10.01.2013, 08:59 (ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан
Кафуле и дуќан изгореа утринава во пожар што избувна во Градскиот трговски центар во Скопје. За среќа, повредени нема, но е причинета поголема материјална штета.
Оганот пламнал околу седум часот во барот „Шевињон“ и набргу го зафатил бутикот зад него. Брзата интервенција на противпожарната служба (десет возила и 26 пожарникари) спречи пламените јазици да се прошират во околните дуќани. По дваесетина минути, пожарот беше локализиран.
Причините за несреќата се испитуваат, се проверува дали пожарот е последица на вклучена плинска греалка. Во гаснењето учествувале 26 пожарникари со 10 противпожарни возила.
|