07.01.2013, 14:00 Годинава најмногу среќа ќе имаат децата
Кај премиерот Груевски паричката ја добила ќерка му Анастасија, во семејството Црвенковски најсреќен ќе биде синот Љупчо, а во домот на Вељаноски, паричката паднала кај синот Филип
Празнувањето на денот на Христовото раѓање, покрај големото религиското значење и важност, е исполнет со низа традиционални обележја, кои го квалификуваат, пред се', како семеен празник, а една од поинтересните е кршењето на лепчето спроти Божик.
Велат кај кого ќе падне паричето на бадниковата вечер тој ќе има среќа цела година. Паричката во семејството на претседателот Ѓорге Иванов паднала на куќата, кај премиерот Груевски паричката ја добила ќерка му Анастасија, во семејството Црвенковски најсреќен ќе биде синот Љупчо, а во домот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, паричката паднала кај синот Филип.
|