Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.12.2012, 16:18

(ФОТО) Кампањата на Макрадули како претседателската на Пахор

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, во обид да ги придобие граѓаните, ќе менува светилки, ќе чисти снег, ќе продава костени..

ФОТО: Киро Попов

Неформална и теренска кампања, базирана на непосредни средби со скопјани, главно, ќе води кандидатот на СДСМ за градоначалник на главниот град, Јани Макрадули. Тој денеска отвори канцеларија за идеи во центарот на Скопје, близу плоштадот „Македонија“ и го промовираше предизборното мото „За Скопје, сега“. И покрај опозициските најави за можен бојкот на изборите во март, Макрадули ја почна денеска и формално предизборната битка со актуелниот градоначалник Коце Трајановски, кому ВМРО-ДПМНЕ, деновиве, му даде доверба повторно да се натпреварува за главниот град.

Опозицијата, според наши информации, планира во Скопје да води кампања слична како таа на Борут Пахор, поранешен премиер на Словенија, кој минатиот месец победи на тамошните претседателски избори, како кандидат на Социјалдемократската партија. Така, Макрадули, на пример, ќе продава костени во центарот на градот, ќе работи на шанк во кафуле, ќе чисти снег и ѓубре, ќе менува светилки... Во активностите ќе му помага т.н. еколошка бригада, чии „припадници“ вчера, симболично, со зелен клуч ја отворија Канцеларијата за идеи.



Шеф на изборниот штаб на Макрадули ќе биде пратеникот Горан Минчев. Претседателската кампања на социјалдемократите во Словенија беше многу невообичаена, но оригинална и предизвика различни реакции во јавноста. Пахор, кому анкетите во почетокот не му беа наклонети, ја почна кампањата многу порано од официјалниот рок. Тој чистеше смет по улиците, продаваше цвеќе и зеленчук на пазарите, гаснеше пожари, беше фризер... На крајот се соочи и со пријави во трудовата инспекција за работа на црно, бидејќи, во текот на неформалната кампања, одработил цела смена во фабрика за чорапи и помогнал при асфалтирање пат.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, му изрази денеска поддршка на Макрадули. Претходно, учество во кампањата на кандидатот на СДСМ за скопски градоначалник најавија повеќе познати личности од јавниот живот - актери, пејачи, спортисти и новинари - Ѓокица Лукаревски, Атанас Костовски, Наталија Тодоровска, Бојана Атанасовска, Нора Шаќири, Кирил Колемишевски...

Лукаревски за оваа пригода ја испеа во своја верзија песната „Скопје радост ти ќе бидеш“, која ја преобрази во „Јани гордост ти ќе бидеш“. Зборовите на Шакири „Курбан-бајрам ти донесе победа, а Свети Никола ќе ти донесе победа“, го расплакаа градоначалничкиот кандидат на опозицијата. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 6859 пати.


Испрати коментар



Ставрески - Парите од Светска банка нема да ги трошиме за избори
Средба на лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“
Маринец кој мокрел над мртов Авганистанец доби 3.500 долари казна
(ФОТО) Државата со вино си го наплаќа долгот од „Повардарие“
Бугарите земаат најниски плати во Европа
Тачи не верува дека Македонија брзо ќе добие датум за преговори
Одложено судењето на гостиварскиот полицаец
Бошкоски оздраве и сведочеше за Тушевски
Дефектите на „Водовод“ пријавувајте ги на бесплатен број
„Градска“ одбележува 50 години од постоењето
Бездомниците од Момин Поток добија ранци со топла облека
За патишта и железници 50 милиони евра од ИПА
„Вранец“ на „Тиквеш“ ќе се пие во Данска
Давутоглу - И за крајот на светот ќе одберев да бидам во Македонија
Во избирачкиот список евидентирани 1.749.038 граѓани
Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Радовиш
Иванов - Очекуваме нови иницијативи и идеи од Нимиц
Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот
Поради крајот на светот, Ртањ преплавена од новинари и научници
Грчки медиуми - „Македонија“ е втор дом на Давутоглу
(ВИДЕО) НАСА - Зошто не дојде крајот на светот
Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични
Следната година ќе биде една од најтоплите
Асанж - Викиликс во 2013 година ќе објави уште милион документи
(ФОТО) Две децении дипломатски односи Македонија-Турција
Нимиц во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари
Ставрески прифати 44 амандмани на опозицијата
Пердју - Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Преку блокадата на буџетот, СДСМ ги уценува граѓаните
Биографија на Бил Гејтс во издание на „Бата прес“
За една година од Македонија изнесени 461 милиони долари
Најниската понудена камата за новиот заем е 3,9 отсто
Новогодишни хуманитарни изненадувања за најмладите
ДУИ ги потврди позициите за законот за бранители
Макрадули - Градската власт им нуди розови очила на скопјани
СДСМ не отстапува од нивниот план за штедење
Син ја задави мајка си поради цигара
Златна зора бара одмазда за Унгарија
ЕУ бара одговорно однесување од политичките партии
(ФОТО) Неуспешен обид да почне судењето за „Монструм“
Александра Зафировска останува на чело на Судскиот совет
Турција е најголемиот затвор за новинари во светот
На Табановце запленети 25 килограми марихуана
Асанж - Мрачни сили надвиснале над интернетот
Путин негира дека има здравствени проблеми
И 2013 критично важна за Грција
Чекови на половина милијарда долари најдени кај Ѕидот на плачот
Над 30 илјади косовски Албанци земале српски пасош
Продолжува расправата за Законот за бранители
Продолжува координацијата за деблокирање на буџетот
Почнува судењето за „Монструм“



ФЕЛИКС, 19.12.2012 17:03:47
Се прашувам дали покрај врската со пахор има врска и со НАДЕЖ.Затоа што и двете врски се од исто поднебје.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -6°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |