Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
02.08.2012, 17:23

Да се повлече новиот Правилник. Како да се исклучите од „Топлификација“

„Топлификација“ ќе мора да им понуди нови договори на исклучените. Доколку не сакаат да ги потпишат, ќе плаќаат по 10 денари за квадрат фиксно секој месец

Соња Маџовска



Регулаторната комисија за енергетика веднаш да го повлече новиот Правилник за парното греење, бараат потрошувачите и политичките партии, во спротивно тој ќе биде обжален пред Уставен суд.

Со новиот Правилник граѓаните фактички ќе мора да да плаќаат за услуги кои воопшто нема да ги добиваат од „Толификација“, односно и корисниците кои се исклучиле ќе плаќаат дел од предвидената цена за парно греење. Ќе се плаќа по 10 денари по квадратен метар, што значи и оние со најмали станови, на пример, од 50 квадратни метри, ќе треба да издвојат до 500 денари месечно. Според правилникот, оваа обврска нема да важи за оние граѓани кои живеат во згради што се целосно исклучени од системот за греење. Оние што тоа сакаат допрва да го направат ќе можат тоа да го сторат само во периодот надвор од грејната сезона, односно од 30 мај до 30 август.

На граѓаните кои незадоволни, пак, од цените на парно греењето се исклучиле од системот, сега дистрибутерот ќе им понуди нови договори за приклучување. Доколку не сакаат да ги потпишат, ќе ја плаќаат фиксната цена од 10 денари за квадрат секој месец.

„Кога ги носевме подзаконските акти, имавме одредби дека ако некој од потрошувачите во станбените објекти сака да остане исклучен од мрежата и да не користи топлинска енергија, ќе има обврска да го плаќа фиксниот дел од надоместокот. Дозвола за тоа, односно согласност, според новиот Правилник, треба да добие од сите станари и од управителот“, изјави деновиве Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Со ова на некој начин се решава клучниот проблем што ја мачеше компанијата, да престане исклучувањето од системот.

На прашањето како ќе ги присилат исклучените корисници на системот повторно да се вклучат, Петров вели дека снабдувачот ќе треба да ги најде сопствениците на исклучените станови преку управителот на зградата.

„Не станува збор дека некого ќе присилиме, тоа е Правилник што се однесува за сите потрошувачи, и на оние што се исклучени. Обврската за приклучување ќе биде на операторот на дистрибутивната мрежа. Ако потрошувачите се организираат и не сакаат да користат топлинска енергија во целиот објект-зграда, останува можноста да останат исклучени“, изјави Петров.

Она што е ново во Правилникот, а е обврска за дистрибутерот е тоа што тој ќе мора да вгради распределители со кои на некој начин ќе се регулира потрошувачката на топлинска енергија, но, од друга страна, инсталацијата на распределителите и на вентилите ќе значи зголемување на цената на парно греење. Според првичните пресметки, ако се земе просек од 250 евра за стан, цената на парното ќе се зголемува во просек по 5 отсто годишно во наредните пет години, по оваа основа.

Како да се исклучите од „Топлификација“

Со денот на влегувањето во сила на Правилникот, сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 1 октомври 2012 година.

Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 1 октомври 2012 година, должни ��е да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно со тарифниот систем за топлинска енергија. Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 1 септември 2012 година. Трошокот за приклучување на потрошувачите е на сметка на дистрибутерот. Стои во новиот Правилник за парно греење

 


Статијата е прочитана 2741 пати.

Испрати коментар



Паника кај потрошувачите поради струјата и парното
Градот херојски се одбрани од огнот
Сообраќајка кај „Алумина“
Нема лекари за трансплантација
Велес сардисан од улични кучиња



Игор, 03.08.2012 01:19:48
Среќа што овој состав на Регулаторна не беше во времето кога се носеше одлуката за поставување на нови броила на ЕВН, зашто и тие ЌЕ МОРАВМЕ ДА ГИ ПЛАЌАМЕ!
mkd, 03.08.2012 08:20:29
So odlukata da se plaka 10% ako si isklucen se Slagam bidejki realno se zema toplina preku vertikalnite cevki i od kaj komsiite.Razbiram deka sistemot e vo opasnost i toa elektricniot bidejki e preoptovaren. No odlukata da se potpisat 80% od stanarite za ako sakam sega da se isklucam se IDIOTSKI.Da se napravi solucija da se stavi javno izvestuvanje deka ke se isklucis se slagam no sto ima jas da gi brkam komsiite koi ne gi ni poznavam toa e vo najmala raka smesno. Edinstven spas za se e gasifikacija so koja ke se resat mnogu energetski problemi.Ne mi e jasno sto se ceka uste???
bale, 03.08.2012 08:31:38
za dogovor treba dve strani,tuka gledame samo edna edna strana koja go izgotviladogovoro(toplifikacija) o drugata strana(potrosuvaci} treba samo da potpisat i svrsena rabota.isklucenite potrosuvaci se isklucile sistemot poradi nemanje pari,slabo greenje,odenje na rabota vo drugo mesto itn.toplifikacija treba da gi resava problemite kaj niv,ane pod prisila da baraat pari za uslugi za koj nekoj gragani ne mozat da gi platat.
Filip, 03.08.2012 09:30:10
Gragjanite na Makedonija samo po potreba se Evropejci,t.e.samo koga treba nesto da se plakja po evropski standardi...Jas ne veruvam deka postoi nekoj vo Makedonija,koj dokolku dobiva 1000 eur plata,bi pravel problem za smetka za parno,struja...Na krajot na kraistata,neka se formira regulatorna komisija za dostoinstven standard na gragjanite,koja ke im nalozuva na instituciite i privatnot sektor da gi koregiraat platite soglasno prijavenite trosoci za zivot na gragjanite...
Predavnik i potpaluvach, 03.08.2012 09:49:50
Ma iskluchete se site i nikoj nishto da ne placa. Ili vo prevod *pishajte* im se na pravilnikot. Ova ne se odnesuva na imocnite patrioti, kako g-dja Dulic na primer. Burzuazijata neka si placa i neka si se gree. Nie muabetime za siromasite, a toa se 3/4 od naselenieto.
makedonski graganin, 03.08.2012 11:32:48
jas nemam vertikalni cefki vo stanot. isklucen sum veke dve godini od toplifikacija. Zatopluvajki go mojot stan , gi gream i sosedite, i zaedno zelata zgrada i na toj nacin se odrzuva sistemot(nema opasnost od pukanje cefli i sl.) Koj mene ke mi nadoknadi za toa?!? Ili , moeto razmisluvanje e suludo, a nivnoto sosema vored?
Objektiven, 03.08.2012 11:48:51
Do mkd, ako se gubi energija koga cevkite pominuvaat niz stan na NEKORISNIK na parno, togas neka se Toplifikacija gi IZOLIRAAT cevkite. I taka NEMA da se gubi energija.A toa dali ke se isklucam ili nema e MOJA odluka koja zavisi od:cenata na uslugite, od KVALITETOT na uslugite. A toa deka e MORONSKA i IDIOTSKA odlukata da 80% od stanarite treba da se soglasat za dali nekoj ke se iskluci napolno se soglasuvam. Znaci vakov MORONSKI i IDIOTSKI pravilnik mozat da donesat samo........
Klaber :P, 03.08.2012 13:30:51
Znaci privatnosta ne e bitna koga vladata saka ,neli treba privatna kompanija kakva sto e toplifikacija da raboti pazarno. Cevkite pominuvat niz privaten stan zafakat prostor koj treba toa da go plati. Predlagam na stanarite kade pominuvat cevki za parno da gi isecat i zavarat na vlez i izlez,a ako saka toplifikacija da pravi biznis neka si plati za pominuvanje na cevkite, da ne se zanemarii zaboravi deke na zidovite iplafonite ima ostetuvanja.
Ната, 03.08.2012 17:14:33
Ова е уцена од страна на регулаторна а уцената е кривично дело а мислам дека постои и закон за антимонопол!!! Каде се правниците или ќе дозволиме анархија.
Оф леле, 04.08.2012 06:17:37
До кога? До кога само коментари и ништо на дело? Една група размазени мамини синови, со пари што тато ги украде при воспоставувањето на ова ново општество (демократско), ги игра сите граѓани како сака... Им го пере мозокот како со најдобра машина за перење алишта... Барате праведно да ве суди тој што ви го прави ова? Смешно/трагично... Од турско имавме поговорка - кадија те куди, кадија те суди. Уште ли сме во турско? Бетер! Учевме дека земале данок турците, арач... цели 10 проценти! Еј, народе, сега земаат... колку не знам... 50%, 60%...? Анархија? Па веќе е тука, нема закон што не се смени и се се направи да биде во нивна корист. А граѓаните, ако сакаат некоја услуга треба да платат, а ако не сакаат - пак треба да платат. Едноставно нели? Бизнис. И сега што? Па едноставно е бре македонче - исклучете се сите. Не е некоја голема наука! ПРОСТО!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |