Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.12.2012, 12:48

Иванов: Очекуваме нови иницијативи и идеи од Нимиц

Шефот на државата оцени дека наспроти иницијативите за почести средби, од грчка страна немало ист тон на разбирање да се дојде до решение

Претседателот Ѓорге Иванов очекува посредникот на ОН, Метју Нимиц, кој во почетокот на наредниот месец доаѓа во Скопје и во Атина, да презентира нови иницијативи и идеи за решавање на прашањето за името.

- Се надеваме дека ќе има нови иницијативи и нови идеи за кои ќе треба да разговараме. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Македонија, состојбите се менуваат. Се чувствува негов личен ангажман и настојување Нимиц да биде поактивен за да може процесот да се одвива и да не стои во место, изјави претседателот Иванов во синоќешното интервју за МТВ, на прашањето што носи медијаторот Метју Нимиц со неговата посета во јануари.

Шефот на државата оцени дека наспроти иницијативите за почести средби, од грчка страна немало ист тон на разбирање за да се дојде до решение за прашањето за името.

- Очекуваме оваа моја иницијатива и иницијативата од нашиот премиер и нашите министри да води кон интензивен дијалог. За секое прашање може да се разговара и преку дијалог да се дојде до нешто што би било взаемно прифатливо, рече Иванов.

Во контекст на заклучоците од последниот Европски совет и добрососедските односи, на прашањето зошто не чини соработката со Бугарија и како Македонија ќе одговори на последниот потег на Софија, шефот на државата оцени дека всушност нашите две општества се блиски и соработуваат, но дека изјавите на дел од политичарите се пред се наменети за домашна употреба и во функција на дневната политика. Иванов, воедно го поздрави ставот на поранешниот претседател Жељу Желев, за одлуката на актуелните бугарски политичари, оценувајќи го како искрен.

- Верувам во луѓе кои ја гледаат големата слика, кои не се опседнати од тоа дали ќе добијат уште еден мандат на следните избори и дали тоа што го прават е пред се на база на дневна политика. Се менуваат состојбите и ќе доаѓаат други политичари, ние сме тие што сме отворени и секогаш настојуваме да имаме добри односи со сите. Меѓутоа добрососедските односи се двонасочна улица, не зависат само од нас. Истото очекуваме да го видиме и од нашите соседи, порача македонскиот претседател.

Со оглед на тезите дека долгорочното останувањето надвор од ЕУ и НАТО претставуваа потенцијална опасност за безбедноста на земјава, претседателот Иванов порача дека грѓаните треба да се чувствуваат сигурно, затоа што сите институции се максимално посветени на прашањето на безбедноста на дражавата, но дека Македонија не е исклучена од она што се случува на глобален план.

Во однос на неговите очекувања како ќе заврши расправата за буџетот со оглед на тврдите спротивставени ставови, Иванов уште еднаш порача дека државата мора да функционира и буџетот мора да биде усвоен.

- Пратениците го добиле мандатот да се грижат за државните интереси на Македонија. Ним им е дадена можноста да го направат живото да биде подобар, а буџетот е основа со која може една држава да ги исполнува обврските кон своето општество и кон своите граѓани, изјави Иванов.

Запрашан за коментар последните анкети кои покажуваат постојан пораст на неговиот рејтингот Иванов вели: - „Секој што работи народот знае да го вреднува. Немојте никогаш да ги потценувате нашите граѓани Тие за овие 20 години видоа многу работи и знаат правилно да го оценат секој со што придонесува ишто сака да направи. Секој кој сака да ја добие довербата од граѓаните мора да се посвети на тоа за кое ја добил довербата“, порача шефот на државата

На прашањето како ја гледа земјава по пет години, Иванов одговори дека до тогаш очекува Македонија да ги исполни стратешките цели и да биде земја каде ќе се живее доследно, како што доликува на 21 век.

- Држава со многу странски инвестиции и држава во која ќе ги имате сите нови технологии на дофат. Сето она што се случува во светот да ги имаме и во Македонија. Македонија ја гледам како успешна земја, се очекувањата на Иванов за земјава до крајот на 2017.


Статијата е прочитана 654 пати.


Испрати коментар



Инциденти и пред и во Собранието
Кошкања меѓу пратениците во Собранието
(ФОТО) Блокада на опозицијата на автопатот Велес – Скопје
Бугарија незадоволна од тврдењата на Давутоглу за Македонија
Исламисти уриваат светилишта во Мали
Почнуваат божикните празници по Грегоријанскиот календар
(ОБНОВЕНО) Расправата за буџетот се сели на улица
Опозициските лидери пред Собранието, драмата се претвора во криза
Монти не се кандидира, но би ја водел новата влада
СДСМ со жив штит ќе го спречува усвојувањето на буџетот
Во Гевгелија се гради индустриска зона
Со топла ракија и оро се береа бадникарските гранчиња
Груевски апелира да се донесе буџетот
(ФОТО) Новогодишна светлечка магија во Скопје
Лустрацијата не запира
Фондот за здравство воведува смени во Скопје
Студот однесе 200 жртви во Централна и Источна Европа
Сезоната на Попова Шапка почна со ноќно скијање
САД во дострелот на севернокорејска ракета
Дачиќ - Во реалниот живот Косово е се подалеку од Србија
Помина предлогот за нов устав во Египет
Французин добитник на 102 милиони евра на Евро Милион
Пуштен во употреба целосно репариран воз на МЖ „Транспорт“
Македонците во Албанија бараат нов Попис под меѓународен мониторинг
Дете најдено обесено во потпокрив на куќа во Чајле, Гостиварско
Италијанскиот претседател го распушти парламентот
Уште една координација за одблокирање на буџетот
Османи - Македонија е зрела за широка коалиција
Либертас - Македонија членка на ЕУ во 2020 година
Ставрески - Очекувам буџетот да се донесе до крајот на годината
Двајца убиени, десетици повредени, стотици уапсени при протести во Аргентина
Охрид ќе добие двокатен туристички автобус
Владата организира „Ден на идеи“
СДСМ - Државата е задолжена со нови 100 милиони евра
Мико - Условувањето за НАТО фрустрира, оти за име не се преговара
Ставрески - Парите од Светска банка нема да ги трошиме за избори
Средба на лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“
Маринец кој мокрел над мртов Авганистанец доби 500 долари казна
(ФОТО) Државата со вино си го наплаќа долгот од ��Повардарие“
Бугарите земаат најниски плати во Европа
Тачи не верува дека Македонија брзо ќе добие датум за преговори
Одложено судењето на гостиварскиот полицаец
Бошкоски оздраве и сведочеше за Тушевски
Дефектите на „Водовод“ пријавувајте ги на бесплатен број
„Градска“ одбележува 50 години од постоењето
Бездомниците од Момин Поток добија ранци со топла облека
За патишта и железници 50 милиони евра од ИПА
„Вранец“ на „Тиквеш“ ќе се пие во Данска
Давутоглу - И за крајот на светот ќе одберев да бидам во Македонија
Во избирачкиот список евидентирани 1.749.038 граѓани
Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Радовиш
Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот
Поради крајот на светот, Ртањ преплавена од новинари и научници
Грчки медиуми - „Македонија“ е втор дом на Давутоглу
(ВИДЕО) НАСА - Зошто не дојде крајот на светот
Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични
Следната година ќе биде една од најтоплите
Асанж - Викиликс во 2013 година ќе објави уште милион документи
(ФОТО) Две децении дипломатски односи Македонија-Турција
Нимиц во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари
Ставрески прифати 44 амандмани на опозицијата
Пердју - Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Преку блокадата на буџетот, СДСМ ги уценува граѓаните
Биографија на Бил Гејтс во издание на „Бата прес“
За една година од Македонија изнесени 461 милиони долари
Најниската понудена камата за новиот заем е 3,9 отсто
Новогодишни хуманитарни изненадувања за најмладите
ДУИ ги потврди позициите за законот за бранители
Макрадули - Градската власт им нуди розови очила на скопјани
СДСМ не отстапува од нивниот план за штедење
Син ја задави мајка си поради цигара
Златна зора бара одмазда за Унгарија
ЕУ бара одговорно однесување од политичките партии
(ФОТО) Неуспешен обид да почне судењето за „Монструм“
Александра Зафировска останува на чело на Судскиот совет
Турција е најголемиот затвор за новинари во светот
На Табановце запленети 25 килограми марихуана
Асанж - Мрачни сили надвиснале над интернетот
Путин негира дека има здравствени проблеми
И 2013 критично важна за Грција
Чекови на половина милијарда долари најдени кај Ѕидот на плачот
Над 30 илјади косовски Албанци земале српски пасош
Продолжува расправата за Законот за бранители
Продолжува координацијата за деблокирање на буџетот
Почнува судењето за „Монструм“
(ФОТО) Кампањата на Макрадули како претседателската на Пахор



pile, 21.12.2012 22:12:15
Najverojatno Pretsedatelot na drzjavata podatocite za nemanje na potencijalna opasnost po bezbedosta na Drzjavata gi crpe od Agencijata za razuznavanje,i se odnesuvaat na nemanje na direktna zakana po teritorijalniot integritet i suverenitet na Drzjavata kako od nadvor taka i od vnatre od organizirani grupi i slicno.Neznam kako nemozje da zabelezji deka vo Drzjavata na sekoj plan se odviva tivka i spontana sabotazja na sekoj dosega vospostaven demokratski proces koe nesto pretstavuva subverzivna vojna protiv opstojuvanje na Drzjavata, a poopasno i od drzjaven udar vo zemjata.Vakvite izneseni smiruvacki tonovi kon Makedonskite gragjani ako ne bidat prosledeni so vidlivi rezultati za obezbeduvanje na uslovi za pocituvanje na Zakonite i vladeenje na pravoto vo sekoj segment na opstestvenoto zjiveenje,intervjuto na Pretsedatelot ke ostane samo zapemeteno po nemanjeto sens za pravilna ocenka na sostojbite i procenka za opasnosta vo koja se Makedonskite gragjani rakovodeni od Gruevski i fam
zik, 22.12.2012 02:01:13
повторно глупост од ,,председателот,,!нимиц е тој што очекува иницијатива од македонија и грција...
Makedonche, 22.12.2012 02:57:52
Morame nie da bideme proaktivni, a ne da chekame na Nimic. Vo povece navrati napishav, RM(SK) erga omnes (-doma) mozebi e najdobro. Za GR ke bideme Skopje i Skopjani, za ostanatiot svet Makedonija i makedonci. Namesto FIROM ne drzi voda, bidejci grcite toa mnogu brgu i mnogu lesno ke go svedat na erga omnes, a ke go izgubime kako dzoker/popushtanje. I ova shto go slushame SRM (ne RSM) ne e taka strashno. Normalno, bez chepkanje vo identitetot. Vo sekoj sluchaj, neshto mora da napravime, kolku i da ne sakame.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: 0°C

Вторник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз-Титова Совладетелка (35)
Дали Јованка била параноик.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |