Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.12.2012, 17:43

Поглед

Индијана Џонс и македонскиот буџет

Мирче Јовановски

„Можеби во Македонија го нема Индијана Џонс, но изгубениот ковчег со државни пари некој некогаш ќе го најде. Прашање е само чии отпечатоци ќе има на ковчегот“. Со оваа реплика на пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска, која всушност беше одговор на дофрлање на пратениците од владејачката коалиција, популарниот филмски лик доби улога во расчистување на сметките околу владините трошења на јавните пари, а кои опозицијата сака да спречи да се повторат.

Дел од дебатата за владиниот предлог за буџетот за 2013 година беа и „солзите на Макрадули“, „плачкото Влатко“, ноктето на Благородна (Дулиќ), убиството на Мартин Нешковски и застрелувањето на Диме Ицковски-Поштарот, судскиот епилог за млекарот Душко Илиевски, како и кој колку придонел за пензионерите и што (не) изградил. Сето ова се случуваше завчеравечер на седницата на Комисијата за финансирање и буџет која заврши дури вчера во раните утрински часови. Куриозитет е што и на ова продолжение формално се расправаше за амандманот на Гордан Георгиев за автобуски постојки. Наместо за амандманот јавноста имаше можност преку Собранискиот канал да следи сочни реплики меѓу Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шекеринска од СДСМ. Во еден момент состојбата се закани да излезе од контрола кога Димовски, додека на говорницата беше Шекеринска, му дофрли на претседавачот Мисовски: „Ќе те спружам на насловна страна“.

„Ваква закана не прифаќам“, реагираше Мисовски, додавајќи дека за инцидентот ќе го информира и претседателот на Собранието. Во дофрлувањето се вклучи и пратеничката Силвана Бонева, која реакцијата на Димовски не ја сметаше за закана, а се надоврза Шекеринска со констатацијата дека „Димовски е в.д. уредник на многу медиуми“.

Шекеринска обвини дека преку рекламни кампањи, Владата ја финансирала кампањата за ланските избори.

„Во ек на кампања, пет дена пред изборите за еден ден се потпишани 29 договори за реклами во вредност од 317 милиони денари или 5 милиони евра. Дали е тоа случајно?“, рече Шекеринска. „Па, Бранко Лустиг да го викневте и Спилберг и Лукас, со помалку пари ќе поминевте“, обвини таа, мавтајќи со листови хартија. Таа обвини и дека слично сценарио власта подготвува во предложениот буџет и дека за локалните избори сака да потроши 200 милиони евра што нема да помине кај опозицијата.

Во една од репликите, Димовски објасни дека сегашната Влада направила многу повеќе од она што го правеле владите на СДСМ. Поединечно набројувајќи ги проектите за изградба на многу објекти, училишта, спортски сали, градинки, како и набавката на опрема за здравството, автобуси итн., тој рече дека на таков начин всушност се поттикнува домашната економија, при што детално го опиша патот на парите.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да помине уцената што ја правите“, рече Димовски имајќи ги предвид амандманите кои ги предложи опозицијата, кои според него се причина буџетот за наредната година да не се донесе навреме и така да дојдат во опасност ветените зголемувања на пензиите, социјалната помош и другите владини проекти.

„Вие сакате да го блокирате буџетот за да создадете хаос, но тоа нема да ви го дозволиме“, рече Димовски отфрлајќи ги обвинувањата дека задолжувањето било зголемено.

„Тврдите дека задолженоста во апсолутен износ се зголемила, но не споменувате дека е дуплиран домашниот бруто-производ и дека исто така се речиси удвоени и девизните резерви“, рече Димовски додавајќи дека опозицијата не кажува дека во изминатите седум години Владата отплатила кон странство 700 милиони евра, од кои половината биле направени во време на мандатот на СДСМ.


Статијата е прочитана 1438 пати.


Испрати коментар



Лустрациска тага голема
Претседателот тргна на избори
Лесни задолжувања – тешки последици
Писма - Недозволено критизерство на сопствената историја
Писма - Го бараме својот дом!



bojan, 21.12.2012 01:33:31
Raca CAR!!!auuuu sto i napravi na ovie od VMRO , gi zdrobi ej
Bosko, 21.12.2012 02:14:29
Da sum na mestoto na Dimovski vednas bi se otselil od Makedonija od sram da izlezam na ulica.
Brane, 21.12.2012 02:55:55
Ako malku narodot e popameten namesto da gi gleda celi denovi da glumet koj povece ukradol ili pomognal i koj povece go navredil drugiot bi zele site zaednicki nezavisno na koja partija i religija pripaget po eden stap ili kako sto vikaa starite edna LASTEGARKA i bi im udrile po nekolku lastegarki po zadnicine koj cel den gi potet koj povece navodno placel za siromasite .Abre niti ednite niti drugite nemislet za narodot nego za gebot nivni i zatoa neka neglumet deka nesakale da go izglaset bugetot .A i danego izglaset ponovo drzavata ce zivee samo malku potesko no zatoa narodot ce presudi na slednite izbori koj povece lazel ovie 20 godini
Анета, 21.12.2012 05:54:33
Господине Јовановски, состојбата е сериозна. Се прави голема штета на Македонија. Постапките на неодговорните бранкови пратеници добија веќе критики од сите инстотуции во државата, од земјоделците, преку коморите до претседателот. Се огласија дури и странски институции како ЕУ и светската банка. Сие го осудуваат СДС за ова. Значи претераа. Затоа немојте да пишувате како да е сето некаква обична шега. Работата е многу, многу сериозна, со несогледиви последици по сите и по државата.
ФЕЛИКС, 21.12.2012 08:07:25
Посакуваниот Индијана Џонс по се изгледа е во заминување ја некаде пред или после мартовските избори ако се одржат.Или ќе имаме пак ,,па шо сум рекол,не сум пресекол и немет избори,,.Инаку изгубениот ковчег е одамна и најден и отворен.И така најден и отворен како и во филмот на Спилберг тие што го отворија беа спржени.Секоја спореба со филмот и пост изборните случувања е намерна,оти ефектот е ист.Инаку не дознавме дали г-ѓа Шеќеринска напишаните и размавтани докази им ги подели на присатните и нормално медиумите за да сите се уверат како се трошени парите.По се изгледа тоа не се направи (оти ќе имаше цитирани документи по медиумите)и документите беа вратени во блеферскиот џеп.Инаку сакам да бидам демантиран и тие пишани факти видат,,бело видело,, и да видиме како тоа власта троши народни пари и да им се истуриме со критики.Инаку ,,умре одамна,,да некој некому верува на збор и на размавтани а невидени документи.
лудебит, 21.12.2012 08:40:31
Гледам, слушам и неможам да донесам мој заклучок, изгледа мојот IQ е на некоја граница,абре ми9нистре за финансии и пари дати дадам еден предлог, си имаш какво такво станче по америкине, абре поднеси оставка пуштиги овие недоветни нека се дават и удават, па човеку итиси човек од крв и месо и ти имаш праг на издржливост, оди уживај со она штосиго створил во твојот мркотрпен живот, немој да оставиш друг даго ужива твојот благодет. Пари никогаш доста.
petre, 21.12.2012 08:44:34
Mirce, stavot ne tie dovrsen, fali nesto. Ti dobro znaes sto.
Коста Стоименовски, 21.12.2012 08:47:27
Усвојувањето на буџетот е мошне тешка и макотрпна работа во секоја демократска и правна држава! Погледајте како тешко оди усвојувањето на буџетот и во САД. Факт е дека актуелната македонска власт досега мошне лесно и без контрола трошеше огромни суми народни пари за апсурдни „проекти“ и за интензивно и енормно скапо саморекламирање. Крајно време е на таквото дефинитивно да му се стави крај! Имам пречувство дека пред изборите власта, сепак, ќе ги изманипулира и опозицијата и граѓаните, на тој начин што нередовно ќе исплатува плати, пензии, субвенции и слични социјални давачки, а за тоа ќе ја обвини опозицијата затоа што не дозволила да се усвои буџетот!!!???
Баба Евда, 21.12.2012 11:18:00
Да , шате бабино , изгубениот ковчег е најден. Во Флорида , Дубаи , Маршалски Острови! Во него , само оваа години , се пикнаа 465 милиони долари!Што е направено за седум години допрва ќе видиме. А , другарка ти Анета, нека си фантазира за протести од „земјоделците-административци“, преку коморите-Каленикови до претседателот-кукла. „Се огласија дури и странски институции како ЕУ и светската банка“. Каде се огласија? Ха , ха , ха!!! И сите рекоа „ Браво , Грујо“!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: 0°C

Вторник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз-Титова Совладетелка (35)
Дали Јованка била параноик.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |