Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
29.07.2012, 11:39

Францускиот кларинетист Пoл Мејер вечерва на Охридско лето

Пол Мејер е најпознатиот современ француски кларинетист и еден од најпризнатите светски уметници на својот инструмент

На сцената во катедралната црква „Света Софија“ вечерва во рамки на „Охридско лето“ концерт на најпознатиот француски кларинетист Пол Мејер, во пијано придружба на шпанскиот солист Антонио Сорија.

На програмата на концертот организиран со финансиска подршка на Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија се познати дела на Шуман, Сен-Санс, Пуленк, Дебиси, Монтсалваж, Санкан, Арнолд.

Пол Мејер е најпознатиот современ француски кларинетист и еден од најпризнатите светски уметници на својот инструмент. Лауреат е на повеќе натпревари. Мејер е исклучителен интепретатор на модерна музика. Тој изведувал светски премиери на дела од Герд Кир, Кшиштоф Пендерецки и Лучано Берио. Реализирал снимки на помалку познати дела од традиционалниот репертоар за кларинет, меѓу кои дела за виола и кларинет од Макс Брух заедно со Жерар Косе, два концерти за кларинет од Игназ Плејел во соработка со Жан-Пјер Рампал, како и делото „Симфонија кончертанте“ од Франц Данци. Соработувал со многу диригенти како: Емануел Кривине, Гунтер Хербиг, Еса-Пека Салонен, Јехуди Мењухин, Јиржи Максимиук, Кент Нагано, Давид Цинман, Мајкл Гилен, Лучано Берио. Негови партнери во камерното музицирање биле: Ерик ле Саж, Жан-Пјер Рампал, Жерард Косе, Мариа Жоао Пирес, Јури Башмет, Гидон Кремер, Јо Јо Ма, Мстислав Ростропович, Владимир Спиваков, Барбара Хендрикс, Натали Десај, Гил Шахам и ред други виртуози од светот на класичната музика. Мејер остварува богата кариера и како диригент на повеќе оркестри, вклучително Филхармонијата на Сеоул и Филхармонијата на Копенхаген, а во прилог на ова, тој е и шеф-диригент на Tokyo Kosei Wind Orchestra.

Антонио Сорија е концертен пијанист и извонреден професор по пијано, камерна музика, оргули и музичка теорија. Најголемо признание од светските критичари добива за издавањето на сетот од 16 компакт дискови со целокупната музика за пијано на Хоакин Турина, за кој добива две награди. Како солист настапувал на рецитали во повеќе земји во Европа, САД и Бразил, остварил успешни концерти и како солист со повеќе оркестри. Сорија добива признанија од критичарите за неговиот придонес во афирмација на музиката на Итурби и Де Лароча. Сорија е доктор по естетика на музика и музичка креативност и професор на Конзерваториумот за музика во Кастељон, Шпанија, како и гостин предавач на меѓународни мајсторски курсеви за музичка интерпретација.


Статијата е прочитана 166 пати.

Испрати коментар



Вана Урошевиќ изложува во Цетиње
„Љубојна“ ќе ги затвори 42. Илинденски денови во Битола
Софискиот „Театар 199“ вечерва на „Охридско лето“
Грчкиот графички дизајн успешно плива во кризните води
Промовирани првите изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Отворена изложба на носии во Крушево
Почнува Д Фестивал во Дојран
Доделени наградите на фестивалот на античка драма Стоби 2012
„Медеја“ на Кокотовиќ вечерва на „Стоби“
(ИНТЕРВЈУ) Сексот е само средство за смирување
Постери за Олимпијадата изложени и во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |