Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.07.2012, 17:56

Доделени наградите на фестивалот на античка драма Стоби 2012

Најдобар режисер на овогодишното издание на фестивалот е Кенан Ишак, a „Антигона“ ја доби и наградата за најдобра претстава

Во античкиот театар Стоби синоќа беа доделени наградите на 11. фестивал на античка драма „Стоби 2012“.

Наградата за најдобра машка улога му припадна на Бранко Штурбај за улогата на Ефклион во претставата „Алуларија“ на Хрватскиот народен театар од Вараждин. Јулијана Мирчевска ја доби наградата за најдобра женска улога за улогата на Медеја, која синоќа беше одиграна на сцената на античкиот театар во Стоби на Народниот театар од Битола.

Најдобар режисер на овогодишното издание на фестивалот е Кенан Ишак, режисер на претставата „Антигона“ на Турскиот национален театар од Истанбул. Претставата „Антигона“ ја доби и наградата за најдобра претстава на Стоби 2012.

Ова е едногласната одлука на тричленото жири на Фестивалот на античка драма Стоби во состав Четинал Томрис – претседател и членовите Слободанка Чичевска и Јордан Витанов.

Директорот на фестивалот Зоран Љутков е задоволен од овогодишното издание на фестивалот, особено заради тоа што тој секоја година се повеќе расте. Според проценките на Љутков, оваа година фестивалот го посетиле околу 6000 љубители на театарската уметност. За организација на фестивалот на античка драма Стоби оваа година буџетот изнесувал 2,8 милиони денари од кои еден милион ги обезбеди општина Велес, 800,000 денари Министерството за култура на Република Македонија, а останатите ги обезбеди организациониот одбор на фестивалот по пат на спонзорства. Златен спонзор на фестивалот е винаријата Стоби.


Статијата е прочитана 205 пати.

Испрати коментар



Филмот на Теона Митевска ќе се бори за Европските филмски награди
Премиера на „Така зборуваше“
Почнува реконструкцијата на римскиот Колосеум
„Леб и сол“ со проектот „Симфони“ го затвора „Скопско лето“
Вана Урошевиќ изложува во Цетиње
„Љубојна“ ќе ги затвори 42. Илинденски денови в�� Битола
Софискиот „Театар 199“ вечерва на „Охридско лето“
Грчкиот графички дизајн успешно плива во кризните води
Промовирани првите изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Отворена изложба на носии во Крушево
Францускиот кларинетист Пoл Мејер вечерва на Охридско лето
Почнува Д Фестивал во Дојран
„Медеја“ на Кокотовиќ вечерва на „Стоби“
(ИНТЕРВЈУ) Сексот е само средство за смирување
Постери за Олимпијадата изложени и во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Преглед на освојувачи на медали - 3.ден
По третиот натпреварувачки ден 37 држави имаат освоени медали...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |