Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.01.2013, 16:27

Изборните штабови на СДСМ работат со полна пареа

Наспроти најавите на опозицијата за бојкот на локалните избори, сликата од теренот кажува дека максимално функционираат промотивните активности на изборните тимови на кандидатите за градоначалници

Наум Котевски



Вообичаена работна атмосфера како и секој друг ден, луѓето кои се ангажирани да ги слушнат идеите на граѓаните, но и да им ги објаснат плановите на кандидатот на Здружената опозиција за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, се на своите работни места. Наспроти најавите на опозицијата за бојкот на локалните избори, сликата од теренот кажува дека максимално сериозно функционираат промотивните активности на неговиот изборен тим.

Буквално ништо во „Канцеларија за идеи“ во центарот на метрополота не може да ви сигнализира дека опозицијата нема да учествува на изборите, кои претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, ги закажа за 24 март. Според наши информации, слична е ситуацијата и во изборните штабови на опозицијата и во другите градови во државава. Се работи турбо, како утре да ќе има избори.

„Тука сум секој ден. Отворен сум за секаков контакт со граѓаните, кои масовно се вклучија во создавање на модерната визија за Скопје“, ни вели Јани Макрадули, кого го затекнавме на заминување од канцеларијата.

Според него, таа и натаму ќе работи под полна пареа, иако во неделата откако Централниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту едно од барањата на опозицијата за учество на изборите, од СДСМ децидно кажаа дека понатамошното продлабочување на политичката криза може да се избегне само ако локалните избори се одржат во пакет со предвремените парламентарни избори. Во спротивно, како што рекоа социјалдемократите, општинската политичка пресметка би била бесмислена.

„Останува да видиме како натаму ќе се развива ситуацијата“, вели потпретседателот на Собранието од редовите на СДСМ, додека го облекуваше својот драп капут, со што меѓу редови, како да сакаше да не' потсети дека, сепак, се' е можно во политиката. Во таа насока извори од партијата велат дека нема прекин ниту во поглед на обмислувањето и изведбата на рекламниот материјал (запалки, пенкала...), како и на печатените форми, кои се систематизираат и се дообработуваат.

Викендов гостин на опозицискиот противник на актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, токму во неговата канцеларија, беше и Иван Андриќ, актуелен пратеник на ЛДП во Србија, инаку еден од основачите на тамошното движење „Отпор“, и креативен директор на кампањата „Готов е, излези да гласаш, време е“ против режимот на Слободан Милошевиќ.

Андриќ е во Скопје на покана на невладина организација „Либертас“, за учество во тркалезна маса „Актуелната политичка ситуација во регионот“.

Исто како канцеларијата на Макрадули, така и општинскиот штаб на СДСМ во Струмица дејствува и работи според насоките и одлуките на Централниот одбор на партијата.

„Тоа значи дека учествуваме на сите настани организирани од централата во Скопје, а исто така го организираме и учествуваме на отворениот граѓански парламент што се одржува во Струмица, изразувајќи незадоволство од недемократското владеење на власта“, ни изјави Спасе Глигоров, шеф на штабот на разгранокот на СДСМ во Струмица.

Тој додаде дека во моментот ништо друго не може да коментира за работата и дејствувањето на социјалдемократите во Струмица.

Ниту ден ниту, пак, минута застој нема и во Штип и Кочани. Времето е драгоцено и него изборните штабови на кандидатите за градоначалници во двата најголеми града на истокот од Македонија, го користат максимално за своите активности. Сепак, од двата штаба тврдат дека тие само си ја терале својата редовна партиска агенда, која не била во функција на мартовските избори.

„Имаме активности кои се редовни. Организираме постојани протести против власта, учествуваме во Граѓанскиот парламент, но и секојдневно сме во месните организации на партијата во градот и селата. Во овој момент тоа не се активности во однос на мартовските локални избор, бидејќи ние на нив, според одлуката на партискиот врв, под вакви услови нема да учествуваме. Но, постојано сме со и меѓу членството во случај работите да се променат, да тргнеме во промовирање на програмата на нашиот кандидат за градоначалник Миле Андонов и да ја презентираме пред јавноста на општина Кочани“, ни вели Љупчо Беличев, поранешен градоначалник и поранешен пратеник, шеф на изборниот штаб на Андонов.

Опозицискиот кандидат за градоначалник на Кочани, Миле Андонов, кој е дел од овој пратенички состав, вели дека тие работат како да ќе има и редовни локални, но и предвремени парламентарни избори.

„До 24 овој месец владејачката партија има време да ја промени својата одлука и во еден ден да имаме и локални и парламентарни избори. Во таа смисла ние мора да сме подготвени. Одиме на терен, постојано сме меѓу луѓето, и од нив слушаме дека нема ништо од ветувањата кои актуелното општинско раководство ги даде во 2009 година. Најголемиот успех на актуелниот градоначалник е фонтаната на која потрошија 100.000 евра. Ние имаме програма за иднината на општината, но неа ќе ја презентираме пред јавноста само ако одиме на избори, односно ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати барањето на СДСМ и за предвремени парламентарни избори“, вели Андонов.

Во Штип речиси идентична ситуација. Активностите на опозицискиот СДСМ со коалициските партнери се секојдневни, во најголем дел тие се одвиваат во приквечерните часови. Секој миг се користи да се нападне актуелното општинско раководство, но и да се промовира позитивната страна на опозицискиот кандидат за градоначалник Здравко Коцев.

„Ние целосно и безрезервно ја почитуваме одлуката на највисокиот орган на нашата партија и сето ова кое како наша политичка агенда го правиме не е во функција на локалните избори. Овде се работи за една наша редовна програмска активност која ја спроведуваме по месните организации. Можеби и поради протестите кои ги правиме против оваа власт која инсталира партиско-полициска држава, можеби и поради тоа што нашите активисти се многубројни, јавноста стекнува впечаток дека ние се подготвуваме за избори. Тоа не е точно“, вели Борче Цеков, дипломиран политиколог, претседател на Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Здравко Коцев.

И покрај се', граѓаните на двата града се убедени дека опозицијата постапува во согласност со познатата мисла на Тито: „Да живееме со мислата дека сто години ќе биде мир, а да се подготвуваме како утре да ќе има војна“. Во Штип и во Кочани опозицијата е многу раздвижена што кај граѓаните создава чувство дека таа се подготвува за новиот предизвик.

Во подготовката на текстот учествуваа и дописниците од Битола, Прилеп, Штип
и од Струмица

Штабот на Диневски во Битола преполн со граѓани

И битолските социјалдемократи наспроти најавите за бојкот на изборите не се откажуваа од намерата, како што велат, да ја разбудат Битола и да им го покажат на битолчани вистинското лице на „режимот на Груевски“.

Пред и во партискиот штаб на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, Менде Диневски, во секој момент од денот е преполно со граѓани кои бараат одговори на многу прашања кои ги мачат во моментот. Оние што ги затекнавме пред штабот велат дека не ја губат надежта дека ќе дојде до смена на власта и покрај одлуката на опозицијата да ги бојкотира изборите доколку власта не ги елиминира пречките за фер избори.

„До 24 март има време, народот вели да сме живи до тогаш, па ќе видиме што ќе биде. Се надеваме дека власта ќе ги отвори вратите за она што го бара опозицијата и дека ќе има фер избори. Еве јас сум тука да прашам дали кандидатот Диневски доколку дојде на власт, планира да изгради пречистителна станица во Битола, бидејќи лично сум засегнат со тоа. Оваа власт ветуваше, ништо не направи“, велат дел од битолчани.

На фејсбук-профилот на кандидатот за градоначалник Диневски преку фотографии и коментари може да се види дека секој ден е на терен не само во градот туку и по битолските села. Во неделата не пропуштил да биде на карневалот во потпелистерското село Цапари. Како и тоа дека досега заедно со неговиот тим тропнале на близу 20.000 дома и дека од таа мисија нема да се откажат. (А.Б.)

 


Статијата е прочитана 3016 пати.


Испрати коментар



Претставничката на ОМД во Грција тужи за расизам
Брисел не се колеба околу препораката
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Соопштението на ЕУ и САД
Опозицијата ќе организира карвани и низ Македонија



Трпе, 15.01.2013 00:22:43
Јадни дпмне-овцички.Очекуваат локалните избори да ги добијат на тацна.Но толку и држи дека одлуките ги носат граганите.Опозицијата не е како нив да мешат баби и жаби.Локални избори се едно а парламентарни друго.Но ако не функционира државата како што треба се е џабе.Цело да биде треба да има се..Паниката кај власта е многу голема ако не им успее дел од наивниот и неписмен народ да го убедат и задржат за себе лажејки го со разно разни играчки.И гаќите да ги соблечат ако народот се разбуди ништо не им пали
Gradimo kao da nikada nece biti rata, spremajmo se kao da ce ga sutra biti!, 15.01.2013 01:55:19
Na bilo kakvi izbori - obavezno! Ne da i se dade ili odzeme legitimitet na ovaa kriminalna vlast, nego da se vlasta demokratski osvoi. A vracanje vo parlamentot iskljuchivo posle parlamentarni izbori. Poinaku - nikako! Toa go veli elementarnoto chovechko dostoinstvo. Za toa neka mu ja misli vlasta, koja mimo site zakoni i normi, se drzna da ve fizichki isfrli od parlamentot, a sega ve ushte povikuva da se *urazumite* i da se vratite. Pogolem cinizam, zdravje! Ama lekot/penecilinot za ovie cinici se tokmu izborite i zatoa na izbori! So sreca!
ФЕЛИКС, 15.01.2013 07:58:20
Овие од Шатевска како да немаат милост кон сопственото членство,па го испошашардисуваат со преземени чекори напред-назад,лево-десно.Некој се качува на буре и кажува ,,локални избори јок,се додека не се исполнат барањата,,.Од друга страна ,,ништо нас не сме изненадити изборно,па зато богати и се спремамо,,Вероватно поради шашмата оние од Охрид и Штип а можеби и од др.градови провикнаа,,доста бре зезање,ако треба сами ќе одиме на избори,,. Во целава оваа гунгула идам-нејдам, симптоматично молчи Карпошовиот градоначалник ,инаку фаворит во изборната трка.Неверувамдека ќе го подржи изборниот бојкот,па од тие причини молчи и чека да за еден месец некој од неговите да се вразумат и со поднесување кандидатски листи го подржат во изборната трка.Исто така сум убеден да со НАДЕЖ гледа во Сантини и очекува поволни вести после средбата со неговиот водач.
Nekoj, 15.01.2013 10:39:58
A zosto da ne rabotat! Sredbite so gradjanite se dobredojdeni.Makraduli seuste e pratenik vo Sobranieto,izbran od narodot i normalno e da ima sredbi so istiot pa i da ne odat na izbori.Sojuzot za idninata e sojuz koj mora da gi promovira svoite idei i da odgovara na site prasanja koi gradjaninot ke mu gi postavi.
predvidlivo, 15.01.2013 11:15:57
SDSM ke si izleze najnormalno na izbori. ke ima agresija, mozni se i incidenti, no lokalni izbori ke ima so nivno ucestvo. Uostalom ima li nesto sto rekle a ne porekle.
S.P., 15.01.2013 14:10:59
Vazno Feliks znae se!!!!!!!!!!
Mirko, 15.01.2013 15:54:17
Koja vajda imaat opstini vo koi se gradonacalnici od opozicija, a koi dobija pobedi vo isti? Nikakvi.Primer, Ohrid turisticki centar na Makedonija. Vlasta ne vlozi nisto vo taa opstina, samo zato sto ista nee od VMRO. Patot Ohrid-Sv.Naum, e kastrofa. Kako i ostanatata infrastruktura. Takva slucka e sekade, kade se gradonacalnici od opozicijata. Poradi toa, edina sansa se parlamentarni i lokalni izbori, vo istiot trosok.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 5°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |