Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
29.07.2012, 17:12

Мислења

Опачината на медалите на власта

Манчо Митевски

Четирите карти за Олимпијадата, 105 -то место на фудбалерите и играњето во Евро-африканска зона на тенисерите ја чинат Македонија стотина милиони евра!

Македонски Состојби

Светот е во олимписка треска. Најголемиот дел од десетината илјади учесници на Олимпијадата, во Лондон се дојдени не само да учествуваат, туку и да се борат за медал. Македонија има само четири натпреварувачи, досега најмалку откако учествува на Летните олимписки игри! Ниту еден од нив нема исполнето олимписка норма, туку таму се на покана од организаторите, со вајлд-карти, со цел да се запази масовноста и да се испочитува максимата на Кубертиен: Важно е да се учествува!

Затоа, Македонија, а тука пред си' мислам на Владата, треба што поскоро да се соочи со другата страна, со опачината на нашиот спортски „медал“ во Лондон, но и многу пошироко - како состојба во многу области од општествениот живот во земјата. Неизбореното учество на нашите спортисти на олимписките терени, веднаш изнудува мал милион прашања кои можат да се заокружат во едно: зошто четирите вајлд-карти за олимписките игри, 105 – тото место на фудбалската репрезентација на ФИФА-листата и натпреварувањето без позабележителен успех во периферната Евро-африканска Девис-куп зона на тенисерите, и да не редам натаму, ја чинат Македонија стотина милиони евра во последниве шест години, колку што Владата на ВМРО-ДПМНЕ, откако е дојдена на власт, вложи во спортот. Имено, ја изгради импозантната национална арена „Филип Втори“, која не само што е една од поубавите во регионот, туку е и една од најскапите, за што се потрошија повеќе десетици милиони евра, направи десетици спортски сали во училиштата, во градовите и се��ата, исто толку фудбалски и тениски терени, додели голем број пензии и стипендии за заслужни поранешни и надежни спортисти, а не треба да се заборави и развезувањето по европски дестинации на илјади навивачи да ги бодрат нашите спортисти...

Скраја било дека некој има нешто против стимулирањето на спортот. Но, не треба да се премолчи и да не се праша какви ефекти дадоа овие вложувања мерени низ спортски резултати и низ здравјето и менталниот развој на младите, нели, во Здраво тело - здрав дух!

Еден од несаканите ефекти е отсуство на резултати токму во спортовите каде што е најмногу вложено: фудбалот, тенисот и масовниот спорт. Можеби некој ќе рече дека резултати во спортот не се постигнуваат преку ноќ. Точно, иако е факт и дека пет-шест години се циклус, ако не за појава на врвни спортисти, односно врвни резултати, тогаш барам за најава дека се на повидок талентирани спортисти. Ако веќе за некои врвни спортски резултати треба уште да чекаме, тогаш каде се ефектите од масовниот спорт во поглед на здравствената превентива и заштита од пороците, што треба да биде една од значајните функции на спортувањето. Во Македонија состојбите со деформитетите на телата на децата од училишна возраст се алармантни. Позагрижувачки се податоците за експанзијата на бројот на децата со зголемена телесна тежина, како и за спуштањето на возрасната граница на консумирање дроги и алкохол. Како последица на тоа се зголемен притисок, срцеви заболувања, смртни случаи од предозирност со наркотици, а на тоа се надоврзуваат насилствата, криминалот, проституцијата и други пороци од се' порана возраст.

Значи, не е проблемот што се градат спортски објекти. Проблемот е што власта не изгради стратегија за спортот во целина - и како активност за постигнување спортски резултати, но и како општествено полезна дејност од која наедно ќе се остварува и профит. Џабе се фудбалските и тениските терени ако нема фудбалери и тенисери кои ќе играат на нив, ако не се полнат трибините, ако нема реклами, ако не се организираат меѓународни натпревари. Џабе ако нема способни луѓе во спортските федерации кои што добро ќе ги менаџираат (сега доминираат партиски војници), ако нема добри тренери кои ќе работат со младите спортисти, ако нема пари со кои ќе се финансираат клубовите и спортистите, ако нема богати бизнисмени кои ќе вложат во спортот со надеж дека нешто од вложеното ќе им се врати преку резултатите на спортистите и клубовите.

Според тоа, во Македонија, освен во спортски терени, не се инвестира во ништо друго и затоа македонскиот спорт дојде до ова дереџе, а многу спортови, со кои порано се гордеевме, сега еден по еден замираат.

Иако сево ова што го кажав е многу битно за македонските состојби, поентата сакам да ја воопштам и да ја ставам на фактот дека актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да гради стратегија и систем со помош на кои вложувањата ќе даваат ефекти во општествените сфери каде што се прават, таа изгради систем, поточно антисистем во кој се битни ефектите. Поточно, не е битно колку ќе напредува општествената сфера во која се вложени милионите евра, туку се поважни партиските ефекти, односно колку вложените пари ќе се вратат со гласови за да се зачува власта!

Спортот е само добра илустрација што ја поткрепува тезата. Во овој поглед не се занемарливи ни земјоделството, социјалата, пензионерите и другите социјални категории кои носат многу гласови. Земјоделството, односно парите за субвенциите, кои се на пиедесталот на фалбите на власта, има најголем обратнопропорционален ефект од она што се прокламира - зголемување на производството и намалување на увозот на храна. Власта се фали дека вложила стотици милиони евра за субвенции, што е неспорен факт. Сепак, неспорен е и фактот дека последниве неколку години, наместо да се намалува, се зголемува увозот, а Македонија станува зависник од увоз на храна. Ако за субвенции се дадени неколку стотини милиони евра, приближно толку се дадени и за увоз на храна, бидејќи за толку е поголем увозот од извозот! Значи дупло голо - негативни ефекти за државата, затоа, пак, позитивни за партијата на власт, бидејќи се враќаат со гласови на изборите. Затоа што, субвенциите како што се поставени се повеќе социјално-коруптивна отколку развојна категорија. Или пензиите. Македонија има срамно ниски пензии кои континуираното зголемување на цените на енергенсите, постојано ги подјадува. Затоа, пак, власта бесплатно бања дел од пензионерите во бањите, дел бесплатно ги вози во автобуси, а тие, со таа прашина во очите не ги гледаат лошите работи и како благодарни должници - си гласаат!

Деновиве во интервју на еден професор - економист, велат близок на власта, ако не се лажам, забележав респект на мислата на познатиот економист од времето на најголемата светска криза во минатиот век, Кејнз, дека, во услови на криза: „Ако немате за што да трошите, вработете две групи лиѓе, едните да копаат дупки, а вторите да затрпуваат“. Оваа доктрина како да е прифатена од нашата власт, а потврда на тоа е тезата дека, за разлика од другите: тие градат, што е голем блеф, бидејќи има градење и градење! Има градење што дава повратни ефекти, на пример: пруги, автопати, електрани... А има градење што не создава нова вредност: административни згради, барокни фасади, споменици, начичкани еден до друг мостови, фонтани... и тоа во време на голема криза. Сево ова, судејќи според ефектите, наликува на инженеринг за коруптивно купување на власта со мали донации за очите и џебовите на оние што веруваат во тоа и малку поголеми за оние што ги „остваруваат“ таквите проекти.

Патем, игрите во Лондон ги гледаме на ТВ и навиваме за најдобрите светски спортисти, бидејќи нашите се таму, нели, само за да учествуваат!

(Авторот е новинар во пензија)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1284 пати.

Испрати коментар



Писма - Науката ја губи поддршката
Писма - Шатев беше македонски патриот
Дали Кина ја губи дипломатската содржина?



Itar Pejo, 30.07.2012 00:43:45
Zosto na vladiniot web-site (www.mia.com.mk) nema niedna fotografija od otvoranjeto na LOI? Niti od priemot na Predsedatelot, so soprugata, kaj kralicata ili na stadionot?
jovan, 30.07.2012 00:44:30
Sostojbata vo sportot e potpolno ista kako i vo politikata, pa onaa sportska uzrecica*Ne e vazno dali ke pobedis, vazno e da ucestvuvas* e preslikana i vo politikata. Ne e vazno da pokazes rezultati i uspeh, vazno e da te pokanat na nekoja dobra pozicija i da ucestvuvas vo licno bogatenje, pa imame, kakva politika takov sport. Nema tuka nisto cudno. Stom koj stigna stana politicar, na 20 i kusur godini se stanuva sovetnik za se i svasta, turi mu pepel na takva drzava. Uste pa i sportot sakate da funkcinira, vo uslovi koga i drzavava ne funkcionira na vistinski nacin. Cekajte izbori, pa promenete nesto, ako ne trpite.
Коста Стоименовски, 30.07.2012 02:14:04
Авторот дава реална слика на состојбите со спортот во државата. Во повеќе наврати се осврнував на овие состојби. По ЗОИ на кои Естонија во која највисокиот врв е 380 м. освои три златни медали во скијање, а колку ќе освоеше доколку ги имаше Маврово, Шара....? Критички се осврнав на срамната застапеност на РМ на Универзадијата во Белград, како и на срамното учество со 4 поканети спортисти на ЛОИ во Лондон. Спортот прерасна во најсилна карта за афирмација на секоја земја во светот. Почетокот на ЛОИ во Лондон покажува дека Кина тоа го разбра многу добро. На Македонија и е потребна итна стратегија за спортот, а не фудбалски игралишта на ливади во села во кои се затвораат школите!
milan, 30.07.2012 10:07:08
G-dine Mitevski red e nasite olimpijci koga ke se vratat od London da gi preceka premierot i zaedno na celo so premierot da pominat niz triumfalnata porta.
Narodot e kriv, a Branko go pravda, 30.07.2012 10:48:27
Te chovekot gradi sali i tereni, ama narodot bezobrazen namesto da igra, bega po nivite ili vo stranstvo po korka leb. Edino pri izborite go zaokruzva DPMNE kako blagodarnost za salite ili shto im otvoril ochi da pobegnat od tuka. Inache, sportot ja obichno najdobro oslikuva sposobnosta i mocta na edna drzava. Nashiot sport duri i dobro ja prezentira drzavata, koja vo ekonomski, voen, politichki i bilo koj drug smisol e totalno ne mocna. Vazno e da imame sjajna istorija (???) i 6 pati po red da pobeduvame, a ako dade Gospod i po sedmi pat. Ooooo! Pozdrav od Mujo.
Трпе, 30.07.2012 11:15:07
Многу добра анализа,само нема кој да ја свати.Нашиот народ одсекогаш многу ефтино се продавал.Од дрвото неможат да ја видат шумата.Затоа овој народ трпи и пати.Се радуват на покажан прст а не кога и ке им подарат лижавче.
пензионер, 30.07.2012 12:36:08
Оваа влада инвестира во спортски објекти. Инвестициите во спортот ќе донесат резултати. Има ли нешто нејасно во тоа, г-не Митевски?
Крт, 30.07.2012 13:02:39
Пред да почне олимпијадата, момчето од Велес се жалеше дека нема никави донациии и средства за подготовки (и патиките му беа искинати и демоде). Колку што знам атлетичарот ќе учествувана на 400 метри и момчето ќе се од себе. Се прашувам колку државата направи за олимпијскиот тим биде помногуброен. Едно големо НИШТО! Во тоа име предлагам кога истиот ќе се врати од Лондон на премиерот му подарат златен опинок како благодарност за се она што го направи за нив а воопшто и за државата. А, ти Феликсе би можел да дадеш предлог како товите портокалови од оваа бламажа да направат ,,НЕВИДЕН,, успех!
Ognen, 30.07.2012 13:57:30
Nema nisto slucajno vo bilo koja oblast pa i vo sportot.Steta sto nemozeme da navivame za Makedonija,no se cini uste dolgo ke tapkame vo mesto i olimpijadite za nas ke bidat nedostizni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Три златни медали за Американците
Американците на 6.ден од натпреварувањата во „Акватик центарот“ во Лондон освоија три златни медали и беше поставен еден...
САД и Кина во „војна“
Американците ги обвинуваат Кинезите за манипулација со гените, а тие им одговараат дека се љубоморни...
Преглед на освојувачи на медали - 6.ден
По шестиот натпреварувачки ден 49 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |