05.01.2013, 18:37 Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Синоќа во семејниот дом во Битола почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски.
Прчевски е роден во 1950 година во Битола, дипломирал на Правниот факултет во 1978 година, извршувал повеќе јавни функции во сферата на судството, бил претседател на Основниот суд во Битола, а во 2003 година од страна на Собранието на Република Македонија беше избран за државен јавен обвинител. Функцијата државен јавен обвининител ја извршуваше во еден мандатен период, а потоа професионалната кариера ја продолжи како адвокат.
Погребот на Александар Прчевски беше извршен денеска на семејната гробница во битолското село Буково.
|