21.12.2012, 12:42 Заврши победничката серија на Оклахома
Минесота ги порази „тандерс“ (99:93), прекинувајќи им ја триумфалната низа од 12 меча едноподруго
Екипата на Оклахома Сити е запрена во Минесота, откако ноќеска го доживеа петтиот пораз сезонава во НБА лигата и со тоа ја прекина серијата од 12 победи. Решавачката предност домашната екипа ја направи во првиот периот кој го доби со 30:18.
Повеќе играчи кај домашните беа расположени за игра. Кевин Лов имаше „дабл-дабл“ учинок 28 поени и 11 скокови, Никола Пековиќ оствари 24 поени и 10 скокови, а Џеј Џеј Бареа од 18 поени 14 ги постигна во последниот период.
Резултати: Минесота - Оклахома Сити 99:93, Далас - Мајами 95:110 и Портланд - Денвер 101:93.
Вечерва се играат десет натпревари: Торонто - Орландо, Филаделфија - Атланта, Бостон - Милвоки, Њујорк - Чикаго, Детроит - Вашингтон, Кливленд - Индијана, Мемфис - Далас, Сан Антонио - Њу Орлеанс, Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто и Голден Стејт - Шарлот.
ИСТОК: Њујорк 19-6 (победи-порази), Мајами 17-6, Атланта 15-8, Чикаго 14-10
ЗАПАД: Оклахома Сити 21-5, Лос Анџелес Клиперс 19-6, Мемфис 17-6, Сан Антонио 19-8, Голден Стејт 17-9 итн.
|