02.08.2012, 17:20 Паника кај потрошувачите поради струјата и парното
Нема евтина струја преку недела од 13 до 16 часот, но останува евтината тарифа во ноќните часови по 22 часот и во недела
Соња Маџовска
Пред најголемиот празник Илинден, Регулаторната комисија за енергетика им приреди голем шок на граѓаните. Уште не стивна шокот од зголемувањето на цената на струјата за 10 отсто и парното греење за над 3 проценти, кое важи од 1 август, дојде нов.
Регулаторите донесоа нов тарифен систем за електричната енергија и нов Правилник за корисниците на парното греење.
Без никакво објаснување пред јавноста, Регулаторната комисија за енергетика ги донела овие нови одредби кои создадоа општа паника меѓу населението. Не стивнуваат реакциите, граѓаните само за тоа разговараат, а тие се главна тема и во сите дебати на социјалните мрежи. Веднаш реагираа пензионерите, мајките со мали деца, кои токму во овој период готвеа, ги пуштаа машините за перење, бојлерите, со цел да заштедат и да добијат пониска сметка за електрична енергија.
Со промената во тарифниот систем Регулаторна комисија одлучила дневниот интервал од 13 до 16 часот во кој досега потрошената електрична енергија се плаќаше по ниска тарифа, од 1 август годинава да се фактурира по висока тарифа. ЕВН сега има обврска да го смени софтверот на броилата, тоа ќе трае неколку месеци, а како ќе се менува софтверот, така ќе почне да важи новата поскапа тарифа.
Во моментов, се' уште има евтина струја од 13 до 16 часот, но веќе од понеделник кога екипите на ЕВН ќе излезат на терен тоа може да биде променето, зависно од кој реон ќе се почне со менувањето на софтверите на броилата. Но, за тоа би требало да бидат известени граѓаните.
Инаку, и натаму од 22 часот до 7 наутро ќе се пресметува струјата по евтина тарифа, и во недела, односно почнувајќи од 22 часот во сабота до 7 наутро ��о понеделник. Преку недела евтина струја ќе има само во ноќните часови.
Се шпекулира дека на ваква одлука од регулаторите не се надевале ниту од ЕВН, и дека дури и компанијата била затечена од оваа одлука, иако тоа го барале со години наназад.
Објаснувањето за промената на тарифниот модел е дека нема техничка ниту економска логика во периодот кога оптоварувањето на електроенергетскиот систем во Македонија е најголемо, дополнително да се стимулира потрошувачка, со евтина струја, која дополнително ќе го оптоварува системот и ќе предизвикува зголемени трошоци за увоз на електрична енергија во зимските месеци. Ниската дневна тарифа во периодот од 13 до 16 часот била наследена од тарифните системи кои датираат од 1980-тите години во поранешна СФРЈ, кога имало и технички и економски причини за таков чекор. Во државите од регионот веќе нема ниска тарифа во овој период од поодамна.
Но, без разлика на сето ова, Регулаторната комисија беше должна да излезе во јавноста и отворено да ги соопшти и објасни новите правила и за користење на електричната енергија и за парното греење.
Граѓаните се во шок
„Шок е ова што се случува со струјата и парното. Како ние граѓаните во последно време да сме ставени на некаков тест на издржување. Како јас сега, како мајка на две деца, ќе ја користам евтината струја? Ќе треба да правам ручек, да чистам, да перам и се' друго после 22 часот? Навистина е тоа голем проблем за сите, но особено за семејствата кои имаат деца. Во голема финансиска криза во каква што се наоѓаме во последниве години, уште поскапувања не ни се потребни. И онака сметките се високи и не ги издржува нашиот скромен буџет. Не знам како ќе живееме.“ (Р.Д.)
Не давам пари за нешто што не користам
„Само што сакавме да го исклучиме парното греење. Се договаравме и со соседите тоа да го направиме сите, за да не мора тие да плаќаат дел од нашата сметка. Сметките ни се високи и не можеме да издржиме да ги плаќаме со нашите мали плати. Но, сега, најновата информација која стигна, дека и да го исклучиме парното ќе мораме повторно да го плаќаме, ја доживуваме повеќе како траги-комична. Како може некој мене да ми кажува што да правам и како да ги распределам моите средства? Како може ’Топлификација‘ да ме присилува да давам пари за нешто што не користам, односно да ме уценува?.“ (М.Л.)
Не можат да ме присилат повторно да се приклучам
„Јас сум исклучен пред две години. Не плаќам парно греење, се грејам на струја. Плаќам толку колку што сакам да ми биде топло. Сега дали ќе бидам принуден да се приклучам пак на парно? Како ќе ме натераат? Ќе ме тужат? Во ред, одиме на суд, да видиме кој ќе добие. Мислам дека надвор од здрав памет е да ме принудат да користам услуги за нешто не сакам. Дали тогаш и другите компании ќе ме принудат да користам нивни услуги? Се зборува дека за исклучување од парно ми треба дозвола од другите станари во зградата? За што дозвола? Јас веќе сум исклучен... Треба да им барам дозвола за нешто што веќе сум го направил?“. (Г.М.)
|
Статијата е прочитана 3661 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Baze, 03.08.2012 00:11:18 | Vlada na RM - ostvaruva : poskapuvanje na struja, parno, nafta, hrana. Se nema pari dragi moi, mora vaka, ako ne vi odgovara iselete se, kako sto napravi pola milion makedonci. Do koga ke bideme ovci ? |
| Milan Cvetkovski, 03.08.2012 07:09:50 | Дали Г-дин Председател на регулаторната комисија е над Уставот на РМ. Ваквата одлука за плакање на исклучено парно веке еднаш падна на Уставен суд. Тој пак ја повторува. Зошто не одговара кривично за газење на уставната одлука? Што ке стане ако сите почнеме и не го почитуваме Уставот на РМ . А како човек би го прашал каде му е чесноста. Дали мирно спие, оти многумина заради ваквата негова одлука не спијат, зошто не знаат како ке ги платат сите дополнителни трошоци што тој - човекот(?) што е над Уставот суд им ги накалеми.
Јас не би.. |
| Jovan, 03.08.2012 07:33:56 | А и 33,33 % е од времето на СФРЈ зошто ни ја наплаќате таа сметка, ама таа ви носи огромни пари за нешто кое не е потрошено, а ефтината струја од 13-16 часот ви носи загуби. Само во Македонија се прават овакви работи, да го усмртат народот за да зивеат ајдуците со цело на Груевски. |
| Istocna Makedonijas, 03.08.2012 08:46:50 | Nemaat kraj ekonomskite torturi nad osiromasenite
gragani na Makedonija. |
| Branko, 03.08.2012 09:40:29 | Konechno negde da prochitam deka ja nema povece dnevnata eftina struja. A da beshe Branko napravil nekoj gaf, po celi denovi ke ne informiraa. Ke vrtea i kajroni i moroni, i vonredni vesti. A za ova se kuti i krade. Sramota! A da, g-dja Dulic toa ne ja zasega, nitu sramoti. Za drugite, vrvni patrioti, i da ne zborime. |
| Жана, 03.08.2012 11:20:49 | Срамота за овиј чин, дали народот требе да јаде или само да плаќа комуналии, без кои не може да се живее.Со кои плати и пензии ќе се плаќа, дали тоа го размислуваат. А ЕВН се богати од грбот на народот со тие дополнителни трошоци во сметката за струја.Дали ги има и овие трошоци и во др земји, кога веќе прават споредба со нив, па нека ги споредат и нивните плати. |
| Од редовен читател, 03.08.2012 11:49:54 | Сега на ред е укинувањето на ангажираната моќност како остаток од извиканиот социјализам, нели патриотчиња? Инаку за ЕВН што се тие минорни 33,33%, за кои ние потрошувачите немаме поим зошто ги плаќаме. |
| Lazar, 03.08.2012 11:51:08 | Abre , dali ima nekoj normalen clen vo ovaa regulatorna komisija, dali imaat razgovori co gragjanite ili camo kako ce mu naredi Grujo i taka rabotat. SRAMOTA .... |
| seirdzija, 03.08.2012 12:20:24 | Koj laze,toj i krade!!!Koj mnogu laze,toj mnogu i krade!!!Sedum godini se preroduvame,a prerodbata uste trae....ako ako neka trae,zasluzuvame podobro???NE,NE I NE!!!Dodeka go iscekuvame podobriot zivot veten od vlasta ke go izgubime i toa malku dostoinstveniot zivot sto go imavme sose drzavata!!! |
| zoran, 03.08.2012 12:40:55 | malku e za ovoj nikakov narod se izvinuvam
|
| LIC, 03.08.2012 12:43:02 | Udarnata vest od 01.08.2012 god-poskapuvanje na struja,parno i ukinuvanje na dnevna evtina tarifa vo informativnite programi na mediumite
ne ja slushnavme?? Sigurno toa na narodot ne mu e bitno, Latas znae sto e vazno- Grujo da ostane na vlast pa za strujata i parnoto na nego ce mu bide lesno. A na nas? Go boli...uvoto.
G-dine perac na mozoci(ama tie suplivite) da ni objasnis malku podlaboko koi i civi trosoci gi pokrivame,a toa ddv-to za spomenici li ce se trosi???? Aj snimite edna reklama od vasite -
kako vo zima sedam pokraj Ace Veliki a dusata mi e topla ,(nozete i racete ne se bitni),se guskame site zbratimeni vo studot i toplo ni e vo srcata. A na vas ni sram ne vi e.
|
| tihi, 03.08.2012 15:22:14 | Se dodeka problemot go gledate politichki a ne ekonomski kje bide vaka kako shto e.Nekoj tuka si dozvoluva da go komentira Latas ,pritoa negledajkji Sitel voopshto.I pritoa ja nosi vodata tokmu na vodenicata od koja saka da pie poevtino. |
| Од мене, 03.08.2012 18:08:40 | А каде во Европа има индустриска струја поскапа од таа за домакинства.Нема никаде а бидејки нема ни индустрија нема ни кој да ја плаќа разликата. На здравје. |
| Економичен, 03.08.2012 19:32:10 | Сите држави во светот се стремат да ги намалат трошоците за живот на граѓаните, а најмногу на најсиромашните граѓани кои најмногу штедат, а само кај нас е обратно. Еве да кажеме дека сите овие поскапувања се реални и мора да се спроведат, ама да се укине евтината денска тарифа, тоа е удар на најсиромашните граѓани. Сите овие нивитети не треба да ги дознаваме само од медиуми, треба во наредната сметка да бидеме известени и детално запознаени за тоа, па дури потоа истите новитети и поскапувања да бидат спроведени. Мој предлог за да се зачува социјалниот мир во државата, треба барем нојќната евтина тарифа наместо од 22ч. да почнува од 20ч. |
| Makedonec, 03.08.2012 20:03:14 | LATAS sekoja vecer e so nova koshula i toa Lacoste shto cini ne pomalku od 150eu
epa luge moi Latas kolku dava za koshuli godishno 80 procenti od Makedonskiot narod ne zema godishna plata epa ke mu bidi polna ustata so MED i mleko za vlasta |
| revoltiran, 03.08.2012 20:55:47 | 33.33 % ajduciiiiiii |
| которец, 03.08.2012 23:05:29 | Македонецот све ке поднесе кубурата ке ја цува за недај бозе. |
| Pregorena svetilka, 04.08.2012 00:14:00 | regulatorna za ukinuvanje na evtina tarifa nema zakonska nadelznost vo EU toa se pravi na referendum pa zatoa mozebi kaj nas ke se vrati evtina tarifa preku elektro sok revolucija |
| yovan, 04.08.2012 00:49:44 | Ni Ljubco ni Branko ne mozat da ja smenat ovaa vlast.Regulatorite ke im ja zavrsat rabotata! |
| Ајван Доктор®, 04.08.2012 10:45:26 | Поминете поред „гордите“споменици и „барокните“згради!Сите се осветлени со по неколку десетици сијалици!Тоа секако не се штедливи сијалици,туку сијалици чија јачина далеку ја надминува онаа за домашна употреба (75-100 вати)!Поминете крај „фонтаната на победата“и крај водоскоците во Вардар!Колку галони вода се трошат?Водоскоците,сигурен сум,не ја користат водата од реката,туку се приклучени на водоводната мрежа!Ќе поскапи ли и водата?Ако знаеме дека владата е најголемиот должник во државава и притоа и најпривилегиран (со можност за исплата на своите долгови да доцни и по неколку години)се поставува прашањето дали граѓаните се тие кои (ќе) им ја плаќаат сметката!?Тие долгови се огромни и мора на некој начин да се подмират,а најлесно е преку грбот на граѓаните!Не нè вратија во славната антика,туку во праистотијата!Гордо Македонијо!Малку ти е народе!Треба да ви стават и превозот и криминалот да им го плаќате! |
| dani, 04.08.2012 12:42:43 | ma interesira do kade ke odi ovoj pravec na poskapuvanja vo nasava makedonija? ako rastat smetkite neka rastat i platite. i hrana i gorivo i struja se odi nagore, samo iseluvanje od nasava drzava ke ne spasi.kako pod diktatura da sme. |
| Lidija, 04.08.2012 13:56:51 | Sramota,sramota,sramota!I eftinata struja od 13-16 casot na ovoj siromasen narod mu ja zemate.Se sporeduvate so drugite zemji od regionot,kaj niv e ista cenata na strujata a standardot e barem duplo pogolem.Ne vi odi na dobro rabotata. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Врем��
|
Скопје, -4°C
Магла
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C
|
Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|