27.12.2012, 16:53 Долгот кон фирмите бил 92 милиона евра
Премиерот соопшти дека исплатиле 68 отсто од долгот, а остануваат уште околу 30 милиони евра
Соња Маџовска
Премиерот Никола Груевски вчера прв пат објави бројка за тоа колку Владата му должела на стопанството. Сумата во септември изнесувала над 92 милиони евра, а веќе се исплатени 68 отсто од нив, одговори премиерот во Собранието на пратеничкото прашање на неговиот сопартиец Васко Пашкоски. Ова значи дека премиерот, конечно, ја откри една од најстрого чуваните тајни во земјава, а излегува дека се' уште на фирмите им должат уште околу 30 милиони евра, кои треба да им ги исплатат до февруари.
„На 16 септември неплатените обврски изнесуваа 5 милијарди 560 милиони денари, или околу 92 милиони евра, а во моментот изнесуваат 1 милијарди 815 милиони денари, или околу 29,5 милиони евра. Неплатените обврски по рокот на доспевање имаат драстично намалување за 68 проценти и е во согласност со она што го ветив во моето јавно обраќање пред стопанствениците. Остануваме на нашето ветување дека до крајот на февруари ќе биде елиминиран овој проблем“, рече Груевски.
Ветувањето за исплатата на долгот кон фирмите премиерот го даде на крајот од септември, по алармот од бизнисмените дека се дават во неликвидност поради неисплатени обврски по основ на ДДВ и други реализирани проекти. Но, и тогаш не беше соопштена сумата за тоа колку изнесува вкупниот долг на државата кон фирмите. Најчестиот изговор и на министрите и на премиерот досега беше дека таа сума се менува на дневна основа и затоа не е благодарно да се соопштува.
Пораката на бизнисмените и на меѓународните финансиски институции, откако Владата почна да ги исплаќа заостанатите обврски, беше дека не треба да се повтори таа ситуација, и што е најважно Министерството за финансии да воспостави систем со кој нема повторно да има трупање на неисплатени обврски.
Министерот за финансии Зоран Ставрески неодамна во интервју за „Утрински весник“ вети дека парите на фирмите ќе им бидат исплатени заклучно со февруари, но дека Владата воспоставила систем, со конкретни инструкции до државните институции и до корисниците на буџетските средства за тоа како ќе тече исплатата за да не дојде до повторно акумулирање долгови.
„Да, има системски промени и во тој дел е променето трезорското упатство. На буџетските корисници им се дадени инструкции планирањето на средствата да биде во согласност со обезбедениот буџет за следната година, да не се планираат проекти кои го надминуваат тој буџет. Буџетот и трезорот стриктно нема да примаат налози за плаќања доколку тие не се испланирани и не се во дадените рамки. Тоа се системски мерки што ги презедовме“, изјави Ставрески.
|
Статијата е прочитана 2221 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 28.12.2012 00:12:27 | Znaci se moze da izleze na videlo. Ama ima uste mnogu. |
| MITRE VELES, 28.12.2012 00:29:42 | а колку е долгот кон судовите од буџетот,колку им должите на адвокатите,ПОРОТНИЦИТЕ И ВЕШТИТЕ ЛИЦА И ОД КОГА ДЕНАР ИМ НЕМАТЕ ПЛАТЕНО-5(ПЕТ) ГОДИНИ НАНАЗАД ПРЕМИЕРУ И МИНИСТРЕ СТАВРЕВСКИ |
| Grujo-kredit, 28.12.2012 00:34:16 | Seto ova e namestena rabota (cirkus), pa nishto ne e za veruvanje. Edno e sigurno, dojdoa do tolku posakuvaniot kredit, po sekoja cena! Za dogledno vreme pari ke ima za se. E toa beshe problemot, a ne budzetot, kako gi ubeduvaa *jadnite i preplasheni* gradjani. |
| Donka, 28.12.2012 04:59:37 | I toa e edna od pricinite sto bugetot morase dase izglasa za da mozat barem da gipodmirat stopanstvenicite barem tie da ne se pobunat a za ostatokot do krajot na februari pak ke se zadolzat i taka vo krug i balonot ke pukne.Zamislete da ne go isplatese stopanstvoto i tieda mu ja odkazaat ljubovta... |
| Baba Zumbula, 28.12.2012 07:58:22 | Baba mozebi e senilna,no so sigurnost se sekava deka NEMASE NIKAKOV vnatresen dolg,spored izjavite na lugjeto odgovorni za drzavnata kasa.Od kade sega 92 miliona isplateni,a uste 30 da se doisplatat.Ta koga se storija ovie dolgovi,preku nok?Edno na baba ne i e jasno,ako drzavata dolzi kon stopanstvenicite za podolg vremenski period pri isplata se racuna zatezna kamata?Zosto baba ako zadocni so isplata na struja,voda itn(ne se stiga od penziickava),vo slednata f-ra hop, zatezna kamata(interes,pa potoa interes na interes i baba ja poparija i oprlija,za da stane na krajot djimirinka).Sega na baba i e jasno kako bel den zosto MORASE da se donese budgetot.Trebase nova pozajmnica za da ne se raspukneme kako meur od sapunica.Pufff.A kreditive sto se zemaat misli nekoj kako ke se vrakaat ili rabotava LUJ XV,posle mene potop.Malku domasna zadaca za vnuckoto ti Evdo,na web http://www.plusinfo.mk/mislenje/682/Ako-Gruevski-prodolzhi-so-konfrontacii-mozhni-se-i-zhrtvi.I Evdo, da go opitas! |
| zokipoki, 28.12.2012 09:12:24 | 1. Znaci, pred izvesno vreme koga govorevte dke se raboti ZA MALA STAPKA, dali togash ne lazhevte?
2. Dali so TOOOLKAVO docnenje, vie go prekrsuvate zakonot za navremeno vrakjanje na DDV-to na firmite a so toa direktno ja drzite ekonomijata vo zaloznistvo?
Zaklucok: Em lazete em ste direktno vinoven za se sto se slucuva. I da ne se lazeme, nasilno glasanje na budjetot bese poradi toa sto ste bankrot i vi trebaat pari za da gi popolnite dupkite. Ili mozebi ne, krivi za se u drzavata e obezbeduvanjeto. Drzava bez kormilo e ovoa. Pozdrav |
| Meto, 28.12.2012 11:20:22 | Долгот е МНОООГУ поголем. Само за исплата на субвенции во 2012 од буџетираните (и ветени) 130 милиони евра не е исплатен ни денар. |
| baba veraZ, 28.12.2012 13:17:24 | A na ovaa suma da dodades uste 200 do 300 milioni premiere togas ke ti veruvam vaka ne.Ako drzavata ne e vo kolaps poradi nemane pari togas togas nemase da go tepate svojot sopstven narod samo i samo da zemate krediti i da ja zadolzuvate zemjata do besvest kako kockari. |
| Трпе, 28.12.2012 14:03:18 | Како што прво лажеа дека нема долгови кон стопанствениците(претпријатијата) сега лажат и за висината на долгот.Дали на родени лажговци треба да се верува. |
| Nikola, 28.12.2012 15:11:48 | Laz i samo laz.Vo stilot na najgolemiot LAZOV -Stavrevski.Ke izleze se na videlina skoro. |
| vesna, 28.12.2012 17:27:25 | a nosot raste li raste |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Времеплов на оптимистот Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ... | |
|