01.11.2012, 13:32 Храбар старец избрка разбојници
Гостивар - Во куќата на 82 -годишниот Н.Е. во гостиварското село Србиново, денеска утрово се случувала разбојничка драма. Старецот иако претходно бил нокаутиран од тројца маскирани разбојници, во еден момент се освестил и им се спротивставил на разбојниците со секира.
Тројца маскирани разбојници утринава околу 6.30 влегле во шталата на гостиварецот, каде што тој ги хранел говедата. Го нападнале од зад грб, по што тој од ударот паднал во бесознание. Маскираните натрапници потоа влегле во куќата и ја нападнале сопругата на старецот. Почнале да претураат низ куќата барајќи вредни предмети и пари. Притоа успеале да украдат 1.500 евра и неколку парчиња златен накит. Во меѓувреме, старецот се осветил и ги пречекал крадците во моментот кога сакале да ја напуштат куќата. Замавнал со секира кон нив и притоа повредил еден од разбојниците.
Потоа случајот го пријавал во полиција која извршила увид и трага по разбојниците, кои побегнале. (К.К.)
|