22 Претставничката на ОМД во Грција тужи за расизам
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
14.01.2013, 16:34

Претставничката на ОМД во Грција тужи за расизам

Атина - Претставничката на Обединета македонска дијаспора во Грција, Евгенија Нацулиду, го тужи неделникот "Прото тема" за клевета и прекршување на антирасистичкиот закон. Тужбата доставена до судот во Воден е против новинарот, весникот и секој друг медиум кој во целост го репродуцира текстот во кој се споменуваат активностите на Нацулиду и македонскиот културен центар во Воден и се става под знак прашалник од каде доаѓа финансирањето на овие активности, со барање финансиската полиција да ги испита овие активности. Нацулиду го тужи весникот за клевета бидејќи без основа ја обвинува за ширење иредентистичка пропаганда со валкани пари. Во весникот има изјава и од пратеникот на Нова демократија, Адонис Георгијадис, кој коментира дека ќе побара во Собранието да има расправа за тоа од каде доаѓаат парите на невладините организации на македонското и турското малцинство во Грција.

Според соопштението на ОМД, Нацулиду се нашла на удар на неделникот по нејзиното патување заедно со македонската православна заедница во Грција во Канада и САД, на која Нацулиду зборувала дека е потребно во Грција да се стави крај на дискриминацијата на македонското малцинство. ОМД коментираат дека во текстот без дозвола на Нацулиду и организацијата се користени нејзини приватни фотографии и фотографии од галата на ОМД во Торонто. Дел од тужбата е и поради тоа што во ниеден момент не е објаснето дека Нацулиду е грчки државјанин, туку се ословува како "Скопјанка".

Според соопштението на ОМД, кусо по објавување на текстот, на фејсбук- страницата на Нацулиду одреден корисник упатил смртна закана, за што веднаш била информирана грчката полиција и секторот за електронски криминал. Нема докази дека двата настани се поврзани, меѓутоа се смета дека не помагаат текстови кои создаваат омраза кон одредена група.

За Нацулиду ваквите случувања се само обид да се заплашат активистите за човекови права. Смета дека ваквата атмосфера на заплашување мора да запре и да биде заменета со култура на меѓуетничка толеранција и почитување на слободата и човековите права. (М.П.)






Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 5°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |