Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон
Коментари
10.01.2013, 17:38

Си велам

У��оре високо, удолу длабоко

Ерол Ризаов

Најдобро е ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да се остават да владеат сами колку што сакаат и онака од ова не може да биде полошо

Работата дојде до онаа народната: угоре високо, удолу длабоко. Така некако ми изгледа сегашната ситуација во која се најде Македонија по „црниот понеделник“ од 24 декември 2012 година. Удолу длабоко поради флагрантното кршење на Уставот и драматичното суспендирање на Парламентот со ќотек и исфрлање на опозициските пратеници од пленарната сала од страна на цивилни полицајци повикани од претседателот на Собарнието Трајко Вељаноски, а по претходно подготвено сценарио на државниот врв. Пред тоа бевме сведоци на насилно полициско замолчување на слободата на информирање и отстранување на новинарите од своите работни места во Парламентот. Вакво нешто не се случило во 68 годишното постоење на македонското Собрание, ни во двата општествени системи. Грубата, режимска и партиска злоупотреба на власта е само поради жешка парламентарна расправа како да се трошат парите на граѓаните вообичаена во светот, што на Владата очигледно многу и пречи кога наближуваат избори. Угоре високо зошто не се наѕира излезот од длабоката политичка и економска криза, од блокираните евроатлански интеграции и од безнадежноста во која западна Македонија.

Опозицијата по првичните реакции на бојкот на парламентот и на изборите испорача нови барања за надминување на состојбите. Социјалдемократите имаат невообичаено за вакви прилики цела листа на барања кои ниту се добро обмислени, ниту кореспондираат со ситуацијата, а некои се сосема излишни. Единствено барање кое во овој момент е вистинска понуда и до власта и до граѓаните се фер и демократски избори и тоа редовни локални и вонредни парламентарни избори. За ова има една голема и незаобиколива причина: целосно се загрозени подолг период демократијата, човековите права и слободи, независноста на медиумите и правото на информирање на јавноста со кршење на Уставот и законите. Парламентот, владата, премиерот и претседателот на државата се директни причинители на загрозата на демократските процеси во државата која по седумгодишно владеење на оваа власт се на најниско ниво по 21 година самостојност и независност на Република Македонија. Според сите релевантни светски асоцијации кои ги истражуваат нарушувањата на човековите права и медиумски слободи Македонија е рангирана на дното во групата земји со загрозени слободи заедно со диктатурите и тврдите режими. Повеќе показатели недвосмислено кажуваат дека демократијата е под нивото и на последните години од еднопартискиот систем во Социјалистичка Република Македонија. По суспендирањето на Парламентот со полицискиот упад и насилно отстранување на опозицијата од својот дом и по кршењето на Уставот и угушувањето на комуникацијата со јавноста која не е под директна контрола на власта, нема друго решение освен локални и парламентарани избори со цврста меѓународна гаранција дека ќе се изведат според европските стандарди. Со претходни отстранувања на сите неправилности во изборната постапка и со детално набљудување на изборите на самиот ден. Работа на опозицијата е колку ќе ја мотивира масовноста. Навистина помал број медиуми и новинари, но се повеќе независни интелектуалци, творци, стопанственици, мислечки луѓе, невладини организации се присутни со свои критички опсервации во јавноста и на социјалните мрежи, интернетот што отвара мегдан за масовно изјаснување на јавноста на избори. Ако граѓаните при фер одржани локални и парламентарани избори ја потврдат својата определба кон вакво владеење, тогаш, колку и да е мачна таа реалност треба да биде прифатена како волја на мнозинството во еден период на долгиот процес на зреење на македонската демократија и политичка култура.

Сегашните предлози на СДСМ за смени во Владата на министрите за правда, за внатрешни работи, за финансии и на директорот на МРТВ се депласирани по барањето на локални и вонредни парламентарни избори. Подготвеноста на Бранко Црвенковски за преговори со власта во врска со техничка влада, за смени на министри и именување на нови министри, директори на јавниот сервис МРТВ се парадни и служат за ублажување на напуштањето на безусловниот бојкот на локалните избори и на парламентот. Повеќе ме изненади потребата на Никола Груевски од три дена за да им одговори на барањата на СДСМ и Бранко Црвенковс��и. Претпоставувам дека тоа е поради посетата на Метју Нимиц пред кој по грчката лажна кооперативност за зеднички прифатливо решение треба да се врати со иста мерка, а притоа да не се посомневаат следбениците и гласачите дека има некакава помисла за компромис околу Уставното име на Република Македонија. Веќе се провлекува наводно подготвеноста од наша страна за промена на името во Северна Република Македонија или Горна Република Македонија, само таму каде што е во употреба БЈРМ, што веднаш за Грците е неприфатливо. Но самата помисла дури и од тактички причини за било каква промена на уставното име внесува конфузија и вознемиреност кај патриотите.

Јасно дека во сабота одговорот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски ќе биде жесток во стилот опозицијата продолжува да сее хаос и работи на дестабилизација на државата. А, не би било големо изнанадување да уследи пред тоа, или после тоа некое спектакуларно апсење на некој од државните непријатели што деновиве шпекулативно се шири низ социјалните мрежи. Средбата на власта и опозицијата на Никола Груевски и Бранко Црвенковски, што се предлага од СДСМ беше незамислива ни пред 24 декември. По црниот понеделник таква средба на ракување и разговор на заедничка маса станува неможна дури и кога политичките лидери навистина би сакале да разговараат во еден културен и цивилизациски амбиент . Тоа веќе носи негативни поени пред сопственото гласачко тело кое нивните водачи го запалија до точка на вриење и меѓусебна омраза. Најголем губитник во сето ова се разбира е Република Македонија и нејзините граѓани. И конечно што ќе биде, како ќе тече разврската на длабоката политичка и економска криза во која тонеме се подлабоко. Според демократскиот капацитет на власта и нејзиниот мачоизам работите ќе се сведат на тепаниот тепан...... Нема прифаќање на ниедно барање на опозицијата. Ќе има само локални избори, многу позајмени пари во буџетот во рана пролет и многу безумие до редовните парламентарни избори. Власта не е многу загрижена дали опозицијата ќе учестува на изборите или не. Тие веќе навикнаа сами да владеат во сите сфери од политичкиот, општествениот, деловниот, културниот, научниот, спортскиот живот во државата. Предлагам ВМРО- ДПМНЕ со својот декор ДУИ без избори да се остават намира сами да владеат со државата колку што сакаат. Секое мешање однадвор е непотребно и вознемирувачко. Нема ништо да загубиме. Ем ќе заштедиме пари за непотребни избори, ем од ова не може да биде полошо.

 

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот




Статијата е прочитана 5031 пати.


Испрати коментар



Раздолжени или пак задолжени
Халал пазар
Пробни или издишани балони?



Itar Pejo, 11.01.2013 00:23:08
Edno prasanje, Erole. Vo cel svet koga im se sudi na teroristi, narocno za teroristicki akt so povece zrtvi, za toa se pisuva na prvite stranici na vesnicite. Vo zemjata i vo svetot. Ovde ne slusam deka dosle stranski televiziski ekipi, na makedonskive vesnici sudenjeto go nema na prvite stranici, nisto vo kolumnivi na Utrinski. Ti pisuvas za izbori, mozese toa i vo utresniot broj. Za dete ako padne od tocak i ce si go izgrebe kolenote povece znacenje mu se dava! Sto e rabotava?
Bronhi, 11.01.2013 00:25:41
Vo sklop na edna golema voena vezba na JNA izveduvavme i programski artileriski gadjanja. Pred samoto gadjanje, komandantot mi naredi da gi odstranam stareshinite, a i jas po strana. Dobiv parichna nagrada. Imajci go toa na um, se prashuvam, kako opozicijata ne svaca deka vo ovaa drzava e vospostaven partiski sistem koj efikasno funkcionira i ne e zavisen od poedinec(ci), pa baraat izlishni raboti? Veruvajte mi, Gruevski momentno moze da si dozvoli i luksus *tehnichka vlada*, a ne samo rekonstrukcija so 2-3 ministri, i da se pak prosheta na izborite. Da ne se zavaravame, izborite se izgubeni na 24.12. koga opozicijata ne uspea da go sprechi zadolzuvanjeto, so shto narodot ke ja videshe/oseteshe praznata kasa i neodgovornoto vladeenje na ovaa vlast. Zatoa i beshe *biti il ne biti* odnosno, borba bez biranje na sredstva, so krshenje na Ustavot, zakonite, inventarot i po nekoja glava. Sega e se poinaku. Za vlasta, vistinski bronhi - lakshe se dishe!
Коста Стоименовски, 11.01.2013 00:27:26
Најавата дека скопскиот обвинител М. Зврлевски ќе биде избран за нов ЈО на РМ покажува дека режимот е определен натаму да го зацврстува авторитаризмот и автократизмот во државата. Пред 6 месеци до македонските медиуми пратив напис „Обвинителот Марко Зврлевски постапува незаконито“, но, за жал, ниеден медиум не го објави!? А, после Цацко ќе биде крив за она што ни се случува!
seirdzija, 11.01.2013 00:28:20
Ne se slozuvam so tebe Erol,zatoa sto najlosoto doprva ke dojde.Vo uslovi koga se zadolzuva drzava za spomenici,namenski neproduktivni zadolzuvanja(za glasacko telo),za reklami i korumpiranje mediumi,piramidata e pred kolaps...dovolno e samo edno kamce i toa od niskiot esalon....Ludje koi ja vodat drzavata nemaat poim sto e drzava,niti kontinuitet na drzava...plukajki so godini po B.C.,plukaat sami vo svoeto i liceto na drzavata...pri toa ne se libat ni da najmat plateni glumci od sosedni drzavi...Vo sekoj slucaj vo pravo si koga velis deka gradjanite se najgolemi gubitnici....
EU, 11.01.2013 00:43:05
Vakva crnevica odamna nemame procitano, osobeno ne, od pocituvaniot Rizaov.. Za zal, kako i sekogas , glavno e vo pravo. Se soglasuvame deka nema volja, nitu pak vreme za organiziranje parlamentarni izbori, no kako minimum, vladata bi trebalo da zrtvuva nekolku omrazeni ministri. Ne sme sigurni deka bi bilo dovolno, a poveke, ne e realno da se ocekuva. A i narodecot ne e podgotven da se ladi po ulici, se nekako se nadeva deka ke dojde sumarot.
oceski, 11.01.2013 00:48:01
sekogas sum se soglasuval so tvoiye stavovi erole, i gi cenam,no ovoj pat mislam na nekoj nacin si dvosmislen-celosno nejasen.OD EDNA STRANA - velis vo makedonija se vladee avtoritativni,nedemokratski, se krsat ustavot i zakonite, se zloupotrebuvaat policijata i finansiskite sredstva, se gusi slobodata na govorot, deka ima diktatorski postaven rezim i sl...A OD DRUGA deka baranjata na opzicijata za smena na ministrite i direktorot na MTV bile deplasirani demek nerealni, i deka trebalo da se odi na izbori. Pa erole ako imame takov sistem i takva sostojba vo zemjava kako sto ja spomena i navede jas mislam deka baranjata na opzicijata duri se i minimalisticki. Pa koj vo takov sistem na vladeenjei vo takvi priliki bi odel na izbori (bilo kakvi) ako odnapred nema minimalni uslovi za fer i ramnopravno prestavuvanje i izbiranje. A vo fer uslovi koj saka neka pobedi, t.e narodotneka odluci, i takvite odluki treba da se pocituvaat se dodeka ne se zloupotrebi dadenata doverba od narodot .
Маркос, 11.01.2013 01:03:02
Авторот заклучува:„...од ова не може да биде полошо„. Хм, хм! Во социјализмот постоеше мообилизаторска парола:„Ништо не е толку добро да не може да биде уште подобро„. Ама, на ова му доаѓа циничен контрапункт:„Ништо не е толку лошо да не може да биде уште полошо„. Може и модифицирана македонска мисла:„Не постои убавина (Македонија, секако) која сегашниве неранимајковци и „тепајмајковци„ не би и’ туриле крај.„ Али, спрема филозофијата на светскиот кардио-хирург Папо, ни умирањето не било лесно, „има и тука проблеми„. Па да се надеваме дека тие „проблеми„ ќе бидат несовладиви за чумата.
Напротив, опозицијата сакаа да го суспендира Уставот, 11.01.2013 01:41:16
„флагрантното кршење на Уставот и драматичното суспендирање на Парламентот со ќотек и исфрлање на опозициските пратеници од пленарната сала од страна на цивилни полицајци повикани од претседателот на Собарнието“. Ероле, Врска немаш ни со Уставот, ни со законите. Постапката за отстранување на пратениците од опозицијата о�� САЛАТА (а не од Собранието!!!) е во целосна согласност со Деловникот на Собранието, со законите и Уставот на Република Македонија.
Санто, 11.01.2013 01:44:06
Авторот во насловот кажува како да се помирил со статус кво ситуација во МК, демек криви се и едните и другите, мегутоа текстот е сосема нешто друго.Како сакаш прави новинарски акробации, мегутоа ФАКТ Е, дека обезбедувањето реагираше кога насила, (демократски) според авторот беше нападнат и отстранет од своето работно место вториот човек во државава, од демократите кои се жалат секаде низ светов дека немало дамократија во МК.Во тие услови дали човекот можеше да издаде и наредба на обезбедувањето?Затоа да не се правиме слепи при очи и да не фрламе песок во очите на народот.
USA, 11.01.2013 02:22:44
Neka dade Branko uste edno intervju za HRT, moze hrvatite konecno ke go razberat. Makedoncite si znaat.
deli, 11.01.2013 03:16:45
Moze najdobro e drzavata da se deli na pola, edna za grujo i edna za branko. Ne udavija so politika i ednite i drugite. Kako da se ostane neutralen???
cane sokolovski, 11.01.2013 04:42:22
„Кога го зграбија системот, кога институциите постанаа нивни, кога се апсолутно беше присвоено, сега требаше ред и закон моќта да се зачува„ - приближно, автор не познат. Ова беше за „напротив„ оти многу знае! А чекам Феликс да ми објасни каква тоа „божанска, рајско-преродбеничка„ авантура имав јас. Не знам што треба да се направи. Изгледа како она змија да те апне или магаре да ти го...Не знам што во оваа ситуација да се прави, секоја опција е контра продуктивна. Јас сум доста радикален и би рекол можеби улична револуција како во Србија, ама тие бре имаат народ а ние не! Ризаов ги спомнува последните години на социјализмот! ПА ЈАС БРЕ ТАМУ ЛУЃЕ СТАНАВ ТЕХНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ГОЛЕМА КОМПАНИЈА И НИКОЈ НЕ МЕ ПРАША ЗА ПАРТИСКА КНИШКА! А сега, Феликс, Санто (ти си „прав„ за тоа во собрание, ама кажи ми во кој систем влечат жени ко вреќа), ти НАПРОТИВ?? Јас веќе многу пати реков дека ние не сме во 21, туку во 16 век и секоја помисла дека демократија ќе стекнеме со свилени ракавици и делузија!
Ljubotan Trade Name, 11.01.2013 05:18:29
Barem ova mi se bendisa,kogaj Erol Rece:, Makedonija e 21 godina otarasana-SLOBODNA ;Od kogo,od Srpskata Hegemonija i pro Spskata Eksploatacija. Titova Jugoslavija izleze razrusena 1946 godoina ,ama za dvaeset godfini 1967 godina ,gi nadmina Grcija i Italija.;Fakulteti,Ucilista ,patista i socialna sigurnost,Bezplatno skoluvane,Socialno zdravstveno , a sto donese nova nezavisna Republika Makedonija! nee tesko,da se napravi edno testirane ,kogaj makedonskiot narod Ziveese ;Najslobodno,Najsigurno,Najdoinstveno,Najsamopocituvano, Najbratskii Pocituvan iNajperspektivno,,Jas ednas rekov ; Makedonskata identifikacija e izgubena so Jugoslovenskata.Ako na nekomu mu trebase ,Makecedonian Promotion, Yu bese najdobrata Macedonian Promotion! Ama,makedonskiot narod ,ja presece grankata na koja se promovirase i sedese,i sega dojde do ova Dereze!! Bez cenzura ! Ljubotan se gleda od sred Skopje,i ne mozam da se krijam!
ФЕЛИКС, 11.01.2013 08:08:24
Како прво околу ,,загрозата на демократијата од страна на председателот на РМ,премиерот и владата,,топтан сите одеднаш.По мене сосем мал број кога се знаат за нивни над пола милион подржувачи,оти тие би биле цела армија на недемократи.Како второ авторот се испрефркна за масакрот на своите собраниски Вандали,кој 10-тина дена дивееја што по комисии,што по собраниска сала.Нормално за ова ниту збор напишано ниту анализирано. Потоа префркнувањето околу новинарски слободи со одстранувако-галериски ефект.Во исто време бруталниот напад на колеги кој за среќа беше спречен не влезе во аналитиката за смедиумските слободи.Исто ќе се случи и со уникатниот протест пред приватен медиум-Сител,оти нормално се поседува селективна анализа кога се работи за колеги од медиум кој е на спротивната страна од авторот.Тоа може да ги пали тефлонџиките Евдини Зумбуљки,оној 5001 заталкан и др. кој имаат проблем со дислексијата.
kanagjanka, 11.01.2013 08:18:17
Avtorot samo go konstatira toa ssto malkumina go gledaat.Negovite kolumni kje bidat del od makedonskata istorija, svedosstvo na bezizlezot vo koj Makedonija se naogja.Osobeno ovaa poslednava koja mi potvrduva deka ne sum sama vo moite konstatacii.Se naogjame toccno vo momentot na najpoznatata hamletovska dilema kade ...nema izlez bezplodniot um.Za ovaa bolest ne postoi lek, osven eden udar i zamav na meccot.
Stipjanec, 11.01.2013 08:24:58
Navistina ovoj pat ne mozam da gi razberam baranjate na opozicijata. Da se smenat nekolku ministri i na nivno mesto da dojdat nekoj si novi? Pa i novite ke bidat ov VMRO i DUI, verovatno nema da go postavat Makraduli ili Bendevska za ministri, za da gi sprovedat izborite fer i demokrarski. Ovaa prikaska okolu izborite ja gledame veke 20 godini. I koga SDSM bese na vlast, VMRO gi bojkotirase izborite, bidejki bile ne fer i ne demokratski. A okolu tepanjeto i nasilieto, ne e nova prikazna. Koga Ljubco dojde na vlast, imase trojca Jurisnici-Brat Ljube, Pane Velev i Staninov, koi so vooruzeni specijalci vleguvaa vo firmi i pravea rshum. Toa najdobro go znae socijalistot SINGO, koj se transformira od Feudalec vo VMRO-vec. Dali na izborite ke pobedi SDSM? Pijte Skopsko i se e mozno!
Buntovnik, 11.01.2013 08:40:53
Koga na 24-12-12 ne dojde do revolucija, koja vo sekoja civilizirana drzava so svesen narod, ke se desese, znaci deka ovoj proklet narod nikogas nema da vidi svetlina. Ovoj narod e tolku otrpnet i apaticen da nisto poveke ne moze da ja razbudi humanosta vo nego. Kucinjata po ulicite imaat poveke sloboda od narodot. Idete sega i zemejte im ja taa sloboda, ke ve ispokasaat. Kucinja? A narodov, mozes da mu mocas vrz grb toj ke misli deka vrne.
Miki, 11.01.2013 08:41:34
,,Vrlo vidljivo,, deka dirigentot Wohlers&Co ja ima pritisnato opozicijata da ne talasa pa sega imame ,,tri ministri, MTV, drn drn,, no situacijata e jasna! Gruevski ima da vladee do daljnjeg, na Amerikancite im odgovara a toa sto maltretira cela drzava nim voopsto ne im e gajle (a koga i kade im bilo?)..Ocigledno ne ceka period na ,,Noriega-demokratija,, - Necestiviot kako da si najde zasolniste ovdeka..
Миле - Охрид, 11.01.2013 08:54:27
Најдобро е тимот кој губи да се менува. Најпрво се почнува со играчите. Без оглед колку биле добри накогаш, на некој им поминало времето. Тимот не смее да постане заложник на нивната слава и фрустрации. секогаш може да дојде некој Меси на местото на Милер. Доколку сите во тимот мораат да играат за некогаш добриот играч, а тој постојанода промашува и дава автоголови, го става во опасност тимот. Не може вечно да се добиваат утакмиците со службен резултат или со помош на корумпирани судии. Изборот е тој. Желбата на ѕвездата стално да е на врвот и во фокусот и тонење на тимот или промени. Проблемот на Бранко е што тој не сака да дозволиповеќе да се игра играта парламентарна демократија ако тој стално не победува. Тој сака да дупне топката да нема повеше игра. Заради своја суета спремен е да ја уништи и партијата и државата. Чуму му е Македонија во која тој не може да биде вечно на власт.
јанкула, 11.01.2013 09:04:57
Фактот што вака отворено плукаш по политичари, по држава, по опозиција и власт е доволно самото по себе да објасни дали кај нас има демократија или не. Твојов текст е објавен, ти јавно се изјаснуваш по твоите ставови и гледишта, едноставно никој не ти забранил. Ај те молам не биде мало дете на кое му ја земале играчката и не плачи. Смешно е!!!
od ostrijot, 11.01.2013 09:37:44
erole na makedonija i makedonskijot narod bremzite otkaza pasega namesto ugore -visoko odime udolu i toa so golema brzina a kade kezavrsi patot se znaje.
Oskar, 11.01.2013 09:39:53
Gospodine Rizaov, smetam deka baranjata na opozicijata vo slucajov ne mozat da bidat deplasirani, so ogled na se ona sto go napravi ovaa vlast a Vie taka ubavo go navedovte vo ovaa kolumna. Za seto ova sto i se slucuva na RM, ne tri ministri celata Vlada dosega trebase da dade ostavka. Ako Vladata ne sozdade uslovi za opozicijata da izleze na izbori lokalni i parlamentarni, togas nema da ima ni vlast ni opozicija, ke imame haos. Vlasta kako naj odgovorna za sostojbite vo Drzavata mora odgovorno da se odnesuva i zaedno so opozicijata da sozdade uslovi za sto po bezbedno nadminuvanje na ovaa kriza, nevodejki smetka za sopstvenite interesi, bidejki vo sprotivno ne ke moze da vladee nitu mirno nitu legalno, go otvorija siseto i go ispustija losiot duh.
PAVLE ALIMASKA, 11.01.2013 09:44:22
Ероле,многу ешко е сега да се вратат работите во нормален тек.Бладата на Груевски зеде замав,а во грбот им дува и ветрот на многубројната проста маса и сељачана.Бранок 2002 година доби убедливо на изборите пред се врз гневот на ЉУБЧО,но тој Бранко во тој момент мислеше дека со ДПНМНЕ е завршено.Се излага,ги потцени,се опушти,си појде за претседател,СДСМ потона.Мислеше дека со неговото враќање 2009 ќе го воскресне и СДСМ и луѓето.ЈАНЛАШ,се сменија работите,ГРУЕВСКИ „РАБОТИ“ по книга,напишана од врвни странски експерти и го пренесува голем дел од народот жеден преку вода,му лепи приказната.Бранко,тешко е да поведеш ваков народ по разумниот и вистинскиот пат.Или барај пари да го поткупуваш или нема победа,пропаѓаат шансите на СДСМ.Македонија тоне во жив песок
Внимателен читател, 11.01.2013 10:02:46
До Оцески. Dепласирана е оставката на тројца министри и директорот на МРТВ ако се бараат на п��олет вонредни парламентарни избори и редовни локални. По изборите ако победи опозицијата ке се смени цела влада. Ако тројцата министри се толку омрзнати кај народот полесно ке победи опозицијата. Во принцип кога се бараат вонредни парламенатрни избори не се бара оставки и разрешувања. Тоа најдобро го одлучуваат гласачите. A директор на МРТВ е голема приказна зошто Македонија никогаш не доби вистински јавен сервис. А ова сега е катастрофа. Останува да видиме дали кога ке дојде СДСМ на власт кончено ке добиеме јавен сервис. Не е до директорот.
Grujo, 11.01.2013 10:09:04
Spored komentarite se zabelezeva koi od komentatorite gi gledaat rabotite realno,a koi gi gledaat tendenciozno i vmrovski.Mislam deka sekoj od komentatorite ce se najde kade pripaga,a nekoi od niv po pisuvanjeto se gleda kade pripagaat.Okolu tekstot vo kolumnata nemam nekoi zabeleski,korekten e otslikuvajki ja realnata sostojba vo drzavata i na politickata sostojba.Opozicijata pobara minimum od ona sto trebase da pobara za fer i demokratski izbori.Problemot e vo toa sto oni go izglasaa budjetot i gi obezbediva parite za izbori za kupuvanje glasovi i tuka nema da mozat da se sprecat,osven so sila,a za zal silata e kaj niv(policija,vojska,glup patriotski narod i ostanato). Poraziatelno e kolku e mal koeficientot na intelegencijata na patriotive i vmrovcite za da gi razberat realno rabotite vo politikata i drzavata.Se dodeka ima niskointelegentna raja vmro ce vladee,zatoa i takvite gi pribra,a zatoa taa raja e vo vmro,zatoa sto nemoze nikade da bide na drugo mesto.
Fenix, 11.01.2013 10:10:03
Kriticna masa, potrebna ni e kriticna masa za promeni!. Vo sabota ce go testirame nasiot demokratski kapacitet!
Баба Евда, 11.01.2013 10:28:03
Тефљонче на баба , гледаш колку ти штети бегањето од часови по математика!430.000 гласови не е преку „пола милион“ , а и од тие најмалку 100.000 гласачи беа мртви , одамна иселени и уценети со „ин витро“ како тебе и „све по списку 15“!Дека премиерт преку кумот, Тртајко и Бркот го прекрши уставот му е јасно на секој слепец!Не знам по кој повод ја спомнуваш резервата на Бичкаџијата , како претседател на РМ?! Каков е тој приватен медиум , кој живее исклучиво од владини (народни) пари , а Професорот Д-р (со партизанско име „Геџа“) е организационен секретар и, заедно со Амди Бајрам , идеолог на дпмне ,?!
Baba Zumbula, 11.01.2013 10:44:46
Taka e Erole,udolu dlaboko,ugore visoko,a ovde se si e na mesto.Na povrsinata pliva i ostanuva izmetot koj se razvozuva so Maseratija,Lamborginija,Porsea,Mercedesi.Tefljonceto Evdino nikako da i kaze na baba kako se steknuva takvo nesto koi se glavnite likovi vo filmot (baba ne kupuva veke krimi romani,baba si cita Burevesnik)za koe i mnogu poimukni familii na zapadot sonuvaat.Veruvam deka ne e so 9 te evra?!Tefljonceto si lapna LP i si ja gusla na 33.Dali e prazna slama ili kinenje zeleni,ne e bitno.9 evra si se 9 evra.Toj si zivee vo vremeto na Fulgensija Batista na Kuba.Si go gleda Drakce,Kanal 5,si jade burek i se voodusevuva na patriotskata prerodba.Bi mu preporacal da vidi http://www.plusinfo.mk/vest/75500/AUDIO-Olivera-Trajkovska-za-stranskiot-udar-vo-mediumite (intervju so O.Trajkovska) i na http://www.plusinfo.mk/vest/75641/VIDEO-Kunovska-chitashe-pismo-od-Dzvezdan-Georgievski (pozelno e novinarite so i bez doblest da gi vidat i se zaprasaat *Dali sme kicmenjaci ili mekoteli*?
BitolaHamiltonCanada, 11.01.2013 10:45:31
Od ova mozhi da bidi polosho.Polosho e da se ostavat da vladeat sami i kolku shto sakaat.Toa znachi da se kreni belo zname.No sosema se slozhvam deka imaat mnogu baranja koj vo ovoj moment se izlisshni.Se* shto treba e da se borat za fer i demokratski izbori.Potpolno da se posvetat na toa, i vo Parlamentot i na teren.Ako treba, da baraat i megunarodni posmatrachi.
Македонец, 11.01.2013 11:05:20
Интересно е да се види како луѓето во Македонија толку жестоко бранат ОПИНЧАРИ од видот на медиокритетски политичари, па како што тргнало дури и раката во оган ќе ја стават. Уште поинтересно е колку е кратко памтењето на народот за минатото - најмногу 4 години наназад. Да имате капацитет да памтите 20 години наназад, немаше толку да го браните СДСМ предводен од Б.Ц. Колку што сегашниот ШЕФ е уништувач на ДЕМОКРАТИЈАТА така е и ПАПАТА. Колку што се краде сега преку спомениците и зградите, така и порано се крадеше на големо преку ПРУГАТА до БУГАРИЈА, патот ВЕЛЕС-ПРИЛЕП, приватизација, даночна евазија и слично. И после толку глупости од ПАПАТА вие пак нему би му верувале?! Или толкав ви е капацитетот на РЕЗОНИРАЊЕ или имате некаква корист од него. За да биде сменет Г`ујо од власт прво треба да се смени ПАПАТА, само изгледа не сте толку способни да ја проанализирате ситуацијата во Македонија. Најголемиот дел од луѓето нема на БРАНКО да му дадат ДОВЕРБА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.
deutschland, 11.01.2013 11:36:10
citam dosta vreme opoziciski intelektualci so nades deka nekoj ke napise nesto argumentirano,realno viduvanje na rabotite i sl.ama tesko!bidi opoziciski nastroen ama bidi i REALEN vo sogleduvanja na nestata.na pr.sto bi se slucilo so MK dokolku na ovoj nasilen nacin dojde sdsm na vlast i po edna god.vmro go napravi istoto pri donesuvanje na budzet od strana na sdsm.pak narod na ulica,ulicna demokratija i sl.VI SE MOLAM TOA SE GLUPOSTI.vlast se dobiva na izbori i vlast se menuva na izbori i toa na sekoj 4god a ne sekoja god.da imame predvremeni izbori!DOSTA E VEKE.
pijanec, 11.01.2013 12:16:10
denes samo od delcevo se oglaseni 15 rabotni mesta vo lokalnata i javnata administracija.polnenjeto na drzavnite jasli plus parite i prerodbenicite ke ostanat na vlast ;za nasa sreka; i ponatamu ke ne vodi uspesno kon pekolot
milan, 11.01.2013 12:49:43
G-dine Erol, bez razlika sto vasite kolumni gi podrzuvam od zbor do zbor, vo ovaa ne se slagam so konstatacijata da opozicijata ne treba da bara smena na 3 resorni ministri i direktor na MRTV. 1. minis.za finansii treba pred izbori da se smeni,za da se spreci kupuvanjeto glasovi. 2.minis. na MVR.treba da se smeni da se sprecat barem javnite tepacki. 3.minis.za pravda treba da se smeni za da se obezbidi minimum pocituvanje na zakonskata i ustavna regulativa.4.direktorot na MRTV da se smeni za da se obezbedi barem minimum ednakvo prezentiranje vo javniot servis. Ako ne se sostanat i ova da go resat i ispocituvaat,barem minimum fer i demokratski izbori,vo toj slucaj da ocekuvame haos i propas. pozdrav.
Stefan M., 11.01.2013 12:54:03
Ako eden od vas koi ja branite vlasta a ja napagate opozicijata mi kaze po koj clen od delovnikot na sobranieto Veljanovski ja prekina komisiskata rasprava i budzetot go vrati vo Vlada i potoa go stavi na plenarna sednica ke vi priznaam deka ste vo pravo. A bidejki ne postoi takov clen, togas povikuvanjeto na pravoto mnozinstvo e samo mlatenje prazna slama. Tokmu mnozinstvoto kako izbrano od narodot da ja vodi drzavata treba da bide najrevnosen pocituvac na zakonite. Barate opozicijata da se odnesuva demokratski vo drzava kade sto covekot koj e prv megu parlamentarcite grubo go prekrsi delovnikot, a za toa ne snosi nikakvi posledici.
Трпе, 11.01.2013 13:51:31
Македонскиот народ треба да се помири и да свати дека сме монархиска земја.Земја каде не постои ниту законодавна,извршна ниту пак судска власт.Кадија те тужи,кадија те суди.Се е раководено од еден центар.Ако народот се спротиставува ке се активират кучињата во панцири до заби вооружени против сопствениот народ.Народот не се плаши од тепање но длабоко го боли повредената душа.Не ми е јасна и улогата на Ѓоле,кога нема можност да ги смири и тензите помегу ист народ.А да не стане збор за мегунационални односи,тоа е веќе минато.
jovan, vlada @, 11.01.2013 13:59:18
Угоре високо, удолу СДСМ :D) па сега видете Македонски народе.Додуша вие си кажавте во јуни 2011 година кога го реизбравте Никола Груевски за трет едно подруго мандат за владеење али оди ти кажи им на Баба Евда ака Тефљонче на баба,кое едно исто го вергла во осуство на факти кој соодвестуваат со реалноста, а исто и вторава Баба Зумбула која пустата да испадне секси и интересна :) цитира http://www.plusinfo.mk портали кој на нејзе и одговараат исто ко ја да ставам http://novamakedonija.com.mk/ и www.kurir.mk каде што пишува тоа што мене ми одговара.Така да Ерол,ние генеално имаме спротиставен светоглед на животот,а најубаво ќе биде да ти кажам СДСМ без избори да го вратиме како „ослободители“ од тиранија за која верглаат а народот си ја гласаше сам.И сега што правиме што не ве сака народ бе Ерол и не гласа,кажи ми како да го решиме тој проблем бидејќи е најголемиот за Б.Ц да се врати на власт заедно со неговите гавази како Геро,Тричко стари чичко и др.новинарски пера „легендарни“ пера!
Realen, 11.01.2013 17:29:29
Nastanite od 24.12.12, bea dolgo i precizno pred nastanot, podgotveni od vladeeckata DPMNE. Kontra protestite , koi bea istovremeno odrzani i blokiranjeto na avtobusite so simpatizerite na opozicijata od vnatresnosta, isto taka bea del od nivniot pekolen plan. za ocekuvanje e, deka ovaa kriminalna vlast i vo idnina ke prezeme i po radikalni postapki, za da po sekoja cena ostanat na vlast. Znaci, ne ocekuva mnogu zeska zima.
mi go isteraa deteto!!!!!, 11.01.2013 19:28:54
Od ova ima polosho: moeto dete kje se seli od Makedonija! na twitter eden Makedonec od London napisha: да се отселиш од Македонија во странство не е емиграција, тоа е евакуација.
do Cane, 11.01.2013 19:34:47
Ja vidovme *demokratijata*na SDS koga bese na vlast.Bilo i da ne se povtori.Ti baras vrakjanje na SDS na vlast preku ulica zatoa sto ne sakas da si ja priznaes realnosta deka narodot ne go saka SDS.Zatoa od ocaj SDS saka anarhija bidejki znaat vo SDS deka na izbori ne mozat da pobedat.
rabota si nemame, 11.01.2013 22:22:42
Od Kanada, Avstralija, tihi okean, Tanzanija, Avstralija, Nov Zeland, Od kaj ti ne .....Se krenale glasovi protiv ovaa Makedonska vlada za da i dadat nedoverba.... Izgleda ova Makedonskiov narod e netokmu stom ne im dava poddrska na ovie eksperti od SDSM sto komentiraat edno te isto DA DOJDEME NA VLAST... AJ sonuvajte , i samo pisuvajte, pisuvajte, pisuvajte...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |