21.12.2012, 16:02 Маринец кој мокрел над мртов Авганистанец доби 500 долари казна
Американски маринец е осуден на деградирање откако призна пред воениот суд дека уринирал врз тело на мртов авганистански борец. На водникот Џозеф Чамблин му беше изречена и парична казна од 500 долари откако призна дека извршил сквернавење, меѓу другите обвиненија. Нему првично му беше изречена 30-дневна затворска казна, но нема да ја одлежи поради договорот со воените обвинители.
Видео снимката за инцидентот го шокираше светот кога во јануари излезе во јавноста. Уште тројца дрги маринци веќе добија дисциплински мерки за нивната улога во инцидентот, а друг се соочува со воен суд. Трите воени лица кои беа дисциплинирани во август се изјаснија за виновни. Еден призна „уринирање врз тело на мртов талибански војник“, друг рече дека позирал за фотографијарње со жртви, додека третиот признал дека ги лажел иследниците. Во видео записот, се слуша како некој вели: „Имај пријатен ден, пријателе“.
Се верува дека инцидентите се случиле за време на операција против бунтовниците во авганистанската провинција Хелманд на или околу 27 јули 2011 година, соопштија од Маринскиот корпус. Снимката се појави во чувствително време за американско-авганистанските односи, додека американски официјални лица се обидуваа да ги донесат талибанците на преговарачка маса.
Еден месец подоцна, избувнаа насилни протести во Авганистан откако се дозна дека американски војници запалиле голем број на копии од Куранот. Светите книги биле конфискувани од затвореници, поради тврдењата дека биле користени за пренесување на тајни пораки. Во немирите загинаа 30 лица, а двајца американски војници беа убиени.
|