Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.12.2012, 16:45

Новинарите го исвиркаа Вељаноски

На почетокот на вчерашната седница за пратенички прашања, новинарите со извици и свирежи го искажаа своето незадоволство поради кршењето на правата за слободно известување

Татјана Поповска



Револтирани од постапката на претседателот на Собранието од понеделникот, кога со сила ги избрка новинарите, претставниците на медиумите вчера заедно со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, го исвиркаа Трајко Вељаноски и со извици „Уа“ демонстративно ја напуштија галеријата во моментот кога тој ја отвораше седницата за пратенички прашања. На истата галерија од каде што пред неколку дена беа насила избркани, новинарите прво станаа, стоеја одредено време и потоа со извици и свирежи го искажаа своето незадоволство поради кршењето на правата за слободно известување.

Претседателот на Собранието не реагираше на ваквите извици на големо незадоволство на новинарите, туку ја отвори седницата на која во салата во делот за опозициските пратеници беа присутни само пратениците од ДПА. Вообичаено и оваа седница почна се задоцнување. Но овој пат премиерот Никола Груевски, кој задоцни 30 минути, заедно со другите министри го чекаше уште 30 минути за да дојде спикерот, претседателот Вељаноски.

Пратеникот од ДПА Имер Алиу го праша премиерот Груевски за односот кон новинарите кои известуваа од Собранието кога се случуваа инцидентите и за тоа дали некој ќе ја преземе одговорноста и ќе понесе соодветни санкции.

„Влечењето новинари, како што се случи во парламентот, е ново откритие тука. Како главен одговорен за овој настан, што презедовте изминативе четири дена за овој случај“, праша Алиу.

Премиерот Груевски искажа жалење за, како што рече, непријатностите со кои се соочија новинарите и додаде дека објаснување за овој случај дал и Вељаноски.

„За тој случај се води постапка и верувам дека ќе има завршница. Исто така жалам и за она што се случи надвор, кога еден функционер на опозицијата, актуелен градоначалник се обиде физички да нападне новинар. Треба да се осудат настаните што се случуваа внатре, но и надвор од парламентот“, рече Груевски.

На ваквиот одговор реагираше Алиу, кој рече дека е целосно неодговорно премиерот само да искажува жалење за овој случај и ништо повеќе.

„Жалењето е ваша интимна работа. Нас не не' интересира дали жалите или не. Граѓаните од вас бараат одговор што презедовте изминативе денови за овој случај“, повтори Алиу.

Вчерашната седница на Собранието беше прва по бојкотот што го најавија пратениците од СДСМ и нивните коалициски партнери, откако насилно беа истерани од пленарната седница на која беше усвоен буџетот за следната година. Нивниот потег го следеа и двајцата пратеници од НДП на Руфи Османи. Единствена опозиција во собраниската сала се пратениците од ДПА, кои вчера порачаа дека тоа не е нивна битка, дека тоа не е битка на Албанците и затоа остануваат во парламентот.


Статијата е прочитана 700 пати.


Испрати коментар



Долгот кон фирмите бил 92 милиона евра
Опозицијата со граѓаните во парламент во природа
Волерс
(Не)дипломатски тон кон опозицијата
Шпионска афера со македонското име
Интервју - Нема да дозволиме насилство врз медиумите
За големи историски настани се потребни вистински луѓе
Полемика на Кирил Божиновски и Андреј Петров за инцидентите



ФЕЛИКС, 28.12.2012 07:55:30
По се изгледа ликот на председателот на ЗНМ е намерно вметнат во овој свиречки концерт на испотресени новинари,кој протестираа за своето исфрлање а ни со збор ни со осуда за спречениот напад на некојси градоначалник врз нивни колеги.Но да се вратиме на председателот на ЗНМ,авторот намерно одбегна да ја посочи осудата на Селмани и за свирежот и за она ,,уааа,,.Вероватно да не се расипе ,,независниот ,,медиумски амбиент кога се пласираат нештата.
Bogomil(ec), 28.12.2012 08:19:26
Го исвиркавте првиот пратеник, односно претседателот на парламентот и демек си одработивте за да си го спасите имиџот СЕДМА СИЛА. Тоа е пуштање само на уште еден балон од сапуница во овоаа, инаку крајно опасно затруена средина. Вашето свиркање не е ржење со покажување заби кон власта, туку, кај повеќето, лаеж на кабинетски пудли. Дремевте како восочни фигури кога власта најбрутално стави катанци на ТВ-куќите А-1, А-2, на весниците ВРЕМЕ и КОХА, кога газдите на некои гласила ги менуваат уредниците како да се (нај)долна облека. Или, како што тоа го прават панаѓурските џамбази со коњите. Зошто кај нас не се случува еднодневен ,,информативен мрак,,? Нека види власта во каков понор не турка и вас и сите нас - топтан. Но тоа го прават новинари со машкост, со изграден висок професионален морал, со доблесно човечко достоинство, со чувство за правда, почит кон граѓанинот слушател, гледач, читател. Не сакате да бидете хомогена професионална категорија - совест и глас на народот.
Zoran, 28.12.2012 08:32:25
Dali Smilkovskoto ezero e borbata na DPA? Samoto ime so koe se gordeat,albanci, poteknuva od drzavata od koja poteknuvaat,kako sekade vo svetot. Neka probaat da se borat vo Amerika, Germanija ili vo koja bilo druga zemja za svoite prava. Kako moze da se dozvoluva na stranski drzavjani(taka se deklariraat tie,albanci) da baraat nekakvi posebni prava vo druga drzava? Teoretski,sekoja etnicka grupacija koja vo naredniot period ke go zgolemi clenstvoto,ke moze da se nametne so borba za toj etnikus. I eden den ke imame i Bugari,Grci i sl. koi ke se borat za svoite prava.
Baba Zumbula, 28.12.2012 08:50:19
Eh, da mozat da go vratat vremeto,ovie samobendisanive.A teflonce Evdino?!Vidoa deka skinaa zelena,ama dockan e.Ne se site bureci,Milenkovci,Dragani,Mirki.E ne se,ne se.Loso e koga se drznes so sila protiv novinarite.Sega samo na joga,znaes ona so joga do m...,da si gricnes.A koga novinarite se vratat sledniot pat vo Sobranieto(sekako za na kratko i da si fatat djade)ubavo e da ja recitiraat narodnana *zali mome da zalime,kako ke se razdelime,jas od tebe ti od mene....*,a sekako i da ja otpeat *zali mome da zalime*od sestrite Bisserovi.Ubo bi bilo,ubo.A zalat,toa e so sigurnost.No taka e toa koga deca si igraat politika i drzava.Ajde sega teflonce Evdino,komentar od doma,ama i od kancelarija (kolku bese,9 evra?).Pojasni na nepatriotite, ZOSTO bea otstraneti novinarite.Pa zgora na se so sila?ZOSTO?Da ne se vidi brutalnosta vrz demokratijata?Ej, ziveeme vo 2012 godina i decata od gradinka gi koristat mobilnite.No izgleda za nekogo vremeto zastanalo tuka nekade okolu 1912,aj 1913.........
LIZ, 28.12.2012 09:28:59
Sednica za pratenicki prasanja??? Koj kogo prasuva na taa sednica? Ova vo teatar se vika monolog ama go igra eden covek a ne 60 i kusur ovci,nekolku sarplaninci i ovcar.
stojko, 28.12.2012 10:51:52
Gospodine Selmani, nemoj da bides dvolicen,ne se sekavas sto ti se slucuvase kako bese vleckan vo galerijata a sega se ponasas ni riba ni moma!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -3°C

Среда
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
Разговор во шест очи.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Светот ја пречека Новата 2013
Милиони луѓе се собраа за пречекот на Новата година 2013 на плоштадите ширум светот...
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онла��н издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |