11.01.2013, 09:34 Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Во посета на Република Македонија денеска ќе престојува министерот за одбрана на НР Кина, Лианг Гунагли.
Тој ќе има средба со неговиот македонски колега Фатмир Бесими на која ќе се разговара за билатералните односи во областа на одбраната, како и за можноста за нивно унапредување и развивање.
Ова е прва посета на министер за одбрана на НР Кина на Република Македонија, што, според Министерството за одбрана, укажува на континуираното продлабочување на пријателството меѓу двете земји, како и меѓусебното почитување и разбирање. |