20.12.2012, 10:15 Чекови на половина милијарда долари најдени кај Ѕидот на плачот
Рабинот Шмел Рабинович кој е задолжен за одржување на ерусалимскиот Ѕид на плачот изјави дека верниците пронашле коверт со 507 чекови, од кои секој бил на сума од околу еден милион долари.
Поголемиот број на чекови биле од Нигерија, додека ковертот не бил адресиран. Се` уште е непознато дали може да се реализираат чековите.
Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд наведе дека имало чекови и од САД, Европа и Азија.
Рабинот посочи дека и порано во кутиите за доброволни прилози до Ѕидот на плачот наоѓал слични чекови, од кои ниту еден не можел да се реализира. Поголемиот број биле потпишани од луѓе од Африка. |