Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.01.2013, 16:28

Опозицијата ќе организира карвани и низ Македонија

Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, ги најави натамошните активности, кои ќе се фокусираат на протестни маршеви и граѓански парламенти

Опозицијата од денеска го сели граѓанскиот парламент низ земјава. Во план е да се организира карван, кој ќе помине во поголемите градови, каде што секој работен ден ќе се организираат протестни маршеви и граѓански парламенти. Карванот ќе почне од Прилеп – градот револуционер, каде што денеска од 18 до 19 часот раководството на СДСМ, како и раководствата на партиите од „Сојузот за иднината“, заедно со граѓаните на Прилеп ќе маршираат низ улиците на градот. Маршот ќе заврши со граѓански парламент на кој граѓаните ќе ги изнесуваат своите ставови и мислења. По Прилеп, граѓанскиот парламент се сели во Струмица, в четврток во Штип, а в петок во Охрид. Ваквото дејствување на опозицијата го најави вчера Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

„Во меѓувреме додека организираме граѓански парламенти низ државата, отпорот во Скопје ќе го продолжиме, за почеток со блокирање по една раскрсница секој работен ден“, најави тој на вчерашната прес-конференција. Блокадите ќе бидат во времетраење од половина час од 12 до 12,30 часот, почнувајќи од денеска со полчасовна блокада на раскрсницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Рузвелтова“ кај „Симпо“.

„Свесни сме дека тоа ќе предизвика непријатности и нервоза кај граѓаните, затоа во оваа пригода ги повикуваме скопјани да имаат разбирање за блокадите, имајќи предвид дека уличниот отпор останува единствено средство за борба против овој режим“, вели Георгиев.

Тој додаде дека „ако власта не се вразуми и не покаже волја за политички дијалог со кој би се надминала политичката криза, интензитетот на отпорот и граѓанската непослушност како низ градовите од внатрешноста така и во Скопје ќе се зголемува“.

Од СДСМ се децидни дека граѓанската непослушност и уличната демократија се единствените инструменти кои им преостануваат. „Лицемерните повици да не' вратат во Собранието од каде што насилно не' исфрлија, нема да не' поколебаат и да не' одвратат од намерата да им ја вратиме државата на граѓаните, а Уставот и законите повторно да станат основните начела на функционирање на државата“, е ставот на опозицијата. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 531 пати.


Испрати коментар



Претставничката на ОМД во Грција тужи за расизам
Брисел не се колеба околу препораката
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Соопштението на ЕУ и САД
Изборните штабови на СДСМ работат со полна пареа



bitola, 15.01.2013 06:13:45
mene me interesira dali se vo plan da otvorat nova banka[stedilnica]vo bitola.......?????
Трпе, 15.01.2013 08:35:37
И тенеќии треба да се земат за да се тропа.Мора да се разбуди заспаниот,наивен народ кој очекува се некој друг да му ја заврши работата.А кога дискутират меѓусебе, кажуват дека власта веќе не се трпи,тешко било.Да,тешко е но мора ова со здружени сили да се поправи.По се излегува дека овој народ во овој регион е најголемиот страшливец.Кубурот го чуват во појас за потешки времиња.Треба многу да бидат благодарни на опкружувањето.Кој ослободувал и си земал дел.
Brian, Canada, 15.01.2013 18:19:32
Trpe, bezmilosno go navreduvas makedonskiot narod vo dekoj komentar, bidejki ne razmisluva kako tebe. narodot mozes da goizlases ednas, poveke ne. BC i SDSM go imaat islazano povekekratno, i mestoto na SDSM e tamu kade sto zaslizuva. DEmokratsko pravo na sekoj poedinec e da ima svoe viduvanje na nestata. Transformiranite komunisti (SDSM) i nivnite trabanti (Trpe i komp.) po default imaat nedostatok na demokratski kapacitet, ama ke naucat. Uste edno sedum osum izborni porazi ke vi go doteraat umot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 5°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |