22 Регулаторна ќе го тужи СДСМ
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Македонија
03.08.2012, 17:03

Регулаторна ќе го тужи СДСМ

Регулаторната комисија за енергетика, РКЕ, во целост ги отфрла обвинувањата на СДСМ за цената на струјата и нагласи дека во својата работа се раководи од Законот за енергетика, меѓународните правила и обврски и води сметка за интересите на државата.

„Нашите одлуки обезбедуваат почитување на европските директиви и намалување на вкупните трошоци, што е битно за економијата. И со нив Македонија има повторно најниска цена на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа и е една од ретките држави во кои постои евтина тарифа“, стои во вчерашното соопштение на РКЕ.

Од Комисијата посочуваат дека за политичкиот притисок на СДСМ ќе се обратат до релевантните меѓународни тела.

„Македонија е единствената земја во регионот каде постоеше евтина тарифа во текот на денот. Во сите држави што произлегоа од поранешна Југославија таа е укината, а во некои од нив (Србија и Хрватска) е укината и во недела. Земјите го сторија тоа заради намалување на вкупните трошоци на своите електроенергетски системи“, се појаснува во соопштението од РКЕ.

Од Комисијата велат дека цената на струјата за домаќинствата е речиси најниска во регионот, како и во Европа и дека Словенија, Грција, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Бугарија и Црна Гора имаат поскапа струја.

„Единствена причина за укинување на евтината дневна тарифа, во периодот од 13 до 16, освен во недела, е да се намалат трошоците за увоз на струја. Таа се увезува дневно, по цена што е повисока за 50 проценти од ноќната. Од друга страна, ЕЛЕМ располага со вишоци на струја во ноќните часови кои, доколку не се преземат од потрошувачите, им создаваат дополнителни трошоци на ЕЛЕМ од 8 до 10 проценти. Се испраќа сигнал до потрошувачите, дел од својата потрошувачка во текот на денот да ја префрлат во ноќните часови, по 22 часот. На овој начин ќе се намалат трошоците за увоз“, стои во соопштението. (М.Т.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Магла

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)
Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
„Заробена“ јахтата на Стив Џобс
Наследниците на Стив Џобс му платиле само шест милиони евра на Штарк, а тој смета дека му должат девет милиони евра. Бро...
Новогодишната елка како семеен фотоалбум
Ако ви здосади досегашниот изглед на елката, олабавете се и направете нешто сосема ново.Во продолжение- совети како да ј...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |