20.12.2012, 15:53 Новогодишни хуманитарни изненадувања за најмладите
Во рамки на хуманитарната акција „Да споделиме радост“, Црвен крст заедно со Министерството за труд и социјална политика и ЕВН - Македонија поделија новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби и од социјалните семејства. Во акцијата се обезбедени вкупно 1.100 пакетчиња, од кои 300 беа наменети за деца од Скопје.
Со активноста се опфатени дечиња од Заводот за рехабилитација во Топанско Поле, од Дневниот центар за лица со церебрална парализа, Специјалното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“, дневните центри за деца од Кисела Вода и од улицата „Шуто Оризари“, деца од Специјалното училиште „Златан Сремац“ и деца со оштетен слух. За сите нив во МНТ беше организирана новогодишна претстава подготвена од актерите од театарот.
Новогодишните пакетчиња ги делеа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити и претседателот на Управниот одбор на ЕВН - Македонија, Хенгст Вернер. (Б.Ш.)
|