27.07.2012, 14:42 „Медеја“ на Кокотовиќ вечерва на „Стоби“

Во рамките на фестивалот „Стоби“, Битолскиот народен театар вечерва ќе ја одигра претставата „Медеја“ од Хајнер Милер, во режија на Нада Кокотовиќ
Битолскиот народен театар, вечерва, во рамките на фестивалот на античка драма „Стоби“, на сцената на амфитеатарот на истоимениот археолошки локалитет, во 21 часот ќе ја одигра претставата „Медеја“ од Хајнер Милер, во режија на Нада Кокотовиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а автор на музиката е Миодраг Неќак.
Во главните улоги настапуваат актерите: Јулијана Мирчевска, Здравко Стојмиров,
Соња Михајлова, Кристина Христова Николова, Борис Чоревски, Валентина Грамосли и др. Главните теми во оваа претстава на Кокотовиќ се односот на мажите и жените, љубовта и омразата, предавството... (К.Б.) |