20.12.2012, 16:14 За една година од Македонија изнесени 461 милиони долари
Според извештајот на „Глобал фајненшл интелиџенс“, само во текот на минатата година од Македонија биле изнесени 461 милион долари. Во извештајот стои дека изнесените средства завршиле во места кои се нарекуваат „даночен рај“ и дека голем дел од средствата што биле изнесени потекнувале од затаен данок или биле стекнати со корупција, но не и од илегални трговии со дрога, оружје или проституција. Токму висината на изнесените средства нашата земја ја рангираат на 76. место.
Вашингтонскиот „Глобал фајненшел интелиџенс“ во својот извештај навел дека од Хрватска биле „испумпани“ 1,5 милијарди долари, а од Црна Гора една милијарда долари, додека од Албанија биле исцрпени 136 милиони долари.
Изнесените средства, според „Глобал фајненшел интелиџенс“, главно завршувале во Дубаи, Кипар, Маршалски Острови, Панама, Сејшелски Острови, Белизе, Сент Винсент, но и во Швајцарија и Флорида и Велика Британија.(Е.Р.)
|