23.12.2012, 15:33 Лазаров остана без трофејот, моќна Барса
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров и неговиот Атлетико Мадрид беа убедливо поразни во финалето на АСОБАЛ купот од моќниот тим на Барселона.
Одлуката на тимот од Мадрид летоска да продадат неколку клучни играчи се покажа како погрешна, на трите годинешни средби, Барселона трипати славеше на дуелите со тимот на Лазаров. Освои пехар од Супер куп, на сигурен пат е да ја одбрани шампионската титула, а во саботата го додаде во витрината и пехарот од Асобал Куп.
Последниот пораз беше прилично фрустрирачки за нашиот ракометар и црвено-белите.
Атлетико одлично го отвори натпреварот, поведе со 5:1, во 13. минута имаше водство од 6:2, но во 20 минута беше 9:9. Сепак, до полувремето Атлетко с уште успеваше да го држи резултатот под контрола, иако на одмор се замина со егал (13:13).
Но, во вториот дел Барселона беше незадржлива. Даниел Шариќ го затвори голот, поведоа со 20:14, 28:20 каталонците и на крајот запишаа убедлив триумф од 32:24.
Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров имаше прескромно остварување на овој натпревар. Постигна само 2 гола од кои едниот од пенал.
Паузата порад СП во секој случај добро ќе му дојде на клубот да се консолидира, среди, да одигра потези какви што ќе одигра и да се обиде да ја заврши сезоната барем со еден пехар - Купот на кралот кој се игра во мај. |