Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.12.2012, 09:25

Продолжува координацијата за деблокирање на буџетот

Вељаноски вчера, и на средбата во понеделникот, даде два предлога за приближување на ставовите, но опозициските партии ги одбија

Претставници на власта и на опозицијата денеска повторно ќе се соберат на координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во уште еден обид да се деблокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Вељаноски вчера и на средбата во понеделникот даде два предлога за приближување на ставовите, но опозициските партии ги одбија.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека го прифатил предлогот на Вељаноски до денеска писмено да одговори кој од амандманите на опозицијата се прифатливи. Тоа, според иницијативата на претседателот на Собранието, ќе биде доставено до Комисијата за финансирање и буџет и до Законодавно-правната комисија, која треба да направи записник и да го достави до спикерот, кој пак ќе ја извести Владата. Планот предвидува Владата во Собранието до сабота да го врати дополнетиот Предлог-буџет до Парламентот, за точката да биде ставена на дневен ред на седницата на 24 декември и да може да се гласа за неа на 31 декември.

Од кабинетот на претседателот се децидни дека координации ќе се одржуваат се додека не се изнајде решение буџетот за 2013 да биде донесен до 31 декември.

Според најавите се очекува на денешната средба да присуствува и пратеникот Изет Зеќири, кој има поднесено околу 400 амандмани, како и ДПА, која поднесе околу 400 амандмани, а на Комисијата за финансирање и буџет треба да се разгледаат уште 145 нивни амандмани. ДПА ги бојкотира координативните средби.

Досега на Комисијата за финансирање и буџет се поминати 156 амандмани од вкупно 1.225 поднесени, поради долгите дискусии на пратениците од опозицијата. Не беше прифатен предлогот на опозицијата временски да се ограничи дискусијата на пратениците.

Понеделник, 24 декември е последниот рок за претседателот на Собранието да го внесе Предлог-буџетот како точка на дневен ред за, почитувајќи ги сите рокови, тој да може да биде донесен на 31 декември.

На координациите, покрај првиот човек на законодавниот дом Вељаноски, присуствуваат и потпретседателите на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.


Статијата е прочитана 471 пати.


Испрати коментар



Ставрески - Парите од Светска банка нема да ги трошиме за избори
Средба на лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“
Маринец кој мокрел над мртов Авганистанец доби 3.500 долари казна
(ФОТО) Државата со вино си го наплаќа долгот од „Повардарие“
Бугарите земаат најниски плати во Европа
Тачи не верува дека Македонија брзо ќе добие датум за преговори
Одложено судењето на гостиварскиот полицаец
Бошкоски оздраве и сведочеше за Тушевски
Дефектите на „Водовод“ пријавувајте ги на бесплатен број
„Градска“ одбележува 50 години од постоењето
Бездомниците од Момин Поток добија ранци со топла облека
За патишта и железници 50 милиони евра од ИПА
„Вранец“ на „Тиквеш“ ќе се пие во Данска
Давутоглу - И за крајот на светот ќе одберев да бидам во Македонија
Во избирачкиот список евидентирани 1.749.038 граѓани
Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Радовиш
Иванов - Очекуваме нови иницијативи и идеи од Нимиц
Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот
Поради крајот на светот, Ртањ преплавена од новинари и научници
Грчки медиуми - „Македонија“ е втор дом на Давутоглу
(ВИДЕО) НАСА - Зошто не дојде крајот на светот
Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични
Следната година ќе биде една од најтоплите
Асанж - Викиликс во 2013 година ќе објави уште милион документи
(ФОТО) Две децении дипломатски односи Македонија-Турција
Нимиц во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари
Ставрески прифати 44 амандмани на опозицијата
Пердју - Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Преку блокадата на буџетот, СДСМ ги уценува граѓаните
Биографија на Бил Гејтс во издание на „Бата прес“
За една година од Македонија изнесени 461 милиони долари
Најниската понудена камата за новиот заем е 3,9 отсто
Новогодишни хуманитарни изненадувања за најмладите
ДУИ ги потврди позициите за законот за бранители
Макрадули - Градската власт им нуди розови очила на скопјани
СДСМ не отстапува од нивниот план за штедење
Син ја задави мајка си поради цигара
Златна зора бара одмазда за Унгарија
ЕУ бара одговорно однесување од политичките партии
(ФОТО) Неуспешен обид да почне судењето за „Монструм“
Александра Зафировска останува на чело на Судскиот совет
Турција е најголемиот затвор за новинари во светот
На Табановце запленети 25 килограми марихуана
Асанж - Мрачни сили надвиснале над интернетот
Путин негира дека има здравствени проблеми
И 2013 критично важна за Грција
Чекови на половина милијарда долари најдени кај Ѕидот на плачот
Над 30 илјади косовски Албанци земале српски пасош
Продолжува расправата за Законот за бранители
Почнува судењето за „Монструм“
(ФОТО) Кампањата на Макрадули како претседателската на Пахор



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -6°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |