Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.07.2012, 06:18

Грчкиот графички дизајн успешно плива во кризните води

Грчкиот дизајнер Тасос Папајонау би бил многу среќен да види соработка и заеднички изложби и во Скопје и во Атина на дизајнери од двете држави

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Графичкиот дизајн во Грција не е западнат во криза. Напротив, кризата која сите ја претставуваат со катастрофални слики и сценарија, помогнала за промовирање на помалите студија за графички дизајн и фриленс-дизајнерите, преку пренасочување кон нив на големите клиенти од големите адвертајзинг-агенции, а дејствува и како инспирација за работење на повеќе лични проекти. Тасос Папајоану, еден од реномираните дизајнери и илустратори во Грција, забележува дека кај народот се' повеќе се развива свеста за тоа што е добар и квалитетен дизајн, дека се отстапува се' повеќе простор во медиумите преку едукативни текстови и интервјуа, што помага за популаризирање на грчкиот дизајн и дизајнерските студија. Секторот е добро организиран преку активно здружение на дизајнери, а речиси една деценија во Грција се одржуваат и ЕВГЕ-награди за графички дизајн.

Папајоану има 34 години и веќе 11 години активно плива во дизајнерските води. Започнал како стрип-артист, продолжил да работи како илустратор, а потоа и како графички дизајнер и целата негова работа е интегрирана во студиото „One man show“. Работи и фриленс и како арт-директор во студиото „Some think creative” во Атина. Веќе 7 години има своја издавачка куќа за стрипови „Гиганто“, со над 30 изданија од најпознатите стрип-цртачи во државата, аматерски се занимава со фотографија, има своја радиоемисија на онлајн-радиото „Поплие“. Вратата кон дизајнот му ја отворила наградата за стрип-цртач од весникот „Елефтеротипија“ со која освоил студии по графички дизајн на еден од приватните факултети.

Забележува дека грчкиот графички дизајн напредува, се развива и генерално се движи во добра насока. „Она што се случи со финансиската криза е дека клиентите заминаа од големите адвертајзинг-агенции и се отворија повеќе кон помалите студија. Тоа е добро за нас. Имаме подобри и поквалитетни клиенти, кои пак добиваат одличен дизајн за релативно помала цена од големите компании. Тоа е добрата страна на кризата за графичкиот дизајн кај нас“, вели тој. Оценува дека се развива свеста и луѓето веќе го имаат до некаде истренирано окото да може да разликуваат добар од неквалитетен графички дизајн, кој дизајн подобро функционира за нивните потреби. Оптимист е дека полека се менува менталниот склоп на граѓаните кои сметаат дека дизајнирањето �� само некакво шкрткање од хоби на компјутер за кое треба да се плати некаква минимална сума. Без разлика дали станува збор за графички, модни или индустриски дизајнери во Грција, нивниот број во овој период е во пораст. Тасос посочува дека маалото Кукаки, веднаш под музејот на Акропол, полека израснува во атински дизајнерски кварт. „Тренд е да се отвараат и студија, но и продавници за дизајнерски предмети, индустриски, моден дизајн, ракотворби во Кукаки. Маалото се претвора во еден вид дизајнерски кварт. Особено помага фактот што е во туристички дел, така што туристите по Акропол може да свратат и да погледнат и што е најново од домашните дизајнери“, коментира Тасос.

Дел од грчките дизајнери и дизајн-агенции, за него, се на исто рамниште со познатите светски агенции со тоа што нивните проекти се светски познати и работат со големи и домашни и меѓународни клиенти. Ги посочува „MnP“ и „Beetroot“, солунското дизајнерско студио кое две години по ред ја зема престижната награда за комуникациски дизајн „Ред дот“. Самиот тој има неколку странски клиенти и посочува дека она што му помогнало за пробивање во меѓународни рамки е вклучување на негови дизајнерски проекти во книгите на „Таchen“. Негови дела се претставени во „Illustration now vol. 2“ и “Identity now”.

„Тоа беше огромна промоција за мојата работа и од големо значење за мене затоа што уредник на изданието беше познатиот Џулиус Видеман, експерт во полето на графички дизајн“, додава, објаснувајќи дека се' уште одржува контакти со Видеман, кој e гуру на ова поле и се' уште одблизу ја следи неговата работа. Тука само по себе се наметнува дискусијата дека контактите - „нетворкингот“, е клучна работа за напредокот на дизајнерите, а покрај социјалните медиуми од голема корист е и специјализираниот сајт „behance.net“. Интернетот освен што отвора нови хоризонти, идеи и начини на работа, значително го олеснува комуницирањето со светски познати дизајн��ри. „Има дизајнери кои онлајн го пренесуваат и објаснуваат секој дел од процесот на работа, што е фантастично да се следи. Интернетот ни реши многу проблеми и отвори многу врати“, вели Тасос.

Еден од начините да се запознае одблиску работата на графичките дизајнери во Атина е иницијативата „Design Walk”, која во суштина претставува прошетка низ просториите на повеќе студија за дизаjн. Важи за една од клучните иницијативи и важни настани поврзани со грчкиот графички дизајн. „Во периодот на Олимпијадата во Грција, 2004 година, имаше голем бум на графички дизајнери, имаше многу работа за нив токму за Игрите. По нивното завршување остана соработката меѓу дизајнерите и се отворија голем број студија и агенции во квартот Псири, во центарот на Атина. Тоа беше една многу убава работа, од Олимпијадата произлезе една долгогодишна соработка“, вели тој за почетоците на иницијативата.

Три од студијата решиле да го искористат фактот што има толку дизајнери на едно место и да ја отпочнат иницијативата. Секоја година има различна тема за настанот, а студијата подготвуваат посебни проекти како изложби за овој настан, кој се одржува на секој две години, поради проблеми со финансирање и спонзори. Се креира мапа на агенции од неколку квартови во центарот на Атина за јавноста да може да се ориентира и да ги лоцира агенциите. „’Design Walk’ е во февруари, обично во оние посончеви денови од месецот, па луѓе излегуваат од зимската хибернација, земаат кафе, сами или во друштво ги бараат и шетаат низ студијата за дизајн, имаат шанса да поразговараат со дизајнерите, да се запознаат и со нивната работа, да направат и мини-интервју за некој проект. Потоа од тоа произлегуваат и многу нови клиенти за студијата“, објаснува Тасос.

За поврзаноста, полесната комуникација и соработка меѓу грчките дизајнери помага и Здружението на графички дизајнери, кое се грижи целосно за се' што се однесува на графичкиот дизајн и за подобрување на условите за работа и вреднувањето на професијата. Асоцијацијата организира предавања, изложби и конкурси преку кои се промовира работата на дизајнерите, следи какви се државните конкурси и тендери за графички дизајн и апелира да не се учествува ако цената што се плаќа е потценувачка во споредба на обемот и бараниот квалитет на работа. „Здружението последниве две години ја има на своја страна новата генерација графички дизајнери. Се организираат предавања, грчки дизајнери и агенции имаат презентација за нивната работа, работилници. На пример, лани имаше работилница за печатење на свила-метаксотипија на рака. Предавањата и презентациите на агенциите се бесплатни и за дизајнерите, но и за преостанатиот дел од јавноста што помага во едуцирањето за графичкиот дизајн“, коментира Тасос.

Освен здружението, уште еден простор кој ги отвара вратите за комуникација меѓу дизајнерите се годишните награди за графички дизајн и илустрација ЕВГЕ. За нашиот соговорник постоењето на овие награди е поттик плус за мотивирање на грчките дизајнери да се надградуваат и да бидат подобри во тоа што го прават, секако без да бидат главен мотив за нивната работа. „Позитивен момент е и тоа што и' помагаат на дизајн-заедницата да се запознае меѓу себе“. Дизајнерите сами пријавуваат проекти во неколкуте различни категории, кои ги оценува специјализирана комисија во која има и странски член од ИКОГРАДА, односно Меѓународниот совет на здруженија на графички дизајнери. Во 2009 наградата ЕВГЕ за дизајн на маичка му беше доделена на македонскиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски-Флим, сега дел од тимот на „Футура 2/2“, за маицата „Електро-мече“ дизајнирана за грчката компанија „Космик Сода“. Тасос вели дека е отворен за соработка и би бил многу среќен да види соработка и заеднички изложби и во Скопје и во Атина на дизајнери од двете држави, или пак да има соработка и во некое списание.


Статијата е прочитана 351 пати.

Испрати коментар



Вана Урошевиќ изложува во Цетиње
„Љубојна“ ќе ги затвори 42. Илинденски денови во Битола
Софискиот „Театар 199“ вечерва на „Охридско лето“
Промовирани првите изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Отворена изложба на носии во Крушево
Францускиот кларинетист Пoл Мејер вечерва на Охридско лето
Почнува Д Фестивал во Дојран
Доделени наградите на фестивалот на античка драма Стоби 2012
„Медеја“ на Кокотовиќ вечерва на „Стоби“
(ИНТЕРВЈУ) Сексот е само средство за смирување
Постери за Олимпијадата изложени и во Скопје

„УТРИН��КИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |