07.01.2013, 14:38 САД: Асад сака само да ја задржи власта
Политичкото решение за кризата во Сирија, презентирано вчера од сирискиот претседател Башар ал Асад е неефикасно, изјаи портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд.
„ Говорот на Асад, во кој тој го изложи својот план е нов обид на режимот да ја задржи власта и воопшто не придонесува за постигнување на целта на сирискиот народ за политичка транзиција во земјата“, нагласи Нуланд.„Неговата иницијатива е неефикасна, ги поткопува напорите на меѓународниот посредник Лахдар Брахими и само му дозволува на режимот да продолжи со крвавите репресии против сирискиот народ“, додаде таа.
Според неа Асад ја загубил легитимноста и треба да си замине од власт, за да ги овозможи демократските реформи во земјата.
|