03.08.2012, 10:29 Прва победа за македонската кошаркарска репрезентација на ЕП за јуниорки
Ова беше прва победа на нашата репрезентација на ЕП дивизија Б кое се одржува во Струмица, со која го избегнуваат последното место во групата Х
Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години ја победи Шкотска со 66:59 и ја забележа првата победа на Европското првенство во петтиот одигран натпревар.
Вчерашниот натпревар кој вчера се одигра во салата „Никола Карев“ во Струмица беше неизвесен до самиот крај. На полувремето Македонија отиде со водство од 33:30, но Шкотска со добар шут од далечина во второто полувреме направи пресврт и на самиот старт на последната четвртина стигна и до највисока предност од 53:46. Следуваа поени во серија на младите македонски кошаркарки и со цврста игра во одбраната и само два примени поени цели седум минути, го вратија водството кое го задржаа до крајот за конечен триумф од 66:59.
Ова беше прва победа на нашата репрезентација на ЕП дивизија Б кое се одржува во Струмица, со која го избегнуваат последното место во групата Х.
Денеска од 18 часот и 15 минути во салате „Парк“ Македонија ќе игра против Украина. Овој дуел ќе одлучи дали македонската репрезентација ќе се бори за 13.то или 15.то место на првенството. |