границите. А историјата ќе ја исправат историчарите кога ќе ги отворите архивите и ќе се види што се сте правеле за „тази пуста Македонија к’аде и тревата гори“. |
| pile, 20.12.2012 22:41:02 | Za pozdravuvanje se zalozjbite na eks ambasadorot na prijatelska SAD vo R.Bugarija za davanje na svoj doprinos za normaliziranje na odnosite pomegju dvata soseda so znacitelen istoriski tovar.Za zjal G-din Perdju kako sto velite - Без сомневање дека Македонија понекогаш е тежок партнер,koja umerenost na Vasata izjava ja razbiram samo zaradi diplomatskiot prepoznatliv recnik,a inaku kako celosno posveten na stabilizacijata na regionot kako vo 2001 godina taka i sledejki gi sostojbite podocna,barem upatenite jasno ni e deka koga DPMNE e na vlast gardot koj go zazema R.Makedonija,kako vo 2001 taka i sega e neprepoznatliv za sojuznicite i prijatelite i pred se steten za Drzjavnite interesi.A koj veli deka i 2001 godina togasnata Vlada ne bese so otvorena vrata kon sever,kako i sega.Ubeden sum deka vakvoto odnesuvanje i na dvata soseda na R.Makedonija e odraz na provopolitikata politika na Gruevski.Podrzjuvacite na regionalnata bezbednost porakata ja sfakaat deka Gruevski treba da zamine
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Делумно облачно
|
Сабота
Облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (33)Првомајскиот ручек на Караѓорѓево.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|