Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.01.2013, 15:23

Ќе се гради Аква парк во СРЦ „Борис Трајковски“

Пректот е вреден 4,2 милиони евра и е дел од владината програмата, а треба да биде завршен до почетокот на летово

Премиерот Никола Груевски и директорот на СРЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски денеска го означија почетокот на градбата на Градскиот аква парк, објект кој ќе биде во состав на Спорсткиот центар. Пректот вреден 4,2 милиони евра, кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, треба да биде завршен до почетокот на летово.

На површина од 12.000 метри квадратни треба да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

Аква паркот е проект на фирмата Темон, а изведувачи на градежните работи ќе бидат Полин од Турција, компанија која има реализирано преку 2.000 аква паркови ширум светот, како и Жикол од Струмица и Електроунион од Скопје.

- Ние создаваме и градиме и ќе продолжиме да градиме. Делата се она по што се мериме, тие остануваат, се вреднуваат и се гледаат. Од нашите дела корист имаат сите граѓани на Република Македонија. На ова место, непосредно до Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за неколку месеци ќе биде изграден уште еден уникатен објект за забава и релаксација со културни, трговски, едукативни и спортски содржини. Аква паркот ќе претставува вистинска атракција за жителите на Карпош и на Скопје, но и пошироко за сите домашни и странски туристи, рече премиерот Груевски во своето обраќање.

Владата, додаде, продолжува со реализација на сите капитални проекти кои се од големо значење за граѓаните. Продолжуваме да инвестираме во спортските капацитети во кои се вбројуваат и изградбата на 185 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 тениски терени, 100 повеќенамеснки игралишта, во здравството, образованието, инфраструктурата, земјоделството,...

Директорот Капушевски истакна дека се очекува инвестицијата од 4,2 милиони евра потребна за изградба на Аква паркот, објект, кој како што кажа, дваесетина години му недостасуваше на Скопје да се врати назад за шест до 10 години.

- Иако е светска економска криза и време кога се крати на трошоци успеавме да обезбедиме средства за изградбата на оваа капитална инвестиција која не е луксуз, туку има повеќе позитивни аспекти меѓу кои и фактот дека во неговата изградба ќе бидат вклучени преку 200 работници и бројни компании кои ќе имаат пласман на своите производи. Најважно од се е рекреативната форма на ова јавно добро кое е достапно во летната сезона кога децата се на распуст и кое ќе претставува социолошка бариера во ова време на пороци во форма на рекреација и забава, рече Капушевски.

Додаде дека Аква паркот ќе биде летна атракција во Скопје достапна за сите граѓани и оти ќе биде директен импут за развој на туризмот и локалниот економски развој на општина Карпош, а ќе овозможи и сезонско вработување за 35 лица со лиценци за спасување.


Статијата е прочитана 2052 пати.


Испрати коментар



Фајон - Се уште нема договор за механизмот за враќање на визите
СДСМ ќе оди на локални избори, ако има и парламентарни
На еден телевизор две програми истовремено со 3Д-очила
Гркинка ќе добие 800.000 евра отштета поради инфекција со ХИВ
РФИ - Македонија сака да го избегне грчкото „менгеме“
Промовирана нова лабораторија за детектирање на ХПВ
На Меџитлија запленети 350 килограми марихуана
Македонија ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра
Пешачката улица „Тоше Проески“ ќе продолжи во Јане Сандански
Евидентирани оштетувањата во пленарната сала на Собранието
Рекордна стапка на невработеност во еврозоната од 11,8 отсто
Нимиц во Атина ќе се сретне само со Аврамопулос
Поддршка од 13,37 милиони евра за малите и средни претпријатија
За десет години од Хрватска илегално изнесени 15,2 милијарди долари
Хиџаб и турбан не се за норвешката полиција
Над 100 активни пожари во југоисточна Австралија
Прогнозите погрешни, штедењето не вроди со плод
„Лагард листата“ предизвикува политичка нестабилност во Грција
(ФОТО) Повторно судири во Белфаст
Обама го комплетира кабинетот
На Тајланд уапсен најбараниот светски хакер
Дачиќ - Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се „рестартираат“
Македонски полицајци ловеле посредници за бугарски пасош
„Ер Франс“ со поевтини билети на редовни летови
И Кинезите станаа против цензурата
Борисов лобира против нуклеарната енергија
Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп
Фирмата на Беџет Пацоли ќе го гради стадионот на Интер
Претепан и ограбен жител на тетовско Селце
Изет Зеќири избран за секретар на НДП
Повредено лице во судар на воз и автомобил
Белгиски амбасадор навредувал претседател
Берлускони скромен - сака да биде само министер
САД - Асад сака само да ја задржи власта
Охридските разбојници и натаму во бегство
Втор обид за реконструкција на владината зграда
Амбасадор на Хондурас сменет заради „дива забава“
Хилари Клинтон се враќа на работа по едномесечното отсуство
„САС“ го обвинува „Рајнер“ за тарифна измама
Обама ќе го номинира Џон Бренан за директор на ЦИА
Црвенковски за Божик посака мир, спокојство и здравје во секој дом
Во три сообраќајки, настрадаа тројца пешаци
Премиерот Груевски на божиќна литургија во црквата „Св. Петка“
Иванов - Да бидеме сплотени во текот на целата година
Аврамопулос - Од посетата на Нимиц може да се очекува напредок!
(ФОТО) Православните христијани го слават Рождеството Христово - Божик
(ФОТО) Даниел Воиновски го презеде кумството на скопското бадникување
Пешак почина во сообраќајна несреќа во Скопје
(ФОТО) Скопје во знак на коледарските огнови
Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори



EU, 06.01.2013 16:40:27
Samo vlada sto na graganite, namesto spokojna idnina, im nudi leb i igricki, moze da proglasi akva park za kapitalna investicija.
mile, 06.01.2013 17:06:42
Создавате и градите ВЕТЕР И МАГЛА Груевски!!! Каде е некоја фабрика или некој енергетски објект да изградите???? За вакви коколиња и фирма од Јурумлери може да гради...........
riki, 06.01.2013 17:12:47
samo gradejte.pari ima dosta na minus saldo.i grcite pred olimpijadata gradea sekakvi sportski objekti,parkovi i neznam sto uste ne.se razbira,se perea ogromni sumi na pari.ne e tajna.sekoj denes go znae toa vo grcija ama sega kreditite im se pogolomi od vrednosta na samata drzava.no za nas nema problem.nie sme svetska ekonomska sila.eksportot ni e mnogu pogolem od importot,taka da imame ogromen subficit.absurd neviden.neznam koji i kakvi se tie kalkulacii na vladata.i ne mi e jasno kolku se investira i vo sto se investira?nemaat li strucni finansiski eksperti da tie dosega skoro nepotrebni OGROMNI sumi na pari gi prenasocea vo PRIORITETNI investicii vo stopanskiot sektor,infrastrukturata,inovatorstvoto!!!toa se predispoziciite na sekoaja normalna drzava za obezbeduvanje na rabotni mesta.ili dosta vi se ovie taka nareceni,industriski zoni,2-3 hektari zemjiste zagradeni so zica!?odime vo neizbezen ekonomski kolaps.
Варен, 06.01.2013 18:20:17
Знам дека во летото 2012 СКопје немаше ниту еден базен, ниту едно место за разладување. Кој беше виновен не знам. Но знам дека бев кај познати, во Јагодина, Србија и бев прекрасно изненаден кога видов дека гратче како Прилеп да речеме, има 6 базени како солза чисти и кој од кој поубави. НЕ смеев да изустам дека Скопје, со жители 12-15 пати повеќе нема НИЕДЕН базен и НИЕДНА река и НИЕДНО езеро за разладување. Ај да видиме следното лето како ќе биде. Не ни треба аква парк, колку што ни треба еден убав базен. Не мора да имаме 6 како во Јагодина, која споредена со Скопје е село... Ич уста да не отварам за некои цивилизирани земји како Швајцарија кадешто во секое село и училиште има базен.
pile, 06.01.2013 20:03:40
Ние создаваме и градиме и ќе продолжиме да градиме. Делата се она по што се мериме, тие остануваат, се вреднуваат и се гледаат.(N.G.)Najpatriotskiot Premier vo zaminuvanje so svojata nesovesnost kon sredstvata od budjetot na gragjanite na R.Makedonija i so neiskrenost pred izmanipuliraniot DPMNE-vski elektorat kako del od ovoj ,,kakov takov narod,i na ovoj Svetol den, dokazjuva do kade mozje da oddi licemerieto na strukturata na Vlast rakovodena od familijata i Gruevski.Delata se toa po sto se merite,zaedno so DUI i po nekoj lider koj mavta so sredniot prst kon svoite gragjani a Vie nesmeete nitu da go gledate, a del od niv se, nad 30% nebrabotenost, nad 30% siromastija,fijasko na evroatlanskite integracii,katastrofalni ocenki za vladeenje na pravoto i pravnata drzjava i sostojbata so mediumite i covekovitye prava od relevantni megjunarodni Organizacii kako Stejt departmentot na SAD,Amnesti internesenel,Helsinskiot komitet i drugi.GRUEVSKI,TOPLO VI PORACUVAM,PAKUVAJTE SE,OSTAVKA
На Божиќ да повраќаш!, 06.01.2013 20:05:10
Овој Груевски и на Божиќ ми го расипа стомакот! Па имајте исаф...ДОСТА БРЕ со ваште шупливи проекти за делење пари на партиска восјка...што после ќе ги трошат во Дубаи и че ги носат по странски банки...! Дајте ги тие пари како социјална помош на народ та да ги потроши на пазар, во локалните економии...фа види чаршијана АЛАШ ВЕРИШ...Без Чаршија ќе оди и Гриевски, ама и државава јабана! А вакви водени паркови чаршија затвораат а не отвораат! Тие отвораат едно дуќанче на многу ортаци!
deko, 07.01.2013 09:53:39
До сите коментари поделе што ги напишавте.Кај сте чуле бре необразовани ни заедни некаде во цел свет државата да отвара фабрики.Секој малку барем образован знае дека владата на секоја држава само ствара предуслови �� олеснителни законски прописи за да го олесни отварањето на приватни фирми.Сте замрзнале во социјализмот и викате државата треба да отварала фабрики.Не пишувајте и не коментирајте нешто за кое благе везе немате.Е сега разбирам колку е тешко да се води држава со вакви дибеци како вас.Барате нешто од владата за која таа нема ингеренции и надлежности како и секоја влада во светот.Нејзина надлежност се донесување на закони,управување со државата преку своите министерства,градење на инфраструктура,спроведување на законите и да не набројувам-земете некое книгиче прочитајте па напишете нешто умно вака ниту да ви се смеам ниту да ве жалам.
srebre, 07.01.2013 10:20:38
celo vreme gradi vmro mrtov kapital ne kade ce ima produktivnost i rabotni mesta tuku od dzep gradjani da davat za tie gradbi malku za nivna izgradba tuku koj ce plati 1000den pa i povece vleznica???ce bide hit mesec-dva mozebi i edna sezona a sto potoa?svoevremeno i serija bazenite vo kale bea hit edna godina i toa vleznicata bese bagatela pa nikoj posle ne odese...
Bozikot e, za mir i ljubov, 07.01.2013 11:56:03
Aman Gospodine Premier, ako go sakate svojot *kakov-takov narod* prestanete da gradite sekundarno potrebni gradbi koi se pravat koga se ima sé vo izobilie,koga narodot e bez gajle za prezivuvanje od sabajle do vecert i koga kako vo *Zalivite, so prst i nesto driugo* da cepnesh, izleguva bogatstvo.Ako vi e do istorisko pametenje na ovoa vashe vreme, dal goispod ili gjavolot, ima so sto da bide obelezeno, ako e za air, i pomala steta za narodot DOSTA E!A ovie *akva cirkuzi*so site nivni *tra la la* sto gi previdovte ke se isplatat za 10-15 godini kako ni kazavte, ama samo vo slucaj da neamat nikakvi popravki, odnosno ako voopsto ne rabotat. Trosocie za popravki nema da gi plakja Vladata, tuku bedniot narod. So tie pari, pomognete bolni i nemokni, poptavete gi patistata za da mozat turistite da gi vidat ubavite manastiri, popravete gi napustenite sela,a ne izmisleni, izgradete fabriki za da izvezuvame, ne da vnesuvame losi avtobusi..Ostavete go Skopje da dishe cist vozduh..
od ostrijot, 07.01.2013 13:53:19
toa stoe rekol grujevski nemoj dago svatite ozbilno toae predbozikna falba eto kobajagi premijerot misli na narodot.ako dosega bese se izgradeno sto bese i obekano kebefme naj izgradena drzava vo evropa.
Do mnogu obrazovaniot deko, 07.01.2013 14:15:00
Ti prijatele izgleda mnogu citas, pa si go izgubil vidot, taka da ne mozes da vidis iljadnici popotrebni raboti od akva park. So tie pari na primer moze da se gasificira golem del od Karpos. A da se trosat krediti za akva parkovi i slicni luksuzi e daleku od pamet. Vo ivreme na vakvo rasfrlanje pari drzavata poradi nemnje sredstva (takvo e obrazlozenieto na Vladata) ne prijavuva stotici i stotici honorarci. Golem del od niv se na vozrast od pedesetina godini a imaat staz so koj nema da mozat da ostvarat penzija. Sto ke bide so niv za desetina godini. Ili mozebi planirate da gi udavite vo akvaparkot. Citaj si knigi i ponatamu i ostani so zdravje.
Трпе, 07.01.2013 14:16:26
Лошите ученици секогаш бегат од решавање на потешки задачи.За позитивна оценка сакат да се изборат со некои лесни и препишани задачи.А секогаш сакат да останат во центарот на вниманието.Но некој кој го нарекуват неизживеан во детството, останува детските комплекси да ги лекува и како возрасен.По илјада пати на нашиот пропаганден премиер му е укажувано но не разликува што е приуритетно.Премиер го толкува како величествен а приоритет не слушнал и никој не му кажал а се плаши и да не го излажат.Од него се бара менаџирање и инвестирање во патишта и енергетски капацитети а тој запнал играчки та играчки.
otpor, 07.01.2013 16:04:02
So cii pari se drzni vladata da gradi vakvi gluposti?I toa samo vo Skopje?Dali jas ne plakam danok oti mozebi ne ziveam vo Skopje?Sto dobivame nie od tie danoci,sto ne ziveeme vo Skopje???A ovoj sto e mnogu nacitan a ne prosetan,neka proseta malku po ovaa drzavicka,ta da vidi kolku mesta ima bez zdrava voda za pienje a za kanalizacija da ne zboruvame koga i golemi delovi od Skopje nemaat kanalizacija vo 21 vek a za patista i zeleznici ic da ne zboruvame,ama koga ke dojde za vrakanje na kreditite togas ke vidime.
kiro usa, 07.01.2013 19:21:54
Vo seloto od dedovinata sto ja imam uste nema kanalizacija aloooooo . Pred izbori obekaat se I svasta. I da koga Grcite ve vikaat SKOPJE vo pravo se makedonija ne postoi bitno e Skopje da se gradi.SREKEN BOZIK DRZAVJANI NA SKOPSKA REPUBLIKA.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованк�� Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |