Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.12.2012, 15:24
СДСМ не отстапува од нивниот план за штедење



За опозицијата е неприфатлив предлогот министерот Ставрески писмено да се изјасни за амандманите, по што за буџетот пратениците да расправаат само на пленарна седница

Наместо да ги приближуваат, владејачкото мнозинство и опозицијата уште повеќе ги оддалечуваат позициите околу усвојувањето на буџетот за наредната година и можноста за неговото деблокирање. И денешната трета координација по ред кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, помина неуспешно и без договор за надминување на блокадата на финансискиот план за наредната година. За СДСМ и за другите претставници од опозицијата бил неприфатлив предлогот на Вељаноски Министерството за финансии писмено да се изјасни за над 1.200 ��мандмани, потоа тој извештај со мнозинство гласови да биде прифатен на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, по што за буџетот пратениците ќе расправаат на пленарна седница. Пред продолжението на координацијата кај Вељаноски, што беше закажана за вчера попладне, координаторот на пратениците од СДСМ Игор Ивановски побара од него да го повлече ваквиот предлог и го обвини за партиски пуч врз парламентот.

„Претседателот Вељаноски во име на власта обзнани сценарио за партиски пуч во оваа држава, со кое треба да се погази, поништи Уставот, Деловникот, начинот на функционирање на ова Собрание во изминатите 20 години. Се надеваме дека ќе се откажат од ова катастрофално сценарио. Во спротивно, сите последици што ќе произлезат доколку останат на ова сценарио ќе бидат резултат или одговорност само на владејачката коалиција“, изјави Ивановски.

Тој појасни дека, според планот на ВМРО-ДПМНЕ, предвидено било по писменото изјаснување на Ставрески за амандманите Комисиите да не заседаваат, пратениците од мнозинството писмено да одговорат дека се согласуваат со него, и на крај претседателите на Комисиите да потпишат извештај во којшто без дебата буџетот е завршен. Ако не го сторат тоа, мнозинството пратеници во нивно име ќе се потпишат.

Преговорите околу буџетот, дополнително ги комплицираат партиите на Албанците ДПА и НДП кои заедно имаат поднесено над 600 амандмани. И двете партии вчера, иако поканети, не присуствуваа на координацијата кај Вељаноски. Пратеникот од ДПА Зијадин Села повтори деа главниот проблем на буџетот е што е антиалбански бидејќи ништо не се инвестира во регионите каде мнозинство е албанското население.

Изет Зеќири од НДП рече дека не присуствувал на средбата бидејќи планот на Владата бил несериозен и оти вчера министерот за финансии Ставрески јасно порачал дека ќе прифати проекти што ќе се вклопат во владините проекти. Неговите амандмани се однесуваат, главно, на инфраструктурни проекти во вредност од 80 милиони евра. Разговорите за повлекување на неговите амандмани, вели тој, може да продолжат на политичко и на експертско ниво.

„Да предложев изградба на фонтана можеби ќе прифатеа, но јас предлагам сериози инфраструктурни проекти, а тоа за нив не е важно“, коментира Зеќири. (Т.П.)





Статијата е прочитана 1281 пати.


Испрати коментар



Ставрески - Парите од Светска банка нема да ги трошиме за избори
Средба на лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“
Маринец кој мокрел над мртов Авганистанец доби 3.500 долари казна
(ФОТО) Државата со вино си го наплаќа долгот од „Повардарие“
Бугарите земаат најниски плати во Европа
Тачи не верува дека Македонија брзо ќе добие датум за преговори
Одложено судењето на гостиварскиот полицаец
Бошкоски оздраве и сведочеше за Тушевски
Дефектите на „Водовод“ пријавувајте ги на бесплатен број
„Градска“ одбележува 50 години од постоењето
Бездомниците од Момин Поток добија ранци со топла облека
За патишта и железници 50 милиони евра од ИПА
„Вранец“ на „Тиквеш“ ќе се пие во Данска
Давутоглу - И за крајот на светот ќе одберев да бидам во Македонија
Во избирачкиот список евидентирани 1.749.038 граѓани
Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка кај Радовиш
Иванов - Очекуваме нови иницијативи и идеи од Нимиц
Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се донесе буџетот
Поради крајот на светот, Ртањ преплавена од новинари и научници
Грчки медиуми - „Македонија“ е втор дом на Давутоглу
(ВИДЕО) НАСА - Зошто не дојде крајот на светот
Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични
Следната година ќе биде една од најтоплите
Асанж - Викиликс во 2013 година ќе објави уште милион документи
(ФОТО) Две децении дипломатски односи Македонија-Турција
Нимиц во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари
Ставрески прифати 44 амандмани на опозицијата
Пердју - Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Преку блокадата на буџетот, СДСМ ги уценува граѓаните
Биографија на Бил Гејтс во издание на „Бата прес“
За една година од Македонија изнесени 461 милиони долари
Најниската понудена камата за новиот заем е 3,9 отсто
Новогодишни хуманитарни изненадувања за најмладите
ДУИ ги потврди позициите за законот за бранители
Макрадули - Градската власт им нуди розови очила на скопјани
Син ја задави мајка си поради цигара
Златна зора бара одмазда за Унгарија
ЕУ бара одговорно однесување од политичките партии
(ФОТО) Неуспешен обид да почне судењето за „Монструм“
Александра Зафировска останува на чело на Судскиот совет
Турција е најголемиот затвор за новинари во светот
На Табановце запленети 25 килограми марихуана
Асанж - Мрачни сили надвиснале над интернетот
Путин негира дека има здравствени проблеми
И 2013 критично важна за Грција
Чекови на половина милијарда долари најдени кај Ѕидот на плачот
Над 30 илјади косовски Албанци земале српски пасош
Продолжува расправата за Законот за бранители
Продолжува координацијата за деблокирање на буџетот
Почнува судењето за „Монструм“
(ФОТО) Кампањата на Макрадули како претседателската на Пахор



Никола К., 20.12.2012 22:08:49
Доколку СДСМ продолжи со ваквата манифестација на својата наводна загриженост многу скоро ќе има едноцифрен рејтинг! Народот знае кој пред 20 години за само 2 години за преку 20% ја зголеми невработеноста во Македонија! Денес можеби стандардот не е значително подобрен но барем народот гледа каде одат парите!
jovan, 21.12.2012 00:08:56
Neznam sto konkretno se slucuva veke tamu, koj e kriv koj e prav, no vo slucajov gi podrzuvam SDSM da izdrzat do kraj. VMRO se zbesnati, se zakanuvaat so razno razni scenarija za propast na drzavava i svetot ako ne se izglesal budzetot koj e skroen po nivna merka i za niv. Pa i da e tocno toa deka ke sme propadnele ako ne se izglasal i donel budzetot, pa neka propadneme. Stom doslo do tamu, podobro sto poskoro da propadneme pa da vidime od kade ke pocneme, otkolku i ponataka da ne zamajavaat so fontani, ogradi, fasadi i slicni lopovluci koj ni gi prikazuvaat kako investicii i razvoj. Ova dosegasnovo i onaka veke nema smislaa, pa i da propadne, ne e nekoja steta. Moze ke bide i za arno, a za loso, i onaka veke e premnogu loso i kriticno vo drzavava.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -6°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |