29.07.2012, 09:21 Винокуров олимписки шампион во велосипедизам
Казахстанецот го освои вториот златен медал на Игрите во Лондон
Александар Винокуров од Казахстан е нов олимписки шампион во велосипедизам, откако прв ја мина целта во трката на 249,5 километри.
Тој патеката ја извозе за 5 часа 45 секунди и 57 стотинки и во финишот беше побрз од Ригоберто Уран Уран од Колумбија, кој немаше сили да го следи спринтот на Винокуров и мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Бронзата му припадна на Александер Кристоф од Данска, кој беше најбрз во групата која заостана осум секунди зад двајцата првопласирани. Винокуров го освои вториот златен медал на Игрите во Лондон. |