01.11.2012, 14:44 Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Педесет и осум организации испратија реакција до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со дел од предвидените решенија за проблемите во секторот „медиуми и граѓанско општество“. Според нив, во државните програми со акционен план, наместо зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата, се утврдува потреба од менување на правната рамка за граѓанскиот сектор, со што би се наметнале нови обврски, кои се спротивни на основната цел - да бидат контролор на работата на јавниот сектор. За овие организации е нејасно врз која анализа ДКСК утврдила потреба да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од членовите на извршените органи на граѓанските организации.
„Не сакаме да веруваме дека ДКСК има намера да предложи измени на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судир на интереси, со воведување обврски за граѓанскиот сектор што единствено ќе значи контрола од јавниот сектор врз граѓанскиот“, реагираат 58 организации. (П.Р.)
|