Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
11.01.2013, 14:07
Избори ќе има - на 24 март



Спикерот Трајко Вељаноски денеска ги распиша локалните избори и ги повика учесниците во „натпреварот“ да придонесат за позитивна оценка за процесот

Локалните избори ќе се одржат на 24 март, објави претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски. Тој го потпиша денеска решението за распишување на изборите за градоначалници и за членови на советите на општините и на град Скопје.

Од денот на распишување на изборите почнуваат да течат роковите за нивно спроведување, така што ДИК наскоро треба да излезе со календар за извршување на изборните дејства. На 24 март ќе се одржи првиот круг за избор на градоначалници и советници, а вториот круг од градоначалничките избори ќе биде две седмици подоцна - на 7 април.

Предизборната кампања ќе почне околу 4 март.

Вељаноски образложи дека во законскиот рок од 70 до 90 дена од денот на распишување и одржување на изборите му останал на располагање и терминот 31 март, но тој не го избрал тој датум, поради католичкиот Велигден.

Спикерот денеска упати повик до учесниците на изборите да придонесат за што попозитивни оценки за спроведувањето на процесот.

„Секој нов изборен процес треба да значи одржување и надградба на добиената позитивна оценка за претходниот. Да направиме максимални заложби Македонија да добие уште едни фер и демократски избори, заради остварување на стратешките евроатлантски определби на државата и заради доброто на граѓаните“, рече Вељаноски.

Неопходно е, додаде тој, сите заедно да испратиме силна порака дека на патот на сите предизвици, заедно и сплотено, имаме капацитет да се справиме со нив, да се соочиме и со најчувствителните прашања, да се издигнеме и над тешките моменти.

Првиот парламентарец реши да ги распише изборите еден ден пред седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која, како што се најавува, ќе бидат разгледани условите на СДСМ за учество на опозицискиот фронт на локалните избори. Во политичките кругови, тоа се толкува како јасен сигнал дека владејачката гарнитура е подготвена да организира избори, независно од тоа дали на нив ќе учествува и втората по бројност партија во законодавниот дом.

Од раководството на ВМРО-ДПМНЕ никој не сака предвреме да зборува до која мера е можно Извршниот комитет на партијата да демонстрира политичка волја за преговори со опозицијата околу барањата што таа ги постави, а со чие исполнување би требало да се надмине можноста за изборен бојкот. Едно од барањата на СДСМ за учество на локалните избори е тие да се одржат заедно со предвремени парламентарни избори. Под претпоставка владејачките партии да го прифатат овој услов, почетниот термин за распуштање на парламентот е околу 24 јануари, за да се исполни рокот од 60 дена за спроведување вонредни избори за пратеници?

Според изборната регулатива, локалните избори се одржуваат на секои четири години, во втората половина на март. (А.М.М.)

Статијата е прочитана 991 пати.


Испрати коментар



Медијаторот од Скопје се врати во Солун
Нимиц гледа клима за компромис
За десет дена објавени над 80 огласи за вработувања
Тачи и СДСМ повторно на два брега
Кој ќе го замени Љупчо Шврговски
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата



kole, 11.01.2013 16:51:01
Јас предлагам само еден услов..........да не гледаме ЛОПАТА.........ми се бољва.............
Mark, 11.01.2013 20:26:09
Do Kole - ke se nagledame i lopati, i crveni pandelki a i popovi po gradilista! I najcudno e sto vakvata evtina slika ja gledame so godini vo kontinuitet - i seuste proagja brate!? Koj mozese da veruva deka neukiot, prost narod da ti bil tolkavo mnozinstvo vo drzavava - i alal da mu e na toj sto go poduci Gruevski kade da udri - poln pogodok!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |